Луѓе дај олабавете со книги. Да има некои правила, ама знаете ли колку често се менуваат правилата? Јас и брат ми сме на пример 5 години разлика. Мајка ми слушала лекари и за двајцата. Мене ми давала жолчка на 2 месеци така лекар кажал. Брат ми било исклучиво на доење до 6 месеци. По најново во некои земји на бебиња на 6 месеци се воведува кикирики, глутен и слично. Има истражувања што кажуваат дека така помалки алергии се развиваат подоцна во животот. Да не спомнувам воспитување. Милион пристапи има во моментов. За сите има книги и на веб. И пак сите збунети.
Еве јас факултетски образована демек има врска, прв пат на форумов се сретнав со поимот скок во развој. Ниту некој претходно ми го споменал, ни сум го сретнала некаде, ни пак сум истражувала до толку на тема родителство. Ќерка се погоди релативно мирно бебе, не некое плачливо. Може да беше спротивно и јас во очај ќе побарав и бајач и свештено лице да и чита молитва и доктор и ќе превртев дрво и камен само да се смири и да и е добро. Ниту секое дете е исто, ниту се гледа по книга. И јас сум најдобра мајка за моето дете што денес направив само 1 оброк за неа, остатокот од денот шетавме и јадеше ресторанска храна. И другарка ми која денес направи 10 различни оброци затоа што нејзиното дете е пребирливо и јаде мал избор на работи и мала количина, е најдобра мајка. Јас како мајка не дозволував на моето дете да му се даде ништо да проба без мој надзор, од страна на храна и пијалаци. Дете скоро 2 години, блиските сеуште знаат да ме прашаат дали нешто смеат да даваат за јадење. И мојата братучетка е мајка, истата таа на свој ризик од манџите по дома што јадат даваше на своето 6 месечно дете. Лично сметам не треба така, дали е моја работа да и преречам, не е воопшто. Олабавете малку со осуди.
Јас би рекла од тоа што се и сешто на скок сега препишуваме може и еден куп битни работи да пропуштиме околу дете. Демек апликацијата ми вика сега е 5ти скок, дете се убива од плачење може од некое воспаление или болка (така нафрлам), јас "си спијам" на тоа уво, дека е скок и ништо не му е. За две, три, пет недели ќе се управи. Имав ситуации да се пожалам како бебе се разбудило со плачење неколку пати ноќта ( на сред лето, во жешко) баш се погоди жедна да е и само со вода 2-3 голтки да презаспива. Прво прашање од блиска, види тоа апликацијата да не е во скок. А јас да се мислам како всушност не сфаќам дека моето 6 месечно бебе плаче од жед 10-15 минути.
Јас заради заштита. Прашањето е дали тие мајки што не ги врзуваат децата исто така знаат најдобро. Пошто секоја знае најдобро.
Давање неколку голтки вода не се споредува со невозење во седиште. За мене тие што не ги ставаат врзани во седиште децата се неодговорни. А ако давањето на вода се рамне со не ставање во седиште, тогаш нека сум и јас неодговорна
Ама СЕКОЈА знае најдобро, така беше? Што па сега за едни не важи, за други важи? Ако СЕКОЈА знае, тогаш знае и таа што тепа и таа што не врзува. Нема правила по книга, нели така беше.
Кои стручни лица жити се? Колку доктори, толку различни мислења, како од различна книга да учеле. Едни викаат обавезно широк повој да се става, други викаат дека нема потреба. Едни се за дубак, џампер, кенгур, други викаат никако да не се користи. Едни се за до 6 месеци бебе да е исклучиво на мајчино млеко или АД ако мајката нема млеко, други викаат може и вода и чај. Едни се за после 6 месеци дохрана со пет намирници, алергените покасно да се воведат, други викаат давај белка и кикирики на 6 месеци. И, шо праиме со разликиве? По кого да се водиме? Скок во развој, прозорци на будност, дрн-дрн. Нема две исти деца, не па сите деца во исто време исто да се однесуваат. Спие кога му се спие, јаде кога му се јаде. Плаче или не спие од заби, замор, затнат нос, додај по желба. А не од 56ти скок у развој. Не знам, многу има да се збори на темава. Ама дека родител треба строго по книга и последни научни истражувања да се води ми е малку претерано. Жив човек е, не е играчка на дугмиња.
Се согласувам дека секоја мајка најдобро знае за своето дете, не треба да се води по книга, мислам баш онака строго, дете е не е машина, шо знам малку глупаво ми е Ако за некого нешто не му чини на другиот можеби му парира, од кај да знаеме ние, мислам секое дете е различно. За моето пример сум имала многу коментари, ама така изгледа само однадвор, уствари јас си знам како ми е
Што ти е со опсесијата со појасите за безбедност? Јас немам видено некое дете или бебе да седи неврзано. Посебно седиште има во секоја кола, каде има деца. Ако се поголеми, знаат и самите да се одврзаат, што да направи мајката во возење?
Патем @nextredstyle се уште чекам литература да ми пратиш. Или терминот книга го кажувате за да направите некој неспособен, притоа појма немате ни дали постои некоја книга. Битно, има куп книги. Е добро, ти ги прочита? Знаеш кои се?
Луѓе не знам што толку се фативте за книга па книга. Не се само книгите и литературата, убаво спомна и членка погоре скоковите ги дознала на форум значи ти како факултетски образована сепак прочита на форум, некоја друга гледала поткаст, некоја прочитала книга… секој различно ги доживува и ги прима информациите. Но барем ги прима! Која на обука, работилница и слично. Мене ме фасцинира некоја со толку достапни информации нема воопшто прочитано, ниту побарано совет туку се водиме како што било по старо време. Не се децата роботи, но можеме да видиме различни мислења еве лично на форумот и да превземеш нечиво искуство. Не е работата за вода, не судам никого јас лично не му давав, бидејќи ја внесува од мајчиното млеко. Работата е што внесуваат кравјо/козјо млеко на 4 месец?! Тоа за сите вас нормално ли е?! Да направи плазма бисквити во 4ти месец?! Или пак пола не се ни запознаени со тами тајм и бебето е постојано во раце.. и милион други работи што се многу пострашни од тоа дали сте дале две капки вода или не
Две деца од 7 и 3,5 години имам и не знам што значи ова. Едит Видов. Лежење на меше Не знам кои се тие пола. Сите мајки што ги знам ги ставаат на меше бебињата
Оти ме имаш приметено дека ме нервираат луѓе кои ставаат други во опасност со нивното однесување. Е јас имам видено, многу пати. И пак не добив одговор, зашто таа што не го врзува воопшто, не знае најдобро? Иначе во два наврати имам спасено дете од опасност, првиот пат излезе само од продавница и тргна накај ескалатор, вториот ќе отвореше солна киселина у маркет. Следен пат не реагирам чим не треба да се мешам кога дете е загрозено.
Мила, релевантен извор за растење на дете е да знаеме ние како родители да прочитаме нешто. Да разгледаме, прашаме и донесеме одлука. Јас лично се имам обратено многу пати за помош на форум, мислење на друга мајка да ми сподели искуство и слично. Или пак, одговор имам најдено кај д-р Марина, која правеше бесплатни предавања, или пак, гледано емисии на телма 0+ каде се обраќаат педијатри и ортопеди. За ова зборувам!! Не знам што се фаќате за една работа ја извртувате смислата на која се започна темава! Но нејсе, ваши деца се! Вие си знаете како ќе си постапите! Јас лично сметам пред секој да стане родител треба да посети барем една обука во било која болница, сега барем сите се бесплатни, или да изгледа онлајн, ако ништо друго имате телма на телевизија!
Што сакаш да прочиташ. Дека мајките се лоши, неодговорни, дека ти повише се грижиш и мислиш за децата од родителите, дека не се грижат за децата? Толку те прави задоволна ако се линчуваат мајките? Очигледно е дека мајка ти те повредила па сега сите се лоши за тебе и уште една како тебе. Да, има секакви родители, ама не се сите такви какви што ги претставуваш