Не доцнам никогаш, а ако знам дека ќе задоцнам поради некоја причина ќе информирам за тоа претходно. А многу се нервирам кога доцнат други, на пример повеќето од другарките секогаш мора да задоцнат кога одиме некаде по минимум 10-15 минути, а често по повеќе. Според мене доцнењето без посебна причина е неодговорност и непочит кон оној кој те чека.
ДА!!! Често доцнам Ми се случува еден час порано да сум спремна и баш пред да излезам да ми се случи нешто и пак да задоцнам некои веќе отрпнаа а како што гледам ќе мора и останатите да отрпнат хахах
Порано многу доцнев. Секаде кај што одев доцнев дури и по половина час. Ама од нова година навака ниту еднаш немам закаснато негде. Со исклучок на каснење во школо поради каснење на автобусот.
Каснење ми е второ име Озбилно секад каснам по 5,10,15 мин ретко пола саат. Дури и на време да се спремам пак каснам. А чудна работа, у ретките случаи коа подранувам па ме нервираат за тие 2 ипол минути кога другиот касни хахахха
каснам ама зависи со кој како, познавам личности што ако доцнам малку, цела вечер нема муабет да ми направат
Бидејќи сум паничарка по природа, секогаш гледам да пристигнам на закажано место порано од предвиденото. Во спротивно и пет минути да доцнам ќе почнам да се препотувам од грижи.
Никогаш не доцнам.Дури и тогаш кога мислам дека немам време ниту да се спремам ниту да отидам точно навреме,набрзанка ке биде се како што треба и пак предвреме ке стасам.
Сеа се потсетив на една случка кога ја видов темава. Секогаш ама секогаш каснам. Значи станувам на време, си оставам доволно време за да се спремам ама проблемот е што си викам ајде имам време и на крај се спремам во рок од 10 мин и трчам до автобуска. Барем десетина пати во месецот мора да ми се случи да ми избега автобусот. Лоша навика ама не знам како да си ја сменам. Иста сум и кога се работи за вечерни излегувања. Секогаш ама секогаш доцнам. Со дечко ми имав навика да се договорам кое време ама пред да треба да појде да ми се јави да ми каже дека ќе поаѓа, ако сум спремна ок, ако не да не поаѓа за да не мора да ме чека после. Иако сепак секогаш случуваше да му кажам појди спремна сум и да дојде и да ме чека најмалку 10 минути. Лани летото некаде,требаше да се видам на кафе со еден, и се договоривме кое време. И сега со истата навика како со стариов дечко очекувам дека ќе ми се јави кога ќе појде. Дечково ми се јави кога веќе стигнал, и ми вика ајде кај си нели се договоривме тебе те нема. А јас само што излегов од купатило и требаше да почнам да се спремам. И кога му кажав еве коса да исушам греота ми вика ај ке те почекам. Што ќе ме чека, цели 40 минути. Искрено кога видов колку поминало не очекував дека ќе го најдам како ме чека. И излеговме што излеговме, ама следните излегувања цело време ми викаше, добро ама биди спремна немој пак да те чекам, како оној пат. Пак ме чекаше не деке не, али по 10 минути. Ама затоа па многу мразам кога други мене ми каснат. Е тогаш како се нервирам.
Секогаш доцнам..по 5-10 минути..ама па не сум виновна што...сум заборавила пари или да ставам парфем,или пак да ја средам уште маааалку шминката или пак телефонот.. Бидејќи доцнам,не осудувам некој да доцни