Не памтам кога последен пат некаде имам отидено на време.. И 5 часа порано да тргнам од тоа што треба пак ќе задоцнам.
Никогаш не доцнам, од кога знам за себе еднаш или два пати ако сум задоцнил, дури 15-20 минути сум и порано пред.
Со луѓе кои ми доцнат - доцнам, а оние кои знам дека се ептен точни (што понекогаш ме нервира), имам притисок дека треба да почнам да се спремам на време, греота ми е да ме чекаат.
Навреме сум, или 5 минути порано/подоцна. Сметам дека каснење од 5-10 минути обично е нормално, но за повеќе фер е да се кажи. Луѓе кои секогаш доцнат по многу време едноставно немаат осет за другите. А од друга страна, ако некој постојано е пред време исто ми прави притисок дека ме чека и морам да брзам.
Скоро секогаш доцнам по малку, ама понекогаш(истрауматизирана од сама себе) знам да стигнам и премногу рано.
Постојано доцнев порано, немав идеја кого би требала да почнам да се спремам, кога да излезам за да се качам во автобус и слично..и тоа не доцнев 5 мин, доцнев 15-20 минути. Среќа и моите пријатели секогаш доцнеа па ако решивме да се најдеме во 8, тоа значеше 8 и пол сега веќе ја искоренив таа навика, едноставно одлучувам што ќе носам порано, почнувам да се спремам порано