Решчиси никогаш не доцнам. Секогаш стугнувам на време( а некогаш и порано) на закашаното место, без разлика дали е тоа кафе, излегување, факултет. Ме нервираат луѓето кои постојано доцнат.
па зависи, некогаш јас чекам, некогаш ме чекаат, ама не повеке од 5-7минути.. ако е повеке јас знам и да си тргнам.. мразам да чекам и затоа гледам да не доцнам или пак ако доцнам се јавувам да ги известам
порано со бев како швајцарски саат, знаев и по 5 минути порано да си дојдам ако се чекав со некој ... ама пуста старост, во последно време задњи 2 години се некој мене ме чека,не дека заборавам па се спремам да речеме 5 минути пред да се најдам со некојго, ама таква сум флегматична ужасно се нервирам кога ме чекаат, подобро јас би чекала, него ли некој да ме чека
фуииии не паметам кога сум стигнала негде навреме секогаш секогаш секогаш, морам да закаснам, ако не закаснам не сум тоа јас
Јас обично секогаш си доцнам Кога треба да одам некаде цел ден се спремам и на крај пак ми испадне нешто и пак не стигнам на време а особено кога се договорам со дечкото додека се спремам,дотерам он ме почека пола саат или највеке 40мин Кога се договарам со другарките некогаш ги јас чекам некогаш они пошто они живеат у центаро така да додека идам со такси они си чекат
Каде и да одам, одам на време, дури некогаш и порано. Секогаш другарките ги чекам. Или тие доцнат или јас подранувам ама ако помине договореното време а нив сеуште ги нема значи тие доцнат.
Ах, ви завидувам на тие што сте точни. Секогаш, речиси секогаш доцнам, мора да се макар и две, три миути, најчесто се 5 до 15. Единствено на работа стигам таман на време, баш до минута, бидејќи се куцаме и повеќе од две доцнења во месецот не се дозволени, односно се казнуваат! Тежнеам кон тоа да ја поправам оваа моја (единствена ) мана!
Па скоро секогаш Кај мене нема измеѓу,или каснам од 20/30 мин или воопшто не каснам.Иако последниов период сите само мене ме чекаат
Точна сум како швајцарски сат дури може да бидам минутка порано, мразам кога луѓето каснат , и обично ако ги чекам повеќе од 10 минути, си заминувам......не е фер јас да не се нашминкам или да не ја догледам омилената емисија за да бидам точна, а некој да дојди, среќен задоволен а јас да го чекам 30 минути.....
Во последно време мора да сум јас таа што ќе задоцни не знам што ми се случува порано секогаш бев јас таа што ќе биде прва и ќе ги чека другите а сега а многу ме нервира кога ќе чекам па поготово сама да стом уф
Многу често доцнам иако не намерно ама ете се некогаш ми излегува Само кога имам испити секогаш сум точна, се случува и саат време порано да излезам од дома од страв да не закаснам
Не доцнам никогаш и не сакам доцнење!Се трудам да си го организирам времето,не сакам да ме чекаат ни да чекам,дури и пред време често доаѓам.А најглупаво ми е што некои луѓе се во состојба да те остават да „висиш„ на најпрометно место во ударен термин добар половина час и да се прават како ништо да не се случило,е тоа не трпам .
Кога имам договорено се трудам никогаш да не доцнам.А за работа насабајле секогаш трчам на време станам ама последните минутки се завлечам.Срека работата што ми е блиску.Доцнењето ми е пет,десет минути па ме толерират.
Понекогаш,зависи ситуација.Многу голем влечко сум па најчесто заради тоа.Ова сум заборавила,не сум се ипорицала со парфем и остало.Но тоа е малку 5 минути.А има некои по 15-20 минути што треба да ги чекаш
Секогаш!! И на школо без разлика 1ва или 2ра смена, јас сум си последна. (си имам и неоправдани затоа ) И на излегување, и секаде едноставно ќе бидам спремна ама ќе се сетам на уште нешто во последен момент и пак ќе закаснам. Глупа навика!
Доцнење е нешто што најмногу ме нервира. Не сакам да ме чекаат и да чекам. Што се однесува до мене, сегокаш доаѓам на време. Многу се нервирам кога чекам или пак јас на врата за да тргнам и ќе ми се јават за да кажат дека ќе доцнат. Ааа ..
Во принцип доаѓам околу 5-10 минутки порано. Сега може некогаш да ми се случи да задоцнам, али многу ретко. И мразам кога доцнат и кога чекам