Чекај, тек ќе ти стане јасно како оди ова. Златно правило: кога се караат мајките, а ти не си мајка ќе читаш и набљудуваш од страна. Ако некоја сега те зафркава, после ќе ѝ се пуштиш.
Да, знаеш зошто? Бидејќи треба да се размисли и психичката состојба на мајката. Си слушнала за пост породилна депресија? Можеби не се чувствува добро и не може да дои, ја боли, не е среќна и многу останати настани. Не секоја мајка сака да дои. Второ, АД е секогаш опција за бебето, и тој прашок што ти го викаш хемија, е со витамини, протеини што му помагаат на бебето да расте. Таа хемија му помага на бебето да има храна во мешето. Водата не му помага. Водата треба да се даде кога бебето ќе започне со кашички, од причина да му помогне околу варењето и столицата. Те молам не давај вакви коментари, ова веќе ја поминува границата!
Муабетот од почеток е дека менталитетот "јас си знам најубаво" е штетен. Примерите беа јасни, јасно е на кои случаи се мисли, ама еве низ мислењата мораш да го извртиш муабетот со некои непостоечки хипотетичка ситуации за да прикажеш дека другата страна преувеличува и бара нешто нереално. Да инаку, пробувам да ги правам сите од работите кои ги наброја и како е тоа поврзано со темава? Некои луѓе сериозно си имаат проблем со егото и тоа станува само полошо кога ќе станат родители.
Ад или мајчино млеко, исто ти е. Тоа е храна за бебе, од која нема никаква ПОСЕБНА придобивка, ни од таа ни од таа, освен бебето да се нахрани. Мене и двете деца ми беа на Ад па ете здрави и прави се, па и добро ухранети.
Темава е измешана, дојдов да си кажам за водата. Превриена вода во никој случај не е подобра од водиве за бебиња. Зошто? Со обично превривање само се зголемува концентрацијата на натриум. Зошто? Затоа што натриумот има точка на вриење 882с, па всушност при превривање испаруваат останатите компоненти, а натриумот останува само поконцентриран. Еве прочитајте, прашајте педијатар. Вие уствари мислите дека со обично превривање добивате дестилат, што е сосема различно. Не коментирам за ќотеци, појаси и останати работи, ама зошто тогаш веднаш не им шибате сол во јадењето на бебињата да не јадат блуткаво? Тоа е и поентата на темава, маааалку едукација за нештото. И гледам од што порано супер ни било сега сите сме си здрави. Уште од 20 и кусур години до куп дијагнози.
Не можам јас да ти кажам како да се однесуваш, доволно си возрасна за сама да процениш и одлучиш во дадена ситуација и момент како да реагираш и постапиш. Инаку, многу добро знам и за гадотиите и за булингот.
Ела булингот потекнува Иви од родители пуни со самодоверба дека знаат најдобро. Моја генерација имавме и манијаченца што маваа девојчиња по газ. Да имаш манијак дома на 14 години, треба да одиш сам да си пресудиш и фаца да не покажеш више од срам, не да се лупаш у гради дека знаеш најдобро.
@Adidas888 знајш шо е најјако со докториве упорно инсистираат дека вода не се дава, ама кога ќе крени температура ќе плачи без престан нагласуваат дека е дехидрирано и треба вода. Ако толку се убедени дека млекото има вода доволно зошто одма кажуваат давајте вода. А таа дехидрираност може да доведе кај бебе до грчеви. Не си играјте со децата, неколку капки вода нема ништо да му направат. И не можиме животот да го водиме по книга, не е секој организам ист...
Зависи кој доктор ти се погодил, и каква вода- од пластика, од чешма, вриена, невриена, на ад, без ад. Што ми кажал педијатар сум правела, среќа немам бебе сега да му ја мислам. Пиша Арабела што е проблемот со водата- колку помало бебе, толку помалку желудник, треба да внесува хранливи материи не да се полни со нехранлива вода. Толку. Башка водата во Америка од кајшто иде ,,книгава,, има и други аксесорис, ама за тоа во друга тема.
Гуглај научи нешто не туку се бламирај на темава. Од кога последно сум пишала прошле скоро 3 саати а ти си се закачила со пола членки за АД. Па за тие 3 саати сто пати ќе изгуглав и научев како што и јас си проверив за прозорците. Ама вообразеност и тесноградост да се научи нешто ново до плафон и изнад. Сепак твои си се, продужи така тука на темава наместо да се едуцираш малку, самостално.
З'ш бе го потиш толку со нешто ван секоја тема? Толку знае. Тоа не значи дека скоро па секоја мајка не му посакува се најубаво на своето дете. Има исклучоци. Ако ти е полесно. Не секоја знае што е најдобро за безбедноста на своето дете.
Батали отпиши да не пишам на што. Која сака да научи ќе научи тоа и го пишав на темава не само за неа, туку и за родителството. Конкретно кога станува збор за одговорното родителство.
Ама во глобала се труди на најдобар можен начин би додала кон твојата последна реченица. Исто пишав низ школството пак детето можеби ќе научи самостално да се врзе, па ќе ја научи и мајка си да го прави истото од безбедносни причини. Се' се учи и има начини и места и форми на учење ако се сака. Се се сведува на ако се сака се се' може.
Можеби во твоите апокалиптични сценарија каде што покрај се плус како и повеќето за личните неуспеси прст вперувате во "незнаењето" на мама и тато. Иако не би го нарекла незнаење, туку нивна неинформираност. Во најдобро сценарио детето учи, споделува и ги информира родителите и тие учат и заеднички растат и се развиваат како среќно семејство, какви впрочем и се повеќето околу мене кои ги познавам со деца. Сега ти не знам на какви налетуваш изгледа на никакви. Затоа смени опкружување наместо како ти пишаа да потиш за секакви апокалиптични екстремни дешавки и незнаења.
И сега задоволна си со ова шо ми го напиша Бламирај на темава?! Мислиш дека те личи? Или мислише дека можеш да ме понижиш за нешто? Штета за примерот мајка кој ти се одсликува. Не,не те направив пуздер,јас ве прашав конкретно прашање на кои конкретен одговор не ми дадовте. Не знам зошто си зимате здраво за готово се,и напаѓате веднаш. Јас сум давала неколку капки вода на доенче,и на следното ќе му нудам пак. ТОА Е МОЕ ЛИЧНО ПРАВО,дали е правилно или не е теорија на заговор. По практики кај мене се покажало за правилно. Слободно можете да правите како сакате за вашите деца. Ама не и да наметнувате мислења притом и индиректно да навредувате. Форум е,не е натпревар за понижување на членки. Се оградувам од темата,поради премногу докторирања без дипломи од страна на членки.
Па не во апокалиптични ама еве од странство некоја членка нека ти каже дека за ќотек социјални служби ти викаат дома. Или за немање седиште. Тоа што нашава држава е крш со закони е друго. Имаше едно 14 годишно девојче од Куманово, мајка ѝ ја продаваше на мажи. Сигурно кутрата не ѝ рекла да не ја продава, мајка ѝ од кај да знае дека не треба така. Да знам, многу гаден пример. Ама реалност е, околу нас, во нашава држава, што дишат ист воздух. И таа мајка знаела најдобро. Ама девојчето кој го шиша, не е мајка таа, што знае. И булинг ако ви е нешто апокалиптично, чукнете тиквите и разбудете се од сонот. И палење пожар е изгледа апокалиптично, ама ене пред месец беше реалност.