Никогаш не доцнам( добро, можеби се случило еднаш или двапати ама тоа кога стварно сум немала време да постигнам се ) , а и мразам луѓе што доцнат...се вадам од такт кога треба да чекам некого
Секогаш доцнам и секогаш сум во брзање.Било каде и да одам јас почнувам да се спремам пола час порано, но што и да правам некако се последните 5мин јас излегувам и потоа трчам по патот. Тоа ми е една гооолема маана
Навистина не паметам кога последен пат сум стасала некаде на време, доцнам секаде и секогаш. Талент невиден имам за тоа. Дури и еден саат пред договореното да почнам да се спремам, пак ми излегува нешто 15 минути пред да излезам, се утрткувам 25 минути, и ете.
Е незнам колку и да немам време за спремање ама секогас на време стасувам,незнам како мозат лугјето да доцнат а па и да не брзаат кога некој друг чека е стварно го мразам тоа,па јас немам мирна совест кога некој ме чека додека ја да се спремам а сите мислат дека ептен си посветувам внимание и дека многу време ми треба а напротив јас сум најточниот човек на оваа планета и цел зивот чекам ама буквално цел зивот Имам една другарка ама толку ме нервира како да узива додека другите ја чекаат не бе брате она не се брза ама ич па ми пука филмот и јас имам долга коса ама не ми требаат три саата да ја испеглам или средам влакно по влакно многу сум против неодговорни лугје,точно дека се случува да задоцнис ама не да се претера ако сум казала у 9 ич не ми ни доагај у 10 барем договори се кога мислес дека ке бидес спремна уфф колку се нервирам
Се трудам да не доцнам ама ми се случува и тоа понекогаш. Најчесто сум точна, пред да одам некаде почнувам да се спремам на време и на време стигнувам на договореното место. Многу се нервирам кога некој доцни, затоа јас гледам да не доцнам.
Ама баш секогаш морам да закаснам барем 5 минути. Ако сум спремна на време значи дека нешто сум заборавила, па се враќам до дома. Мразам да каснам ама ете и тоа се случува...
Секогаш се трудам да стигнам на време, но нели сме женски и ни треба малце повеќе за да стигнеме некаде спремни, и затоа и од бон тон ни имаат дадено 15 минути за да можеме да си кажеме дека сме на време , а многу мразам кога треба да чекам некого
ако не задоцнам барем 5мин тогаш не сум јас не сакам да доцнам но по 5,10 мин секогаш а и толерирам доцнење до 10 мин
Порано многу доцнев, но сега се поправив, станав посериозна Инаку не ми смета кога некој ми каже дека ќе задоцни а јас сум спремна за излегување, подобро дома ќе чекам одколку надвор. Мразам да чекам некој сама и да изгледам како проститутка , се нервирам кога чекам некој на -5 степени или кога врне, ме нервира кога луѓето доцнат по пола сат и потоа не се извинуваат. Во последно време за излегување кога не можам да стигнам на време, а не сакам цело друштво само мене да ме чека им велам дека ќе дојдам подоцна сама па ќе се најдеме таму. Редовното доцнење без оправдана причина мене ми значи неодговорност и непочитување на личноста со која сме се договориле
НИКОГАШ! Сите ги чекам. А мене - никој! Ама многу се нервирам така. И пробав повеќе пати да им вратам. Ама неееееее, нешто не ми дава. Глупава.
Јас не сум јас ако не задоцнам. Секогаш доцнам. Или доаѓам 5-10 минути порано, или 5-10 минути покасно. Ужасна навика.
Најчесто доцнам, а ако не доцнам тогаш сум дојдена прерано.Уствари, не сакам да ги чекам луѓето сама, зашто се чувствувам како идиот, па затоа поубаво ми е малце да задоцнам
Секогаш и секаде... едно време се одвикнав ама тоа траеше 2 недели. И пред време да бидам спремна за излегување баш пред да излезам ќе излезе нешто и ете пак каснам, а мразам да чекам некого
И јас. Никогаш не доцнам. Ептен ретко, некогаш ако ми се случи нешто непредвидено, некоја беља, инаку секогаш си планирам и сум спремна точно на време. И секогаш чекам и секогаш викам дека нареден пат ќе доцнам намерно да ме чекаат и никако да го направам тоа. И мене тоа нешто не ми дава