Секогаш ама баш секогаш никогаш немам се спремено порано и да бидам точна, секогаш чекам последен момент за се
Многу мразам да ме чекаат и мразам кога треба да чекам, секогаш сум точна како швајцарски саат и ги поштувам луѓето кои исто така се точни.
Секогаш сум на време, максимум 5 минути ако закаснам што е многу ретко.Инаку не поднесувам луѓе што каснат, па уште по 15-20мин.И јас имам обврски, па сум се потрудила да те удостојам и да стигнам,да не ме чекаш, па молим лепо, можеш и ти.
Јас многу ретко (скоро никогаш) не доцнам. НЕ сакам, не ми е убаво да ме чекаат Секогаш си стигам на договорено место најмногу 10 минути порано, што е сигурно, сигурно е!!!!
Секогаш ама сеееекогаш доцнам, без разлика дали ќе почнам да се подготвувам 1 час или 15мин пред излегување од дома. А мразам да чекам, макар и 3мин луѓето околу мене се навикнаа на ова па знаат и тие да подзадоцнат за да не ме чекаат многу.
Me чекаат луѓево,по 2-3 часа во буквална смисла на зборот .Па што да правам,огледалово не ме пушта да излезам
Скоро секогаш доцнам и тоа по 5 мин најчесто, до 10 мин максимум. Во ретките случаеви кога подранувам другите доцнат, така да сум заклучила дека боље да ме чекаат него јас да чекам..
Секогаш доцнам , се подготвувам на време но залудно , пак доцнам , и сите сфатија дека тоа е мојата маана и затоа намерно ми кажуваат да дојдам 10 минути однапред Некако е тоа појако од мене или е грешка во мојата организација , не знам , поздрав
Јас никогаш не доцнам....другите доаѓаат порано Шала на страна, си доцнам често и знам дека тоа ми е маана, ама па поубаво мене да ме чекаат отколку јас да чекам
Многу се нервирам коа доцнам зашо цело време се брзам па да не сум заборавила нешто оф лелееее .. и НАЈмногу мразам да чекам некој !!
СЕКОГАШ! Едноставно, посилно е од мене! Почнувам да се спремам пола час пред обично излегување (кафе, другарки...), меѓутоа интересен е делот кога ќе фатам апаратот или коа ќе застанам пред огледало. И секогаш тргнувам во договореното време.
порано да ама сега се спремам навреме дури имам и пофалби за тоа бидејќи не каснам веќе понекогаш доаѓам и порано одколку што треба
Точна сум, но за џабе.. мислам дека солзи ми доаѓаат кога чекам повеќе од 10 минути, па почнувам да титкам на моб, да се јавувам и..НИШТО! Госпоѓиците АБЕР немаат од доспремување, а не па да излезат и стасаат на време епа претеризам навистина. Затоа кога сум договорена со некој што знам дека доцни, доцнам и јас ама срцево не ми дава фазла од 5 мин да задоцнам
Точна сум и мразам кога морам да чекам некој. Тоа едноставно ме вади од такт. Ајде да речеме можам да толерирам 5 минутки, но за повеќе не доаѓа во предвид. C:
Секогаш се трудам да стигнам на време, ептен ретко доцнам и тоа обично е по 5-10 минути Мразам кога луѓето доцнат и не се чувствувам пријатно кога чекам