Никогаш не доцнам ниту ми се случило да задоцнам, имам принцип и дисциплина, секогаш сум порано минимум 10-15 минути.
2013 и 2015. Годинава прв пат работев на анксиозноста околу каснење и стрес да се приклучам на веќе воспоставена група покасно. И почнав да каснам оти некако многу се опуштив. Смешното е, пак прва стигам и чекам. Животе кучко. Дали е каснење оти е покасно од договореното ако пак сум пред сите и чекам?
Дали е убаво или не, не знам ама јас секогаш и секаде подранувам. Речиси половина живот ми помнина во превоз, факултетските години а и сега работно така што ми се створи таа навика и дисциплина секогаш и секаде да пристигнувам макар десетина минути порано, највероватно под влијание и на анксиозноста што ми се јавува при спремањето со мислата дека ќе задоцнам на автобус. А поради тоа што секогаш сум точна на закажаното, се нервирам кога некого чекам предолго и со самото тоа го почитувам туѓото време и се нервирам и јас самата ако се случи некогаш некому да доцнам. Soooo... бидете точни луѓе
Сакам да кажам дека страшно ме нервираат луѓе што каснат без никаква причина. Последно се договорив со еден (да напоменам ова втор дејт, на првиот каснеше пола час, без никаква причина) го чекав цел час и на крај си отидов. Само што стигнав дома го блокнав... Премногу се нервирам од луѓе што каснат, па и да е обично излегување со друштво
Женско да касни океј ама машко Шала на страна, кога ми каснат една шанса давам (се случува велам) а после си викам кога касни пак "зар сум помалку вреден што мисли дека треба да касни а ја да чекам?"
Знаеш, ќе речеш комон сенс е ама не е, се повеќе луѓе сретнувам што не се замараат. Ја сум до секундатата точна, ама другарка( најдобра 10000 гофини дружење) не може а да не закасни, па затоа дменив тактика ако 18:30 треба кажувам 18:15 , и доаѓа на време “демек”.
Ве молам не си го сфаќајте лично тоа што другата личност касни, ниту дека не ѝ е гајле. Поздрав, хроничен каснач.
Зошто воопшто си го чекала? По 10 минути си требала да заминеш оттаму. Ептен попустливо е со таков да прифаќаш и втор дејт. Инаку, има и нов тренд да ја поканиш на дејт и да откажиш во последна минута. Сум слушнала и случаи кајшто и не се појавувале воопшто. Не се свесни што им прави ова ретардирано однесување, зомбиња.
искр не знам дали постои нешто полично буквално немање респект према личноста која чека, (освен ептен оправдана причина ако има се подразбира)
Саат време да ми касни Освен ако не е здравствено или смак света, но ме интереса Туѓото време треба да се цени
Јас сум неспособна кога е во прашање време. Или каснам многу. Или сум многу пред време. Зато и преферирам договарање со: "еве сега тргам, бус имам за 6 минути, таму би била за 23 минути". Или: "океј спремна сум, кажи ми ко ќе си на третина пат за да тргнам оти сум поблиску". И во последно ова функционира за мене за да не паничам дека ќе закаснам и да одам 40 минути порано, ни пак да има ризик дека скроз ќе се олабам и евентуално на трчање ќе сум и ќе закаснам. Вистина не е лично, и не е сеедно кога каснам чувството. Ама, трошам туѓо време. И то не е фер. Нема да тепам филм за како време е скапоцено, едноставно не е фер да трошам 30-40-60 минути на некој било то да ме чекат last minute туш да мавам и облечени цакум пакум дома да ме чекат ко кукли, или па да ме чекат надвор. Едноставно не е фер и мора максимално да пробваме да не трошиме туѓо време. Не е наше за трошење.
Освен ако има некоја јака причина, нема друго оправдување, особено ако некој редовно касни. Дури и да има оправдана причина, се јавуваш и кажуваш дека нема да успееш, толку. Не знам јас како има луѓе кои си каснат без грижа на совест секогаш и трошат туѓо време, па ако им укажиш на тоа уште се лутат. Пет минути да се кај биле кај не биле, ама сум чекала и по повеќе од саат, два. Некои од старото друштво редовно каснеа оти ги мрзеше да станат и да се спремаат едноставно. Многу ми е грдо ако треба некој да ме чека, затоа апсолутно не сакам да трошам туѓо време ни некој моето да го троши.
Човек или нешто ми излага или не проценувам добро колку време ќе ми треба, како да ти објаснам дека апсолутно нема врска со другиот што чека . Секако секогаш кажувам и не е повеќе од пола саат.
Кога првпат ми рекоа дека и за сопствениот погреб ќе задоцнам, знаев дека е озбилна работата. Шега на страна, ако е социјално нешто, или ќе поранам или задоцнам, ако е нешто да сум приморан легално да бидам на време, тогаш сум. Секако ги известувам, многу ми е шубе да ме чека некој а да нема идеја дека ќе доцнам.