Колку сакам кога на форумов некој ќе напише еден пост и потоа мора некој намерно да ја промаши поентата. Зошто? Никому не му е јасно. Ако имаш 25 години и го растеш детето според приказните на мајки, баби и тетки наместо да седнеш да прочиташ што е поправилно а што не, до тебе е. Нема некое оправдување да си толку неинформиран, освен ако не си неписмен и/или со некаква попреченост. Муабетот за тоа дека инстинктот е најсилен звучи многу поетски, ама во реалноста ако се водевме чисто според тоа еден куп деца немаше да дочекаат ни адолесценција. Ќе го однесеш на бајачка и тебе ќе ти олесни, ама на детето нема и ќе продолжи да го има истиот проблем. Навистина секогаш сте први за критика каде што нема простор за тоа и први да изрелативизирате каде што стварно треба критика.
Тоа што не секогаш си во можност да го направиш правилното, што некогаш мораш да жртвуваш едно правилно за да направиш друго правилно, не значи дека не постојат правилни и неправилни одлуки кога се работи за растење дете (или што било друго). ,,Книгата" не е еден тефтер во кој ги пишува сите правилни работи. Кога се збори за гледање деца според ,,книги" се мисли на големиот научно поддржан корпус од студии и тие секако се порелевантни од кое било анегдотално искуство. Мајката знае најдобро не е менталитет што треба да се поддржува и промовира. Со причина како општество сме изградиле научна заедница што се посветува на изнаоѓање на правилните работи, и токму затоа е продолжен животниот век на новороденчињата и децата. Не мислам дека муабетот е за осудување ако не можеш физички да постигнеш да ги направиш сите правилни работи, туку ако не се интересираш воопшто да научиш што е правилно. А дека постои правилно и неправилно, постои без дебата. Можеби има нијанси и исклучоци, ама секако не се сведува на ,,тоа што мајката смета дека е правилно".
Нашите родители баш се гледани по тој принцип. Ние некои сме гледани по такви принципи. Не е дека не сме дочекале адолесценција. Не сум баш сигурна дека баба ти или баба ми, седеле да читаат книги за грижа за деца. И извадиле деца на прав пат, кој повеќе кој помалку. И ние ќе извадиме деца на сите тие информации на прав пат, кој повеќе кој помалку. Исто така, воспитувањето не секогаш зависи само и од родителите. Улицата и тоа како има огромно влијание. Малце дискутабилни се тие научни истражувања. Денес едно е правилно, за 20 години, ќе се докаже дека е штетно. Погледни само децении наназад, што се сугерирало, па во денешно време голем број на супстанци се забранети или докажани како канцерогени. Кој тоа ми гарантира, се она што се пишува дека нема после извесно време да претрпи промени и да се докаже токму спротивно?! Дури и самите психолошки истражувања трпат промени. Истите тие во кои денес се колнеме. Додека пак мајчинското во себе секогаш останува исто, иако субјективно. Но, тоа е секогаш така.
Па проблемот е што мајчинското не е правилно. Да дојде некоја млада неискусна мајка да рече му дадов вода на бебе од 1 месец, што ќе речеш? Ако мајка, чим инстинктот ти вели така, така е? Мање битно што таму некое си истражување вика оти бубрег на толкацко бебе не филтрира ефективно, ама може е фејк тоа. Моите малце фалеше да ми го сјебат метаболизмот после години и години дијареа од цедени сокови секојдневно. Значи гледаш детето ти дехидрира од проливи од тумач цедено, ама здрави биле па ќе пиеш. Па неколку години овошје со очи неќев да видам. Во пубертет полека го снема проблемот и едвај пројадов пак. И после го најдов истражувањето што ми даде одговор зашто сум имала дијареа. Ама моите знаеја подобро, ок. Не ги носете ни на лекари оти еве како некој со мало скромно искуство во дијагностика, баш на истражување се потпираме во моја фела, не на мајчинство.
Да си ми жива и здрава, браво. И не само за деца дека се оди по учебник, и многу други работи не се по книга и ''се случува живот'', па импровизираш, уклучуваш интелигенцијата да се покаже на дело, склопуваш, поврзуваш крај со крај. Падни, стани правиш н на х-та пати и на крај воала, го наоѓаш решението на проблемот. Ниедна книга нема да ти ги отвори очите како личните случувања и колку си интелигентен и искусен да се фатиш во костец со нив, а ова бара многу време, пред се знаење и ослонување на сопствените инстинкти и искуства. И така се се сведува дека треба да се едуцираме, ама треба и да се ослониме на примена на наученото во решавање на одредени проблеми согласно со нашите знаења, можности и услови. Е сега кога спомнав услови да се надоврзам на мислење од членка за поприступачни услови за одгајање деца. Да, нормално е лејди Ди ако имала инста или снаа и, и двете де, ако ги следиш да гледаш како пикаат златно лажиче у како им се викаше тој ли англискиот пудинг, небитно, и така го ранат детето. Е сега сите нема у златара трк по лажичката. Гледаш, купуваш од неа ука и применуваш дома со Чико пластично или какво и да ти се наоѓа по дома. Муабетот ми е и од тие од високото општество и тие од подолните и најдолни калси купувајќи ука можеш да научиш нешто. Или ја велат и од непријателот можеш да научиш нешто ново, затоа очи широко отворени.
Често се даваат чаеви против грчеви. Што е тоа ако не вода, уствари вода со трева? Барем прочитај зошто не се дава вода. Не е дека ќе ги сјебе бубрезите. Туку помалку ќе пие мајчино млеко или АД, кое е потребно за правилен раст и развој.
Ај објасни ми зошто си ги вакцинираш децата бидејќи на никој од нас не ни доаѓа инстинктивно да си забодуваме игли? Да се поддржува игнорантност во време кога имаш милион информации на дланка е лудост. Форумов исто така едно време беше полн со разумни луѓе, сега кога и да дојдам се осеќам како да сум во паралелен универзум.
Вода и чај не е исто. Исто ко шо не е исто да дадеш интравенски вода и физиолошки раствор (вода со сол) Не ги сјебува бубрезите туку предизвикува водна интоксикација, кажав погоре.
Никаде не реков дека не ја поддржувам науката. Туку не треба слепо да се водам според она што е напишано во книга. Правам филтер на информации и се раководам според она што сметам дека е најправилно. Науката вели, секој ден да спортуваш, медитираш, јадеш исклучиво исхрана богата со витамини и минерали, да не дишеш загаден воздух. Па колку од овие работи секојдневно ги правиш и следиш ти?
Ме заебаваш нели? Што е во составот на чајот 99%? Физиолошки раствор не го пиеш, па да правиш споредба. Ќе направиш водна интоксикација ако даваш вода нон стоп во поголеми количини. Нешто што е реалност и кај возрасен.
Епа добро ете ако некоја му дава по литро на ден на бебето, значи добро постапува, пошто она знае најдобро. Споредбата со физиолошки раствор е дека не му е сеедно дали на телото му даваш вода или вода со нешто растворено.
Од малце што ве читнав брзински на темава, налетав на еден наратив, ама моите ме сјебале или како и да беше. Е сега вака, ако поентата е за се да си вперувате прст во родителите и да си барате оправдание за тоа што ви се дешава, а е сега како возрасни особи какви сте ваш неуспех е да не знаете да си ги изменаџирате нивните грешки и полесно ви е нив да ги обвинувате, бујрум. Ама пред да обвините да укапирате дека можеби навистина условите им биле такви и со тоа што поседувале како знаење и алатки постапувале во вашето одгледување најдобро што знаеле и можеле, бидејќи имало времиња кога доктори специјалисти, па и субспецијалисти да ги најдеш и начекаш и распрашуваш за здравјето на детето на времето некад било мисловна именка, а и не биле до толку многу на број личности субспецијализирани. Е сега и да гледаш детево се корне плаче, проливи од одредена храна ама сметаш дека е здрава или Славица у комшии ти рекла дека е здрава и тебе ти чуе да укапираш дека за твоето дете тоа не паша како за на Славица што паша и е арслан на мама Славица, синкото, или принцезичка на мажот од Славица, ќеркичката, како и да е, е тоа е за осуда. Значи родителство да, ослонувај се на знаења, инстинкти, искуства, ама удри и малку главата кога гледаш дека не вродува со резултати како по на Славица децата. СДК, да скратам треба одговорно родителство. Е сега како народ, па и поединци, индивудуи колку сме одговорни, тоа е една сосем нова димензија и се отвора нова долга и наширока тема. Која има време нека ја разглобува. Тајм аут Де, насловот само пиши го кога ќе го разбереш, да си проверам одам по китапот или ја грешам некаде.
Да, да родителите знаат најдобро. Толку што децава или прават нешто лошо или им се случува нешто лошо. Реалноста од светов: 1. Како дете јадел ќотек од мајка му. Комшиите и роднините ја предупредувале да не му прави така оти ќе се случи нешто. Не ги слушала. Како возрасен убил жени. Ама, мајката знае најдобро. 2. Како дете (наводно) бил малтретиран од неговите. Како возрасен силувал девојка. Разболен од траума на друга ѝ направил траума. Ама, родителите знаат најдобро. 3. Како дете бил малтретиран од неговите. Станувал сè погневен. Не го носеле кај стручно лице оти тоа било табу. Како возрасен го убива семејството. Ама, родителите знаат најдобро. 4. Детето бегало од школо и се дрогирало. Таткото дознал, ама не презел ништо затоа што била лесна дрога. Полицијата му соопштува дека го пронашла детето мртво од предозираност. Ама, таткото знае најдобро. 5. Родителите ја удирале ќерката за сешто. Ќерката години подоцно станата зависничка па и уште побетер го тепала своето дете и физички ги напаѓала родителите. Ама, родителите знаат најдобро. 6. Мајката ги напуштила децата и сопругот по некоја година оти наеднаш ѝ текнало дека она не е за такви улоги. Децата поради тоа трпеле булинг од врсниците и таткото се изнаработел за да има пари за терапии. Ама, мајката знае најдобро. 7. Во детството на неколкумина почнува да им се развива анксиозност поради семејни проблеми. Родителите ги игнорирале знаците. Со текот на годините тонат подлабоко и им се јавува депресија. После години психијатарот се обидува со повеќе методи да спречи да рипнат од некое високо место. Ама, родителите знаат најдобро. 8. Го носеле синот по бајачки оти биле сигурни дека бил урочен. Роднина едвај успева да ги убеди да го носат синот во болница. Докторите им кажуваат дека мора за брзо време да се оперира за да се спаси. Ама, родителите знаат најдобро. 8. Ја терале ќерката да се омажи за да се тргне од куќата во која пораснала за да си ја добие само нивниот син-принц. Кутрата ќерка трпела насилство од мажот и ги молела да ја земат назад. Не прифатиле оти било срамота пред комшиите. Веќе ни повици не сакале. По некое време полицијата им јавува на родителите дека е пронајдена мртва, убиена од сопругот. Ама, родителите знаат најдобро. 9. Доилка не чита што смее, а што не смее да јаде. А, се чуди оти бебето добива грчеви. Ама, мајката знае најдобро. Никој не вика за една книга. Има куп книги. Подобро е да се прочитаат отколку подоцно да се мава главата во ѕидот.
За ова не се согласувам воопшто. Неколку голтки на ден нема да му направат штета на детето. Еве лично искуство. Големата беше на доење само, еднаш почна многу да плаче, прво ѝ понудив да цица, не сакаше ни да проба, го сменив памперсот, ја расоблеков да не ѝ е жешко. Ништо не упали. Упорно плачеше. На крај ѝ понудив вода, се напи неколку голтки и престана да плаче. Значи била жедна. Не може да ме убеде никој дека не смее неколку голтки на ден да се даваат и дека баш тие голтки ќе му ги оштетат бубрезите
Знам. И знам дека детето плачеше за вода. И не можеш да ме убедеш дека не сум требала да дадам По која логика на доените не смее да се даде вода,а на оние на ад може? Што вика истражувањето?
Кои се тие куп книги? Наброј барем три. И оваа книгава посебно ме интересира за исхраната на мајката при доење. Или па си чула недочула, прочитала, недочитала на мами темите дека исхраната на мајката влијае врз грчевите на бебето. Еве штом толку читаш книги, едно истражување, чисто да ти покажам дека тропаш глупости. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5383635/#text=Infants rarely react to a,breastfeeding mothers avoid certain foods.
Не знам какви истражувања се тие ама на секое доенче му треба вода! Нема врска дали е на ад или на доење.