Ама убаво си пишува Drinking too much water Која е таа мајка што наместо млеко ќе му дава вода? Каде пишува дека неколку голтки ќе го предизвика се ова?
Имаат. А зошто на тие со ад им се препорачува вода тогаш? Зошто не е прецизирано колку е тоа многу вода што ќе ги убие? 10мл, 100, 300? Колку? Еве пишав назад. Моето бебе за вода плачеше, ништо не го смири и на крај дадов вода. Млеко не сакаше, туку вода
Како не се препорачува. Нашата педијатарка кажа да давам малку вода оти била на ад Среќа па не те прашав тебе
Уф. И те како вода може да ги заебе бубрезите. Бубрезите не се доволно развиени за солта во водата. Дури и кога почнуваме со вода на 6 месеци, советите се да внимаваме на составот, на содиум и натриум, оти не секоја бебешка вода е со добар состав. Ад се прави со вода, значи веќе содржи. Мајчиното млеко содржи вода. И двете се прилагодени на начин што ја задоволуваат потребата и за жед и глад. Неколку лажички вода на ден, во иднина можат да предизвикаат низа здравствени проблеми. Ниту вода ниту чај смее на доенче до воведување цврста храна. Не, апсолутно не знаеме во секое време што е најдобро за нашите деца. И тоа е во ред. Никој не се родил учен. Ама кога стануваш родител, тоа значи дека ќе учиш, ќе се обидуваш, ќе пробуваш да го правиш најдоброто што можеш и секако… и некогаш и ќе згрешиш. И тоа е во ред. Не сме совршени. Не е поентата да бидеме совршени, туку да учиме да го правиме најдоброто што може да се направи за нашите деца. Најлошо како родител, уосталом како и за се во животот е да грешиш и притоа да не прифаќаш дека си згрешил. Секоја ситуација може да се исправи, освен ако свесно одиме со глава во ѕид дека ние знаеме што е најдобро. Во таа ситуација само детето губи. Исто како што ниту во книгите има се што ти е потребно за да гледаш деца. Оти сите се своја индивидуа со свои потреби, свои интереси, свои луѓе. Во книгите можеш да прочиташ генерални работи, насоки, совети, сепак најдолгиот пат го одиме сами, прилагодувајќи се и адаптирајќи се на нивните сосем индивидуални карактери.
Јас мислев водата за бебиња што никогаш не сум ја користила е чиста вода, а она да ти имала сол во неа.... Обична вода превриена е сто пати подобра од специјалните за бебиња. Неодговорна мајка сум Чиста вода не се дава заради солта и може да убие, ама таа истата вода може да се даде со ад прав и тогаш не убива, тогаш солта не ги оптеретува бубрезите
И јас сум,давав вода оти наместо млеко плачеше за вода,требаше да пребарам прво истражувањата како рекле,па да го оставам да вришти
Значи 20мл вода на ден ќе ги оштете бубрезите ама подој од 200мл од истата вода помешана со ад 6 пати на ден нема. Океј?
Не знам,ваљда знаат искусните мајки,што им се децата на ад. Јас со ад сум си немала работа. Како што знам не само водата туку и АД - то е штетно за бебињата. Бидејќи е прашок! Прашокот ги содржи сите вештачки состојки. Ако за вас водата од 5 капки за доенчето е штетна,за мене е АД. Прочитајте што пишува на кутијата Аптамил најдоле со мали букви.
Ќе почнам од вториот пасус. Несреќни случаеви со деца се случуваат многу често. Пример вчера детето пред мене се лизна и падна на брада. Штета што не беше тука и моето да го спасиш. Тоа не значи дека некоја мајка е лоша. Се грижам најдобро што знам и умеам. Има едно видео, колку за дел од секунда се случуваат несакани последици. Децата не се предмети и не може да очекуваш да стојат на појдовната точка на која си го оставила. Затоа што пак ќе кажам, ти се случува живот во позадина. И ова ама баш нема врска со мајката најдобро знае. А за другото, постоиме секакви. Таа што не врзува бебе во седиште е неодговорна мајка. Што друго сакаш да ти кажам за да ми доловиш што ти сакаш да ми кажеш?