Работава - сите сакаат да доцнат, а мразат да чекаат други. Па сигурно и тие кои на некој начин се принудени да ве чекаат не обожаваат да дремат минути и минути, ама тоа е - double standards насекаде, па и тука. Општо кажано, мразам доцнење. Се трудам секогаш да бидам на време и ми успева. Во ретки случаи кога гледам дека голема е веројатноста да задоцнам, известувам минимум четириесетина минути пред договореното затоа што многу непријатно ми е кога некој ме чека. Секој си го цени своето слободно време, поготово пак во моменти кога решава да посвети некому неколку часа од истото и мене ми е многу неодговорно да оставам луѓе да чекаат макар на кратко. Луѓе кои доцнат поради банални причини ме вадат од такт; другарки што не знаеле што да облечат, па наместо да пишат една порака за да се разбереме како луѓе, одлучуваат да доцнат затоа што нели, што се 15, па и 20 минути чекање. Абе, милина! Не значи дека ако ми годи нечие друштво, треба да толерирам лигавештини. Или пак дечко ми, се заборавил по дома од Х причини, па иако живее на буквално пет минути од договореното место за чекање, пак доцни 10-15 минути. Ми дојде преку глава еднаш, си отидов и не се потрудив да се јавам за да го известам. Мислам дека тогаш конечно му стана кристално јасен муабетот од погоре, од кој претходно устата пена ми фати од повторување едно те исто и доволно му дадов до знаење за да не му се повтори тоа никогаш. Доцнењето е многу лоша навика, го сметам за една од најлошите човечки особини и најчесто многу зборува за нечиј карактер.
Јас па скоро никогаш не успевам да стигнам во точно време. Или каснам или стигам 15 мин пред договореното
Порано стандард си каснев едно 10тина минути.Ама кога другарка ми задоцни еднаш сфатив дека не е убаво да чекаш. Па сега гледам на време да сум.
Мразам да чекам подеднакво колку што мразам да ме чекаат.Поготово на работа ако задоцнам макар и 5 минути ми е непријатно и се извинувам едно 2-3 пати.Како јас со душа што чекам да си отидам дома на пример така и тој што е пред мене на работа.Или на улица или кафуле мн е непријатно сама да дремиш како утка пола саат,а притоа да не те известат(ми се има случено безброј пати) и затоа не доцнам никогаш скоро освен некои ситни минути и тоа оправдано што ради превоз и сл
Sekogas sum na vreme tocna, retko koga docnam ili ako zadocnam toa e pet minuti, najmnogu mrazam koga docnat i toa ne deka nemale prevoz tuku si dremat so saati pred ogledalo...
Во принцип не сум пишманаџија, ниту пак човек кој не разбира од збор и договор. Секогаш гледам да се спремам на време и евентуално така да сработам по нешто и чекаајки, но никогаш не ги оставам работите во 5 до 12 за да некој дреми да ме чека. Таков карактер сум што секогаш сакам да ми е скоцкано и подредено низ животот во било какво време и на било кое место со било што. Крај краева ниту сме должни да го губиме времето чекаајки некого ниту пак тој ни е должен нам.
Јас никогаш не успевам да се спремам на време и затоа секогаш доцнам. Без разлика каде одам никогаш ама баш никогаш не успевам да се средам на време, сите ми замеруваат ама тоа некако несвесно ми се случува.
Или сум премногу рано или доцнам никогаш на време... Всушност и не сум баш добра во организирање на сопственото време. Сепак и убаво е да знаеш дека некој те чека.. Шала, шала. Инаку обично оние кои ме „чекаат“ се трпеливи, а и јас.
НИКОГАШ не доцнам. Секогаш сум 5 мин пред договореното. Го ценам нечие време и сакам да го ценат моето. Доцнењето според мене е крајно непочитување.
Јас сум секогаш таа што чека Знам дека навременоста е доблест, ама у пм кога стоиш ко дрво 15-20 мин и ги чекаш другаркиве за на кафе.
Никогаш не доцнам. Уф, се сетив, излажав Имам задоцнето неколку пати на работа, ама добар работник бев па ми се опрашташе И сега, со деца и обврски околу нив, додека ги средам, пак стигнувам секогаш на време
Во принцип, никогаш не доцнам. Доколку ме спречи нешто да се подготвам на време, задолжително известувам дека ќе задоцнам. Но тоа се случува многу ретко. И мразам кога некој доцни, па да се тоа и само 5 минути, па уште и да не ме извести за тоа. Како што јас го ценам нивното време и сум точна, така сакам да го ценат и моето. Не сакам ниту да чекам ниту да ме чекаат.
Еве сега чекам братучедка да дојде на кафе и откако се слушнавме и договоривме да дојде ја чекам веќе 1 час, а живее на 5мин од мене. Значи најмногу што мразам е доцнење, јас ретко доцнам да не кажам речиси никогаш, а доколку ми се случи да закаснам веднаш звонам за да го информирам тој што треба да ме почека. Многу лоша навика е каснењето која што за жал многу луѓе ја поседуваат без притоа да ја сметаат за лоша и да се обидат да ја искоренат од самите себе.
Ако јас доцнам, една минута по закажаното време ми ѕвонат да видат каде сум, а ако тие доцнат, чекам 10 минути без јавување.