1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секогаш доцните или...?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од 2468, 18 мај 2010.

  1. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    порано мн.доцнев може и по пола саат сега незнам сто ми стана одговорна сум си :D :D дури и порано едно 10 мин а тука Човек и да доцни бре има засто мрза ќе те фати да излезес надвор од ладно и страв да не смрзнес
     
  2. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Ми се случува да задоцнам нешто во последно време :D , инаку мразам доцнење и сакам кога сум договорена во толку и во толку да се најдам. Ме нервира многу доцнењето и кај другите, :@ особено ако знам дека нема оправдани причини за тоа
     
  3. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    362
    Дааа,секогаш,значи многу се нервирам ради тоа. Не за џабе кажале ским си такав си. На почетоците од дружењето со една од моите подобри другарки,кога и да се чекавме негде она каснеше,ја дремев ја чекав,од такт ме вадеше тоа и почнав и ја покасно да излегувам,зошто знаев дека ќе касни. Така се навикнав да искачам се покасно и покасно и сега кај и да идам и ја каснам :o:
     
  4. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    Секогаш сум спремна сат или пола сат пред да излегувам и се мафтам низ дома,гледам TV,ми текнува нешто или пак без врска ќе седам и ќе чекам и ЌЕ ЗАКАСНАМ,за да трчам по пат после...и тоа за беља секогаш,знам дека е така и пак и пак истото го правам :lol: :lol:
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Скоро никогаш, напротив или сум пред време или на време. Е сега секако дека се случува во ретки ситуации кои не можам да ги предвидам однапред, да ме задржи нешто и тогаш давам до знаење однапред, за да не чека тој другиот.
    Мразам да чекам! А кога се наоѓам со одредени луѓе на кои доцнењето им е навика, си се снабдувам или со живци, или со книга, или со цигари. И секако со мобилен - за да ги живцирам - КАЈ СИ ДО СЕГА? :devil:

    Не знам порано што сме правеле без мобилниве? Ќе се кажеше - на Рекорд во 8 и нема јавување по пат. И гледај чудо - цела тајфа жени успевавме да се најдеме во разумно време ако веќе не точно во договореното.
    А сега мислам дека додатни нервози си создаваме со самото јавување и прашување кај сме, што сме и до кај сме. Всушност дури и си мислам дека заради мобилните многу луѓе кои не доцнеле - сега доцнат. Знаат дека ќе ви се јават и ќе ви го речат веќе споменатото и познатото - еве на пат сум! Доаѓам!
     
  6. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.868
    Постојано доцнам :D. Се само јас се чекам веќе другарките се навикнаа на мене и секогаш на пример ако се договориле во 10 мене ми кажуваат 10 мин порано но и тогаш им е џабе пак јас се чекам. А иначе мразам некој да чекам, затоа ќе морам да си ги сменам навиките :) .
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас дури и пред време сум спремна. Секогаш на време почнувам да се спремам, имам многу осет за тие работи.
    Навика од дома.
    Обавезно откако ќе се спремам имам барем уште 5-10 минути слободни, па тргнувам.
    Порадо би чекала јас, отколку мене некој да ме чека и после незгодно ми е да се појавам. И не е ни фер.
    Секој може да стигне на време ако се потруди.
    Е сега сум пошла и со горна пижама на испит ама тоа зашто беше насабајле, се успав и трчав ко улава за 3 минути од дома сум излегла. :D
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  8. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Секогаш чекам..СЕКОГАШ :fubar: И секогаш добивам демек извинување от типот Е нема да веруваш ама ..е тоа се случи..тоа се случи...Прво се нервирав сега веќе се навикнав...А во мегуврме постојано им вртам да знаат барем дека чекам да побрзаат,оти не ретко и доцнат и се влечат по пат :^)
     
  9. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Ретко кога доцнам.Но многу мразам кога чекам некој. :fubar: Особено ако сум сама и треба да чекам некој половина час. :!: Не фала. |(
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум точна понекогаш сум и 5 минути пред време,мразам да чекам така да не сакам ниту мене да ме чекаат..така да кога би се дружиле никогаш не би ве оставила да чекате :) ТОЧНА СУМ НА ВРЕМЕ И ПРЕД ВРЕМЕ :angel:
     
  11. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум точна на време доаѓам ептен ретко доцнам и тоа евентуално по 5 мин најмногу и ке ги известам тие што чекаат дека ке закаснам или да влезат и да седнат ако сме договорени некаде да седнеме.Практикувам во принцип да доаѓам порано не сакам да ме чекаат кога нема потреба.
     
  12. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Па во најголем случај сум точна, каснам можеби минутка-две, ако е повеќе уште предвреме се јавувам. Мразам кога ми каснат а под доцнење подразбирам дестина минути па и повеќе,,, тоа ми е више непочитување на туѓото време!
     
  13. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Гледам сите одговорни и точни феминки, се на време или дури и порано сте спремни. Е јас во врска со ова прашање сум многу неодговорна. Прв каснач сум за секаде, и секаде јас се чекам :$ Моите две омилени реченици : Zvezde dolaze na kraju i mene vredi cekati :D Се разбира се вадам вака. Не дека сакам да каснам ама не знам така се годи секогаш, не се оправдувам знам дека не е во ред, ама таа сум. Веќе ме знаат сите и редовно ако се излегува пример во 10.30 мене ми кажуваат во 10.00. И не се лутам, така си нашле начин барем да не ме чекаат по многу. Дечко ми е ист ко мене, така да нема лутење баш и се смееме за тоа кој кого ќе чека вечерва. Има мобилни фала богу се разбираме некако, иако двајцата касниме не сме се чекале по улици до сега. :)
     
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Јас секогаш и секаде доцнам :$ Знам дека сум неодговорна,признавам,ама ете...Обично доцнам по 15 минути отприлика.Некогаш доцна почнувам да се спремам,но некогаш не правам ништо посебно,спремна сум,но ете така ке се завлечам по дома нешто и оп...ке задоцнам. :D Другарка ми многу ми се лути за ова,бидејќи таа секогаш на време си доаѓа.И кога треба некаде на гости да одиме,моите само викаат по мене,бидејќи секогаш јас сум таа што доцни.И на факултет доцнам... :sweat:
    Стварно сакам да го променам ова,како прво поради самата себе,сакам да бидам повеќе одговорна.А потоа и поради другите,бидејќи кога некој ке ми доцни се нервирам да чекам и гледам дека не е убаво тоа. :)
     
  15. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Секогаш сум точно на време подготвена, си го планирам времето за подготвување за да не ме чекат другите оти мразам да ме чекат и да ми титикат на мобилен додека јас во брзање се спремам! Инаку ме нервират неодговорни луѓе кои докдека ти дома во брзање се спремаш за да стасаш на време тие си дремат на компјутер и не се замарат :@ (пример е другарка ми)
    Дечко ми, со кој секој ден излегувам е исто така точен,ама јас многу труд вложив за да ја стекне навиката да доаѓа во договореното време! Понекогаш доцни 5/10 минутки,ама ајде му погледнувам низ прсти (а некогаш се расправав и за 5 минути доцнење :tmi: )
    Во случај да не можам да стигнам на време се јавувам и се договарам покасно да излеземе, и дечко ми го прави истото, ќе ми се јави дека ќе доцни за да не висам дома обелечена во штикли и да не се нервирам! Инаку стварно се нервирам од луѓе кои доцнат, 100 пати се имам скарано со другарки и со дечко ми, дури и ми се случило да се налутам и да не излезам,да ги оставам тие мене да ме чекат :devil: Абе инат невиден сум! ]:)
     
  16. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Не сакам ни да чекам, а ни да ме чекаат! Во главно секогаш сум точна, но има ситуации каде што ми се има десено да каснам ама не повеќе од 5мин. Точна и одговорна сум и мразам кога треба другарка ми да ја молам по 100 пати да почне да се мести за излегување! :o
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Секогаш поранувам :D Не се шалам :P

    Подобро е да стигнам 5 минути порано отколку некој да дреме и да ме чека. Не знам ама од мало прцле сум такво :D

    Мразам кога некој касни постојано и исто толку мразам кога ке ми рече епа морам да каснам навика ми е |( Ајде бе |(

    не е навика туку тоа се вика неодговорност.

    Секако човек сум и јас сум закаснила некогаш,бус или некоја рчка дома ама одма се јавувам и кажувам. таква сум и таква ке останам, и како таква ме знаат и другарките и сите. :)

    и ај ем прауд на таа моја особина :)
    :ninja:
     
  18. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Исто и јас, во потполност!
     
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    секогаш сум точна, Викиче може да потврди! ;)
     
  20. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    ^^ Потврдувам! ]:)
    Те молам барем еднаш задоцни,правиш да изгледа како јас да доцнам :$ :rofl: