Никогаш не доцнам, а се случува и да сум на закажаното место порано. За среќа, се испраксирав и да чекам, имајќи предвид дека имам чекано една девојка со доцнење од 90 мин, и тоа помнам беше февруари, и паѓаше снег... Се успала кутрата... Исто така, немам навика да титкам некому кога доцни, зашто сметам дека со таквото „притискање“ само уште толку се збркува личноста што доцни, а самата титка па не дава крилја за веднаш да се стигне до местото. А, и да, во градењето челични нерви и трпение наголемо помага и правењето друштво на девојка за шопинг, бидејќи може да поминат 3/4/5/6/7 часа, за на крајот ништо да не купи. Златна пракса.
па порано бев точна,ама сега се случува да задоцнам малку (неколку минутки) а некогаш пак сум пред време на местото на злосторот зависи како се подготвувам побрзо и некогаш побавно, и секогаш трчам ако доцнам за да стигнам
Гледам да стигнам на време, ама стално доцнам по 5-10мин. Но и другите не се секогаш точни така да, и јас чекам и ме чекаат.
Порано воопшто не доцнев кога одев негде , дури и порано стигнував каде што требаше да одам , но во последно време каснам и по 15 минути !! .. и јас самата се нервирам заради тоа , а не па другите ..но си велам :ајде и онаак порано стигнувам барем раат да се спремам .. и после кога ќе дојде време трчам како луда ..
Никогаш не доцнам, се случува да тргнам порано па се влечам нога зад нога за да не чекам во место подолго
Имав обичај да си каснам, но си ја искоренив таа навика. Сега никогаш не каснам, пристигнувам секогаш навреме, па дури и 10тина минутки порано. Заради тие каснења на другите имам испуштено неколку важни настани , затоа сега ако треба да одиме некаде, се договараме во толку саатот ако ве нема-заминуваме, а вие после сами дојдете си.
Речиси никогаш не доцнам,секогаш стигнувам на време и никогаш мене не ме чекаат. Може се случило некогаш да задоцнам,но мора да има многу добра причина за тоа,што и не се случува така често.Баш пред некој ден,дечко ми ме почека некои десетина минути и кога излегов ми рече,не личи ова на тебе,ме зачуди. Кога со некого си договорен во одредено време така и треба да биде.Се осеќам како кловн кога чекам некого,а знаејќи дека таа личност по природа е бавна во спремање и постојано доцни.Па затоа и постои тоа одредено време,нека почне да се спрема порано отколку што почнува.Зарем не се се свесни дека времето на другите е скапоцено,дека чекањето повеќе од некои десетина минути може да промени и нечии други планови. Ги ценам луѓето кои стигаат на време на договорено место,а помалку тие што свесно си дозволуваат некој да ги чека.
бидејки сум многу одговорна и го ценам времето и секогаш сакам стасувам на време и никој не ме чека ама никогаш.... а мразам да чекам сакам се да е се испланирано и да се одвива се по моите планови...
Хахаха, за доцнење сум специјалист, на школо последна влегувам во училница, тр4ам пред професорите за да стигнам на време... а ина4е и4 не сакам да 4екам некој хахаха
секогашш каснамм..и секогашш кога ќе ме чекаат кога ќе стигнамм викаат на мене хихих навика ми е незнам неможам да стигнам никогаш точно
Доцнам секогаш, без исклучок.. што да правам, не е до мене... И баш заради тоа другарките почнаа да ми закажуваат 15мин порано...ако е договорот во 2, мене ќе ми кажат дека треба да дојдам во 15 до 2... Па ако по некоја случајност стигнам на време, јас да бидам таа што ќе чекам... Ама и тоа не помага...
Аххх... Во срце ме погодивте... Пааа, за мене лично побрзо на прсти ќе ги изброите колку пати сум пристигнала на време одколку што сум каснела. За жал имам обичај да каснам затоа што во последен момент нешто ми излегува... ц ц ц,лошоооо...
Ауу си имам проблем со ова.....СЕКОГАШ ДОЦНАМ кога излегувам било каде на шетање на факултет каде и да сум договорена со било кого доцнам и си викам нема смисла ова што го правам дај да се подготвам порано барем еднаш и јас навреме да стигнам и.... пак ќе испадне нешто и ќе задоцнам тоа е ....
Никогаш не доцнам, било каде да одам секогаш сум точна или некогаш и порано стигнувам. Мразам кога ме чекаат,а мразам и да чекам. Имам една другарка мноооогу доцни, секогаш кога ќе се слушнеме ми вели готова сум уште обувките, отидам кај неа, таа на боди се шета и тогаш сум најмногу изнервирана. Но нели се` е навика па така и јас се навикнав да се нервирам за тоа ...
некогаш сум точна..некогаш не ... секогаш ми текнува во последен момент дека треба нешто да направам, некогаш се маткам по пат хД , а некогаш одам и 10 мин порано
Зависи кога како. Во принцип гледам да сум секогаш точна, но кога знам дека и другата личност(најчесто другарка ми) ќе доцни (бидејќи е таква) доцнам и јас НАМЕРНО ! Инаку навистна ме нервира кога треба да чекам некој, па затоа не дозволувам ни мене да ме чекаат!