Секоја врска ли е осудена на пропаст?

Дискусија во 'Канта' започната од Luscious, 11 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Luscious

    Luscious Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site.

    Se izvinuvam za ovoj font. Naredniot pat ce bide kako treba.
    Znam deka vednas ce ima predrasudi za toa deka ne mi e mestoto tuka, no veruvajte deka jas sum samo eden dobronameren mlad decko koj saka da se druzi I da si ja zacuva svojata vrska, pa zatoa resiv da spodelam nekoi raboti so ovoj ultra popularen sajt.
    Vo vrska sum so devojka vece nekolku godini, I mozam da kazam deka definitivno si odgovarame eden so drug, no seto toa traed pred taa da se pretvori vo “nesto” cudno. Toa trae 95% od naseтo vreme.
    Glavniot accent padja na toa kolku taa e namurtena celo vreme I nema volja za nisto na ovoj svet. Neraspolozena e nesoodveten zbor da se opisat tie oci sto I najrazgoren ogin gasat I maka I taga vo dusa bodat. :(
    I vednas znam deka mnogu ce recat”…pfff, najobicaeno, ha, detevo doprva uci za nekoi raboti!...”, no ne e taka. Vo prasanje e takvo bezvolie I torzestven tivok krik sto se siri od nejzinata licnost sto ne mi dava volja za zivot.
    Se cini deka nema dovolno iznformacii za problemov I deka bi mozelo da e bilo sto(problemi so finansii, seks, imotna sostojba, podrska…) no ni toa ne e taka bidejci mnogu dobro imam ustaneveno I jas I taa deka seto gorespomenato e pokrieno I duri prepokrieno-Na race ja nosam za se I sesto.
    Spomenav deka ne 100 tuku 95 % od vremeto e takvo raspolozenie neli? E da, tuka e najinteresniot del. Tie 5% od vremeto e koga taa treba da jade. Ne e toa bilo koga, tuka samo vazi za onaa epten mrsna hrana sto debelee. Samo togas koga e vo iscekuvanje da jade bogata hrana, me baknuva, me guska I se smeska, I vo toj del koga taa vo krevet treba da bide zadovoluvana. Ona ostanato od vremeto sto e…isto kako Horor Psiholoshki Film e.
    Ne e isklucena moznosta deka e dosega mozebi nevidena mrza za bilo sto vo koe ne e vkluceno lacenje na neurotransmiterot Endorfin. Znaci, samo seks, I jadenje zacineta hrana se vo igra, apsolutno nisto drugo.
    Od druga strana ne e isklucena moznosta deka jas sum si kriv. Na vremeto moite drugari, najgolemite “seljaci” (gi znaete, onie sto nema da propustat da kazat za zensko –uf sto bi I go zbrcal…) I “grubjani” I “impotentni bilderi” (taka gi vikaa moite drugarki) za mene velea deka mnogu ja razmazuvam devojka mi I deka eden den ce mi se vrati so loso. Mrazam da konstatiram deka bile vo pravo.
    Ajde, devojki, devojcinja I zeni…bi sakal malku zensko razmisluvanje, by the way, objektivno gledano se raboti za vozrasna devojka so rabota I visok intelekt I izrazeno potprosecna fizicka privlecnost sporedeno so drugite devojki vo Makedonski uslovi. Voopsto ne sum Gej, no I toa I go imam prosteno, nesto sto nikade nema da najdete od masko…no badijala.
    Vi blagodaram na site.
     
  2. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    СЕКОЈА ВРСКА ЛИ Е ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ?!

    Кога си заљубен во некоја личност тогаш неговиот физички изглед воопшто не е битен.

    За проблемов - дали девојката отсекогаш била таква? Ако не била и се сменила, значи има некој проблем, нешто ја мачи и мислам дека од суштинско значење е да разговараш со неа отворено, да и кажеш да сподели со тебе се што држи во себе, дека ќе ја разбереш.

    Барем јас, кога сум тажна, депримирана, нерасположена, сакам да јадам најмногу, јадам се што ќе ми дојде при рака и да сакам да се сексам со дечко ми, за да не мислам на проблемот. Бар на кратко да уживам и да заборавам. Така да можеби и твојата девојка го има токму тој проблем - не е разбрана.

    И исто така ако ја сакаш, не треба одма да се откажуваш, треба да бидеш покрај неа, се разбира доколку е само период. А ако отсекогаш била ваква, тогаш знај дека таа нема да се промени и тие работи што ти пречат сега, понатаму ќе ти пречат уште повеќе и нема да ти биде воопшто сеедно. Затоа размисли си убаво, ти најдобро си ја познаваш каква е.

    Ако барем малку помогнав ќе ми биде навистина мило, поздрав :)
     
  3. bejbi.91

    bejbi.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    27
    СЕКОЈА ВРСКА ЛИ Е ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ?!

    Сигурно нешто не како што треба, дефинитивно има некој проблем чим ви е таков односот и добиваш такво однесување, пробај да разговараш, да извлечеш некоја информација од неа зашто све тоа се случува, немој да држиш за себе и да трпиш кога ти даваш да не добиваш, но пробај на фин начин, дали само со тебе така се однесува или кон сите други ?
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143
    Девојката сака да биде задоволена. Ако неможеш со храна тогаш реагирај на сексот.
    Запрашај се ти а и неа си ја прашај ,,зошто сте вие двајца заедно,,? Што ве поврзува, зближува?
    Ако сте неколку години заедно тогаш би требало да знаеш што и фали и разговарај со неа за проблемот
     
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    Неможе без причина да е таква
    Може не сака да разговара со тебе,ама очигледно има проблем некој,што го држи во себе
    Мораш да седнеш и да разговараш,вака само ќе нагодуваме....
    Исто и јас многупати сум молчела и с ум била нерасположена ,и дечко ми ме прашувал што ми е...не дозволуваше одговорот да биде ништо не ми е-како што велев,одеше до крај и секогаш ми вели што и да е да му кажам и дека заедно ќе решиме ако има некој проблем....во почеток ми сметаше таквото настојување ,но сега сфатив дека ми е мило премногу,и сега му кажувам се,дури и да сум загрижена за ситница.Сега се осеќам полесно и јас :) Затоа ти велам дека мора да стекне доверба да ти каже што е,и на тој начин и да ја зголемите довербата.
    Мислам дека треба да и пријдеш со убав разговор-за да ја осети близината и да ти каже што не чини ....неможе таа да се мурти ти да се чудиш што и е :^)
    Не е убаво и за двајцата.
    позз па пиши ни што си направил ;)
     
    На love23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Мислам дека си зрела личност имаш 28 години и навистина треба да разговараш со девојката што ја мачи во последно време, а и подого време ја пзнаваш и сте заедно. Мене лично кога ме мачи нешто воопшто не сум расположена и воопшто не ми се јаде и веднаш мажми забележува дека нешто не е во ред со мене и тогаш ми проѓа и најмило ме прашува што ми е зошто не сум расположена итн, исто и тој кога не е расположен јас веднаш знам дека нешто го мачи и дека нешто не е во ред со него.
    Затоа разговрај со неа и најдете заеднички решение, доколку не превземеш нешто тоа може да се претвори во мачење за двајцата и на крај пак проблемот да не биде решен, а сигурна сум 100% дека девојката ја мачи нешто.
     

    Прикачени фајлови:

    • 068.gif
      068.gif
      Големина на фајлот:
      60,5 KB
      Прегледи:
      505
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.830
    Мене ме импресионира твојот убав начин на изразување во делови од постот.Сe гледа дека си еден паметен,аналитичен и добар дечко.
    Да бидам кратка,не мора твојата девојка да има повод за да биде таква и не е размазеност,ниту твоја или нечија грешка.Веројатно има некое растројство кое бара посета на психијатар,што пројавува желба,се радува и се смешка кога се работи за задоволства,тогаш кај неа се лачи тој клучен хормон за среќа во поголема количина која е потребна во секојдневниот живот,а во спротивно кај неа речиси и да го нема.Па затоа е себична кога се работи за секс или пак среќна кога се работи за храна во чие исчекување и конзумирање посекако се лачи хормонот на среќа.
    Може е анксиозна,можеби е депресивна,можеби има биполарно растројство ( и не е толку страшен терминов,само така звучи.Не е толку силен како што изгледа) и мора да зема некој АД или нешто слично кој ги средува тие хемиски реакции во телото,клучно во мозокот кои се виновни за (не)расположението.
    Не си ни ти,не е ни таа виновна,некои луѓе едноставно...мора вака да патат,но има лек.Психолог,ако има причини за кои може да се поразговара и низ разговор да се средат или психијатар да препише соодветна терапија,што најверојатно е најдобрата опција со оглед на фактот што кажуваш дека таа сепак се смее кога се работи за одредени задоволства кои не ги контролираме,туку природно е да реагираме на нив.Дури нормален човек повеќе ги чувствува отколку таа кога јаде или има секс,што значи повторно е лишена.Кај неа е исто како нормален човек се чувствува во добар дел од времето,а таа потсвесно ја сфатила логичкиот след на нештата,односно знае како ќе го поттикне тоа чувство на среќа,задоволство и исполнетост кое и недостига.
    Тоа е тоа.Џабе би бил разговор и не мора да значи дека ја мачи нешто.Да ја мачело,ќе си дознаел.Ние жените молчиме во прво време,може и неколку недели да трпиме,ама кога-тогаш го кажуваме...така што,не веруваме дека има нешто толку силно и големо што го крие.
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.758
    Допаѓања:
    49.996
    Пол:
    Женски
    Овој дел не ми е јасен. Што е тоа што си и’ го простил, потпросечната физичка привлечност?
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.830
    Па не мислам дека мислеше простување у права смисла,туку прешол и преку тоа.Со оглед на фактот дека женскава јаде повеќе од потребното,сигурно...изгледа солидно големо,а ниеден маж не е имун на изглед,а уште и ако била послабичка кога ја запознал...
    Не би му судела за овој дел,туку напротив,можам дури и да го разберам.
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.559
    Мое мислење е дека не станува збор ни за некој проблем, нити па за растројство. Едноставно, можно е таа да е рамнодушен тип на човек. Како што има луѓе кои 95% од времето се сангвиници или меланхолици таа е едноставно рамнодушна и навидум испрана од емоции. И тоа не е ничија вина твое е да го прифатиш тоа како нејзин темперамент ако многу ти значи. Факт е дека голем број вакви индивидуи егзистираат на светот и немаат конкретно тешки проблеми за разрешување или конкретни причини да бидат такви, ама не успеваат да си помогнат, бидејќи тоа е во нивната природа едноставни такви се.
    Секој од нас повремено бара додатно да биде стимулиран од нешто што ќе го усреќи барем за момент и често се посегнува по храна, секс, алкохол, седативи или што и да е што би ги стимулирало хормоните за среќа.
    Проблемот кај неа е што само тогаш таа е среќна и еуфорична како што те разбрав. Не е утеха да ти речам полошо е да биде постојано депресивна и суицидно настроена, меѓутоа навистина е така. А има и некоја веројатност таа да поминува низ некој период на себепреиспитување кој настанува некаде од 25-35 год. не знам на која возраст е, меѓутоа на оваа луѓето често го ставаат под лупа целиот свој живот и кај некои стравот од клучните избори во однос на професија и партнер едноставно ги парализира емотивно се плашат од погрешни чекори, а на фобиите од овој тип секој има поинаква реакција, па некој на ова реагира бурно т.е. станува невротичен, друг депресивен, трет анксиозен, а таа ете може се вовлекла во својата школка и станала рамнодушна кон остатокот на светот. Ако е период ќе и мене, но ако е темперамент ти си во позиција тејк ит ор лив ит.
     
  11. Luscious

    Luscious Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам на сите за изнесените мислења и дадените одговори. Поздрав до сите и благодарност до Лилит за убавите зборови и која нажалост, најверојатно ја погоди “Дијагнозата”.
    Ова го велам бидејќи разговор нежен, пријателски и љубовен, остварен е повеќе од 346 (Тристотини четириесет и шест) пати, на секој четврти ден од кога почна агонијава.
    Во право сте, има нешто што ја мачи девојката. Најмногу се жали од работата, премногу стрес на едно место. Се работи за нашите млади генерации...веќе ви е јасно нели?
    Но, јас ја помнам и од порано, си имаше таа такви депресивни склоности, само што беа помали. Сега претежно се оправдува со стрес од работа.... НО, верувајте, такви изрази на лицето и такво држење на телото и начин на говор...не се за коментар. Единствено храната ја балансира, а ќе мора да се побара нешто посериозно.
    П.С. Имав намера да ја омажам девојкава. Подобродушна од неа немам сретнато а имам сретнато многу. Низ болести, маки и немаштија таа издржа со мене. На исто поле се докажав и јас. Така најмногу се засакавме. НО сега депресијава не уништува.
    Ако има некаде мудар совет негуван со љубов и благородност – сакам да го имам, бидејќи сакам да ја спасам нашата љубов.

    Благодарност до сите.
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.736
    да се сите машки на светов ко тебе, верувај светов би цветал, нај искрено
    блазеси и на таа која е со тебе
    и навистина би требало да се поразговара за нејзиниот слушај со психијатар, оти ова како што ми изгледа е длабока депресија, и мислам дека помошта се антидепресиви(лошото е што многу лесно се станува зависен од нив, лесна дрога се) :sweat:
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    Сепак ,што и да е- треба да ја подржиш :!:
    И ти сам спомна дека била со тебе и низ добро и лошо,и не би било во ред нешто да го смени тоа,од твој аспект.
    Се надевам дека ќе се среди се и ќе бидете среќни :)
     
  14. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе се средите и девојката ќе е подобро ...Мислам дека дефинитивно нешто внатрешно ја мачи штом таа се предава на овие краткотрајни задоволства како што се храната и сексот, во кои несомнено сите уживаме и сакаме да уживаме но штом таа баш во тие моменти покажува задоволство и расположеност а останатото време е безволна нешто ја измачува ,а пробува да го заблажи со истиве нешта...разговарајте по милионити пат..дај се од себе и биди покрај неа со цел да го решите проблемов..најубаво би било да посети стручно лице...Искрено сум се фатила себеси како некогаш бегам од реалноста и барам уживање во некои банални нешта ...но верувам сите така...но ако е толку драстично тоа однесување најубаво со психолог...а и антидепресивите не ствараат зависност не, напротив можат со континуирана правилна употреба, да се помине низ еден процес на лечење кој ќе ја воведе во мирен начин на живот ,ред и умерено однесување и расположение..среќно како и да е!

    а да, и на крај краишта ако не успеат сите напори ,колку и да е мачно размисли за можноста да прекинеш доколку не ти одговара таква личност покрај себе,велам откако би ги поминале сите инстанци на подобрување на ситуацијата.
     
  15. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    488
    Биполарно пореметување или манична депресија не е. Истата е проследена со драстични промени на расположението, од депресивна фаза до еуфорична фаза (кои траат определен период). Девојката е премногу пасивна за да има манична депресија.
    Претпоставувам дека има депресија и доколку таа трае подолго време како што викаш, би ти препорачала да разговараш со неа, да и објасниш дека состојбата во која се наоѓа не е „нормална„ и дека би сакал да и помогнеш за да се осеќа подобро. Ова ти го велам поради тоа што депресивните луѓе често не ја гледаат својата состојба онака објективно како што блиските луѓе би ја виделе и често знаат да го негираат тоа, запаѓајќи во неа уште повеќе. Антидепресивите не ствараат зависност, но мора да ги зема минимум 1 до 2 години за да би имале подолгорочно дејство а уште подобро е ако се земаат во „комбинација„ со психотерапија или ете во случајов доколку навистина сакаш да и помогнеш ти да разговараш со неа за тоа што ја мачи. Напорна е депресијата, ама ако се сака се се може :)

    Good luck :)
     
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Дечко прво ме запрепасти .... Секоја чест за тебе :clap: искрено значи најискрено ретко кој би го поднесувал ова .... А во тоа мнозинство најверојатно сум и јас :|

    Што се однесува до твоjов проблем .... Не знам како би помогнала зошто тука прекупотребна е стручна помош :!: не е фаза туку нешто што се задржало и се повеќе ја труе вашата врска . Верувам дека досега си дал се од себе но факт е дека во случајов ти си немоќен не е до тебе бе човек . Разговарај со неа по 4655 пат дека мора да оди на терапија зошто вака веќе не оди .... Ако не сака кажи му дека ти не можеш повеќе ако малку барем не е за себе тогаш да го стори за тебе . Ако одбие и се оди по старо што да ти кажам освен DOBRO RAZMISLI во што се впушташ сигурен си дека вака ќе можеш уште долго ...?
    Со среќа ти посакувам се најдоброо . :)

    Ако најдеш време пиши што бидна... ?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.