Си има три четири ручеци што ги јаде, за среќа па не се џанк исхрана. Сега исклучиво тие ги вртам, гледа што јадеме, ако пројави желба, ќе дадам и тоа. Но, не се форсирам како порано, ова мора да се јаде, она мора да се јаде. Знам, и тоа не го кажувам со полна самодоверба, што е квалитетна исхрана за деца. Но, што ќе ми е тоа знаење, ако единствено подот останува најаден. И пак доаѓаме, книгата не знае што јаде моето дете, не е персонализирана. Јас знам што јаде и јас знам најдобро како да внесе барем малку витамини и притоа да се најаде. Тој што си има мака со пребирливо дете, ќе сфати.
Која тука спомна или одобри одење по бајачки? Една цитирај ми, нешо ниедна испаѓа. За се друго што си пишала си е на место и сите тоа велиме, едукација ама и филтер од кој извор иде да не испадне на крај носи го на бајачка, а мајкава није знаела дека бајачка не лечи од аутизам и секакви други состојби или болештини и го однела. Впрочем и јас пишав и многу други членки едукација од педијатри на кои им веруваме, ама и тоа филтрирано и со скепса прифатено. Потоа проверка па примена подолготрајна на дето кога ќе се уочи одговара препорачаново на детево.
Ама ако СЕКОЈА знае, знае и таа што иде по бајачки. Не знам како не си гледате каде сте контрадикторни. Според вас испаѓа да да секоја знае, ама таа што оди по бајачки не. Епа секоја е секоја, нема исклучок. Инаку такви што идат на своја глава не се добредојдени за консултации, шо ќе се консултираш кога знаеш све или мислиш дека знаеш.
Е арно де нека оди по бајачки ако има екстра време и пари. И сега таа најдобро знае со сетот информации што ги има (сфати досегашната неинформираност) кога го носи на бајачка и пак откако ќе го проследи крајниот резултат од носењето најдобро ќе (до)знае за своето дете (со новиот сет информации кој го поседува). Луѓе сфатете и мајките и децата не с(м)е кукли на батерии или роботи, жива материја с(м)е и се менуваме постојано. Во промената направи инпут и на поимот едукација. Друго поописно не знам како да ти објаснам за да укапираш така што ќе морам да прекинам понатамошно залудно губење време, јер време е пари, додуша ни со пари не се купува па испаѓа и изнад е. Ај знаењето ќе го купиш ама колку ќе го примениш ете ти пример со несоработливото дете на @ArabellaStarfall . Убаво ви пишала кога ќе има пари на одвишок да плати личен кувар ќе нуди брокула до бескрај во надеж еден пат да не заврши распарчена на под на купишта ситни парченца.
Не чепкајте за деца нејадачи, можам книга да напишам и да ја прочитате И јас знам најдобро за мојот скакулец По книга нели треба да се дави у брокула, у пракса тоа бљак било, додуша у пракса за нејзе и пицата е бљак ама да не почнувам да се жалам ај
Веројатно треба да се нуди на 2-3 дена, да и досадиш и да си рече "Аман мајка, за твој атер еве сега цел тањир ќе изедам" Ама веројатно нема да се деси тоа
Генерациска неупорност. Да се труделе и со мене повеќе, може ќе пројадев. Упс...уствари се трудеа многу, затоа не сум ни помислила на боранија. Може мојот пристап со не-нудење ќе профункционира, па омилено јадење ќе и биде Детево кинез ќе ми стане, по 2 пати дневно јаде ориз. Дијареја. Како тврдоглава мајка ќе продолжам да давам ориз и нема да ја послушам докторката со предлог за леб и салама, ама без путер. Ни кога е здрава не и давам леб со салама. Може ја грешам негде. Шо вика науката за ова?
У мојој династии што би се рекло беше правилото на гости јадеш што ќе ти понудат без збор. Дома не сум видела боранија, никој не јаде, ама на гости ако се погодеше, јадев и ќутев. Ни на гости, не ми беше убава де, ама закон си е закон.
Јас тоа што не го јадам, не ми иде нејзе да и нудам. Грешам сигурно ама секогаш планирам јас да го изедам оти она ќе го одбие, па не ми се јаде ни мене боранија баш За другово, начитаните нека се изјаснат. Ја нисам одавде Еве го решението @Biljarkata . Ќе ги пратиме на гости, гостите нека прават боранија Значи за секое решение имаме проблем ние уствари, а не обратно Не ме рецкајте слободно, јадам боранија шо би се рекло за да мавнам мисли од други работи
А да, јас имам трауми од јуфките на баба ми. Ама искрено, не се заебавам. Секогаш кога спиев кај нејзе мораше јуфки да има, ми се одмилија скроз и сега дома не правам
Не, пак дојдовме до момент кај што ти не го сфати првенствениот коментар и само си се надоврза како тебе ти текна. Да разјаснам, поентата на нудењето беше дека само тоа преостанува - да понудиш - па ако сака, ќе јаде, ако не сака, и на глава да застанеш, нема да јаде. Не, не беше поентата да форсираш. И да, на крајот од денот најбитно е најадено дете. Скурца ми е да ми се надоврзуваат со сосема друг муабет, испревртен, чисто колку да се каже нешто што се има, во сосема друг и свој контекст. Еве јас тебе лично браво ќе ти кажам, супер мајка си, детето не ти гладува. Ама тоа нема врска со поентата зад нудењето. И боранија избрав рендом онака.
Јас боранија пројадов неодамна на 30+, моите никогаш не јадеа, па ни јас. А брокула ми е едно од омилените. Моево некогаш пробува, некогаш не. Исто ко и со пица. Крај да не може да и' се фати, што сака, што не сака. Веќе кога си споделуваме.
Кога веќе е отворена темава: Би сакала да ви споделам поткаст Кој е во можност нека го изгледа со внимание, се работи за раното детство и некои ситни работи како можат да влијаат. Не верувам во се, но како што збори он, во себеси имам забележано мои особини што се резултат на тоа рано детство. Чисто како препорака, може на некој ќе му се допадне
@LiquidLuna , би ве викнала на гости на боранија ама не знам да зготвам тоа. Всушност пак не знам дали и ќерка има пробано воопшто. Ако се погодило во некоја купечка каша, може и да пробала. Или во градинка ако и дале. @forumce , родителството од 90тите е друга приказна и друга тема. Ни сум присилила дете да јаде нешто, ни пак ќе присилам.
Тами, многу осуди нареди овде за мајките кои не се вклопуваат во тоа што ТИ мислиш дека е правилно. Намерно нагласувам ти, зошто добар дел од работиве што ги наброја се твое лично мислење за тоа што е добро а што лошо, што е правилно а што не е. Да ми спореди некој баење со теорија за скокови, ми е како психолог што учел за тие скокови, извини вака ама смешно. Најодговорно ви тврдам и тука, а сум пишувала и во темите за скокови дека од една општа теорија за когнитивниот и психомоторниот развој на детето во психологијата некој решил да ја сфати дословно и отишол дури и понатаму што се обидува да го објасни па дури и предвиди однесувањето на секое бебе на светов. Апликациите се само фенси пакетче во кои ви се нуди нешто што само поминало покрај наука. И има голем комерцијален момент тука, кој може да ви одговори зошто е ова со скоковите популарно. Целото тоа објаснување е overstreached. Внимавајте што прифаќате како научно докажано. Многу работи не се докажани со научен метод а се продаваат и рекламираат како такви. Еден куп стручњаци приучени испоизлегоа со ова објаснение, просто се чудам кој ги учел така?! Да ставам на кантар бајач и стручњак за скокови исто би ми тежеле. До толку ми е несериозно. А гледам сите мајки овде пишувате за скокови, споредувате, си барате објаснение за секоја промена во однесувањето на вашето дете во тие скокови. Ај си велам полесно ќе ви е ако си речете дека е ради скокот непреспиената ноќ. Ама истиот ефект е од бајчката нели? Автосугестија. Сега гледам- триста страни има темана за скокови?! Да земе млада мајка да чита, повеќе време ќе изгуби него да прочита за Виготски, Пијаже или некоја книга за развојна психологија. Да, во право си - стварно се троши време на глупости на интернет. Не се чита доволно. За тоа ќе се сложам со тебе. Се препирате овде дали треба вода или не, десет страни. Барате општи правила за конкретни случаи, конкретни деца со конкретни моментални потреби! Убаво ви пиша една членка погоре - моето дете беше жедно за вода тогаш и плачеше. Зарем детето знае помалку што му недостига од неговиот матичен? Иста ситауција имав идентична и јас. На сред летен ден ќерка ми цела препотена покажуваше кон чашата со вода. Пред 6 м. беше и само на мајчино млеко беше. Се изнапи како возрасна, од чаша директно вода од чешма. Ни филтер, ни флаша ни превривање, ни бутури.. Да не требаше да свикам стручен колегиум дали да и дадам вода? Што не значи дека продолжив секој ден да ја налевам со вода. Треба да имате осет за детето и да научите да му ги препознавате потребите. И тоа е се. Ако ми стагнира во развој и килажа, секако дека ќе почнам да му давам и друга храна. Нема гладно да го оставам. Две деца родив во размак од 4 години. Советите на истиот педијатар се сменија во тој размак, ми рече вака ни рекоа да ви кажеме за првото, сега ни велат вака во препораките. Што да ми каже? Смешно е. Двете деца почнаа да јадат каши од 5 месеци. Првото се тресеше да јаде варен морков од мојата чинија. Што требаше да направам? Да му речам ама почекај уште 30 дена? Следете ги препораките ама сами пресекувајте и одлучувајте согласно она што детето покажува дека му треба. Смешно е да се потпреш само на други што рекле, или само на своето мислење. Тоа е ригидност.