Што конкретно треба да се прочита? И кој е релевантен извор на информации околу одгледување на дете? Оти гледам тука мешате поими, едно е безбедност во сообраќај, тепање дете и сл... тоа се кривични дела за кои што има предвидено казна и воопшто не треба да се спореди со читање книги или прашување по форуми и слично. Бидејќи, како што кажав, за безбедност во сообраќај има закон кој треба да се почитува, ама нема некое универзално правило, правилник, закон, начин итн... по кое родителите треба да се водат при одгледување на дете... Просто, не постои такво нешто, особено денес кога фрчат разноразни информации и совети, кои утре ќе бидат застарени. Затоа и споредбиве ви се глупави искрено. Читај ти по форуми, гледај поткасти, ама не наметнувај и другите да го прават тоа, пошо ниту твоето е исправно, ниту па другите родители се глупави оти не го прават тоа. Симпл
Па подкаст е емисија, и има сериозни подкасти каде што гостуваат секакви професионалци од секакви области. Зошто па да не е релевантен извор? А форумов е помалце релевантен ама и тука од туѓи искуства и знаења можеш многу работи да научиш. Истото е и со блиску луѓе, кога ти сугерираат шо да праиш. Зборуваат од свое искуство, а твое е дали ќе прифатиш. Јас лично кога станува збор за дете, слушам, гледам и читам сè што ќе ми се најде на патот. Ги слушам и роднините што имаат да кажат, не ми сметаат нивните мислења, никогаш не сум ги сфаќала како мешање у моја работа. Ама тоа не значи дека сè сум прифаќала и применувала, всушност повеќето не. Но се наоѓал и по некој добар совет. Муабетот ми е, поентата е да имаш интерес. Да истражиш повеќе кога некој нешто ќе ти каже да правиш. Да се осигураш колку можеш пред да примениш. Да учиш константно на било каков начин (секаков) за безбедноста и општо здравјето за децата, веќе кога си родител. Посекако често ќе се наоѓаш на раскрсница. Посекако често (сакале признаеле, сакале не) нема да знаеш што да правиш. Ама трудот. Интересот. Вољата. Тоа е поентата. А не, ај бе нишо нема да му биде.
Затоа што пишав и погоре во еден пост. Денес тешко да најдеш двајца доктори со исто мислење, а не па мислење на форум (секоја си пишува од сопствено искуство, од прочитано или слушнато од комшика, роднина, мајка). Значи на постарите мислењето е за нигде, ама затоа на некоја на форум треба да и се земе како правилно и точно зашто се едуцирала на форум или на Инста или не знам каде. Некогаш и премногу информации може да наштетат, све треба да е умерено и избалансирано. Едукација да, ама пак со резерва и внимателно.
Според мене нема врска дека од постари доаѓа, меѓутоа секако можеш да ја провериш информацијата пред да го примениш советот. Ваљда ако повеќето велат дека дека не треба да даваш на бебе зачинета храна, така е најздраво, и нема да даваш зачинета манџа на 6 месечно. Како за пример, де.
Е добро де, што е спорно тогаш? Значи пак доаѓаме до тоа дека секој родител на крајот се води по сопствен разум, колку и да чита и слуша. И пак секој на крајот сам носи одлука што ќе прави со сопственото дете. Секогаш има исклучоци, секогаш некоја ќе згреши во однос на исхрана, воспитување или било што поврзано со детето. Ама лудост е кога ја читам пример @TammiB5 дека пред да се стане родител треба да се посетува обука, па се исмева на тие што не знаеле за скокови, па што не се едуцирале на форум итн. Јас лично не следам скокови и прозорци на будност, не се водам по никакви апликации. И тврдам дека немаат врска. Зошто? Затоа што ете читам искуства и го следам моето бебе и гледам дека кога "по правило" треба да е во скок нема ништо од тоа што го пишуваат другите мајки за нивните бебиња. Според мене лудо е да дојдам на форум и да прашам дали е во 4ти скок зашто плачело, не спиело, не знам ти што. И некоја ќе и врати, да мајка, во скок ти е детето, во најјакото е сега, издржи, и тоа се зема за исправно и се чека. А детето може го мачат заби, може е ненаспано, може е настинато, може му е затнат носот и ред други работи. Ама не, исклучиво по скокови се водат, зашто тоа е нели сега бум, и сите го следат а порано мајките не следеле, немале и не знаат ништо. Или за исхраната, некоја мајка почнува да дохранува дете на 4 месеци, некоја на 6. Некоја го храни со парчиња, некоја пасирано/блендирано. Некоја дава алергени одма, некоја чека и дава како што давале порано. И, чие мислење е исправно?
Исправно е да прочиташ или ислушаш повеќе извори пред да донесеш одлука. И да сфатиш дека секоја одлука си носи ризик. И откако ќе ја донесеш одлуката и ќе го примениш одлученото, да видиш како делува на детето. И ако не делува позитивно, пак да продолжиш да читаш и слушаш зошто не делува, и да бараш друга опција. А не упорно да форсираш нешто што не делува добро, без разлика која и да е причината. А некогаш негативното не се покажува веднаш, туку понатаму во животот, тоа е најголемиот товар што го носат родителите. И пак да донесеш одлука околу новата опција, која исто така си носи ризик, и исто така треба да пратиш како делува на детето. И така постојано, читаш, слушаш, учиш, дискутираш. За кога ќе треба да донесеш одлука да ги знаеш изборите, и на тој начин, можеби да ја донесеш исправната за твоето дете.
Тие што форсираат ќе научат на потешкиот начин, или што би се рекло "одат со глава у ѕид". Родителството е борба, предизвик, учиме цел живот и пак може негде несвесно и ненамерно ќе кикснеме. Се согласуваме дека нема магична книга од која се учи, и дека никој не може да знае дали тоа што го правиме е правилно или можеби грешиме, па се преиспитуваме милион пати и бараме решение и се така во круг дур не пораснат и станат самостални па почнат да се грижат сами за себе. Понежно малку и без осуди. Некако многу го вперуваме прстот кон другите, место да гледаме што правиме со своите деца и од тоа што го читаме и учиме да го извлечеме најдоброто.
Јас не ви ја разбирам темава, може не ми беше доволно јако кафето Збориме за мајки што не ги врзуваат децата, за мајки што ги тепаат децата vs. мајки што читаат 1639 извори за воспитување на деца или? И не секоја мајка знае што е најдобро за детето, нормално. И родителството е нешто што се учи секојдневно. И јас не сум знаела во дадена ситуација, ама не ми требаше некој да ми каже дека детето треба да биде врзано у кола. Не сум читала книги, признавам. Се консултирам само кога имам проблем, ама секојдневно ако го уклучиш мозокот малку ќе знаеш што е најдобро во дадената ситуација. Глупи примери, знаеш дека ако надвор се спремаат урагани нема да излезеш, знаеш дека треба устата пења да ти фати зашо средствата за чистење не се за деца иако вришти се треска од земја да и ги симнеш, она да "чистела", знаеш дека салама не се дава на дете од 1 година, знаеш дека треба да се врзе оти ќе излета преку шофершајбна во случај на незгода. И се прават грешки, јас згрешив неколку пати мислејќи дека така треба па еве сега си чукам главата како да ја научам сама да спие. И пак нема да читам книги, оти детево мое не е по книга. Алал да им е на тие шо имаат деца "по книга".
Минатата година ова време отприлика, на детски роденден со моето тогаш 8 месечно дете, гледам нејзино врсниче што мајката го нахрани со руска салата, значи мајонез, салами, чуда. Е па не ми треба обука и книги да знам дека тоа не е храна за 8 месечно дете ама девојката ме убеди дека по ново од 6 месеци се дава на дете СЕ. Така прочитала. Каде и како не знам. Ни се заинтересирав, ни еве и година подоцна немам дадено таква храна.
Ќе направам уште едно па од почеток полека секое мислење ќе го разгледам Родителство укупно е квантна физика ама некои работи се common sense
За работи кои се за општо добро за детето и општеството да бидете објективни. Повеќе да ги осудуваме тие што не знаат. Оти од знам најдобро населбава ни смрдеше на чад два дена оти распрденици направија пожар со петарди. И казна јок, оти малолетни. Од "знам најдобро" хирургот Јота се лечеше месец дена по странство оти друг распрденко со колата од тате го удри, малолетен и без возачка. Оти утре јас ќе сум на негово место ако децата не се учат да се грижат за тие околу нив и не се казнуваат строго родителите за вакви дела. Сите грешат. Ама давање чоколадо на дете не е грешка колку што е обид за убиство и други работи кај што некој сериозно страда оти не смееш да писнеш за туѓо дете било да е за негово добро или за другите.
Оти тоа знаење најдобро некогаш е катастрофално. И пред да речеш дека тие се друг случај, токму тоа се зборува, дека СЕКОЈА знае. И тие знаеле. Ама не знаеле. А јас да ќутам на вакви нема.
Што ваљда не важи за бебињата на индијците Еве баш денес ќе прашам, да видам и тие што имаат да кажат по нивната книга
Темава отиде во два различни правци. Група членки си ја развиваат како што е и започната за помали деца, е тука-таму има и по некои што улетале да натураат совети, а поима немаат за извори на советите(тие не ги рачунам дека даваат правец, туку сметња се). Само една отвара сосем нова димензија од темава. За таа нова димензија која повеќе би требало насловот да гласи воспитната улога на родителот кај рани тинејџери може многу надолго и нашироко да се дискутира. Ама пак ќе се сведе на заклучоците од @ArabellaStarfall дека детето покрај родителите го обликува и улицата, другарчињата, општеството и според мене во голема мерка образовниот процес и тоа што воочува што се случува низ образивниот период и како се спроведува сиот тој воспитно-образовен пороцес. Ако алудирате дека детето е слика поточно одраз само на родителите гадно се лажете. Секако многу комплексна тема е и сметам дека за подетално и соодветно да се дискутира и добие на тежина треба да се раздвои од оваа тема.
Постов е доволен за да се долови поентата на темава Какви се твојте квалификации за да тврдиш дека на доенче му треба вода? Ако не знаеш, правилната работа е да прочиташ и едуцираш од некој што знае ( доктор, научник ). Пошо пример, тие истражувања викаат вака : Е сеа, секој може да го превземе ризикот и да си направи истражување на своја рака за да го докаже спротивното нели. На темава, моментално ја читам The book you wish your parents had read ( and your children will be glad that you did ). Нема практични совети ( од типот не давај мед на деца под 1 год или не давај вода ), али нуди поинаков пристап на себе испитување и поврзување некои, ајде да не бидам брутална, трауми од сопственото детство кои се рефлектираат во врската со вашето дете. Не мора да се тоа којзнае какви трауми, но некогаш и ситници навистина се одразуваат во понатамошниот развој. Нема совршен родител, сите правиме грешки, вклучувајќи ги и нашите родители. Но, како постапуваме после тоа, дали се обидуваме да ја исправиме грешката, да го поправиме односот, да се промениме, или остануваме игнорантни, тоа за мене ја повлекува линијата меѓу добар и лош родител. Да, има и лоши родители, кој колку сака нека одрекува. На толку достапни информации денес, некој сеуште да користи дубак, да става широк повој, да става цуцли во мед, за мене е дно. И тоа слушање постари наместо едуцирање, ти се чини којзнае какви експерти се. Ко свекор ми, прв за совети давање. Кога син ми имаше пролив поради алергија на млеко ( која тогаш не беше сеуште потврдена ), он ми вика абе шо се секираш, овој нашиов ( мислејќи на мм ) до 3 год беше секој ден со пролив ( и на некој апчиња против пролив ), па еве го ништо не му е. ( Ништо не му е, секој месец е со воспаление на дебелото црево, еве го води дневник за храна по препорака на доктор да утврди што е тоа што му смета ).
Сакам кажам не знам речам се некои. Бујрум нека си ги соберат мислите, јасно се изразат и нека си отворат нова тема. Полека ама сигурно ја уништуваат оваа која според содржината на почетниот пост кој беше издвоен од друга тема си доби одличен тек.