Ад било отров, водата (убаво прочитав за водата обична станува збор) ќе го убиела бебето ... Куку ноне
Мајка не е именка. Мајка е чуство. Не секоја што родила е мајка. За примеров со 14 годишното девојче зборам. Ако ме сфаќаш... А за булингот, тоа е друга тема, и е поврзана со системот, општеството.
Кое е твоето решение девојче, за да ги нема гореспомнативе аномалии? Да им се одземат децата на родителите, за да ги одгледува општеството? Да полагаат тестови годишно? Пред да станат родители или.... Забегувате, стварно Зборуваме за нормални родители. И да, нормалните родители секогаш знаат што е најдобро за своето дете, ама баш секогаш. Дали тоа е според туѓите стандарди и очекувања е друга приказна, ама секој нормален родител се труди и го посакува најдоброто за своето дете и никој од страна нема да може да му го пружи истото. Ни приближно
Не бе Ана, да ги остават децата да бидат тепани и злоставувани. Да ни пркнат законите малце, е тоа сакам. Па за нормални е друго. Проблемот е кога тврдите оти СЕКОЈА е нормална мајка. Оти кога напаѓам ненормални и тоа не чини. Ти ако си од нормалните, нема да се навредуваш од пишаното.
Не забегувајте во крајности и не се правдајте сега. Муабетот почна дека мајките не знаат што е најдобро за своите деца, па после одеа примери како нашите мајки ни давале не знам што и затоа не чинеле. Така што.. не, не муабетите за ненормалните мајки, туку баш за оние обичните, пошо очигледно не се според вашите стандарди
Ене на твитер имате слика од две распрденковци од 12 години како возат мотори низ Гевгелија па недајбоже да ве соберат некаде и дојдете пак зборете оти сите знаат најдобро. Мене да ми се деси, до гола кожа ќе ги одерам родителите од тужби. Ај поздрав од мене.
За подземна се учеше таму ко шо памтам. За таа на бебето немам соодветна Чколија изгледа, па му давав ВОДА.
Боже господе. Чекај во книгава да прочитам што да прокоментирам и ќе ти пишам. А да,воспитувањето на децата е многу повеќе од тоа да се водиш по книги и по скокови или по свекрви.
Мислам дека како се шо ќе се кажи, вистината е негде в средина. Факт е дека мајката има инстикт и се води по него кога расти дете. Исто е факт дека не секоја знај шо е најдобро. Две работи можи да бидат точни во исто време. Некогаш поќе извори и комуникација не е лошо. Не сфаќам како е лошо некоја искуствено да учи од подкаст, други мајки, други роднини, исто како шо и не сфаќам како е лошо да прочита книга мајката и да се води по неа. Сметам дека апсолутно во секоја ситуација треба да се стремиме кон најдоброто и дури и да не успејме можиме да сме чисти пред себе дека пробавме. Литературите наменети за растот и развојот на детето не се фикција, базирани се на факти. Ако некој одбира да го игнорира тоа и да смета дека е помалку важно - е лудост. Друг факт е дека не можиме да очекуваме животот и растот да е по книга. Ама можиме да го дајме максимумот каде можиме и да се водиме по то шо е најдобро. Примери не сметам дека треба да коментирам, ама сакав да спомнам ова. Велите дека мајките секогаш знаат најдобро ама апсолутно игнорирате ситуации каде не знаат најдобро. Ако мајките знаат најдобро, тогаш и ситуациите каде не знаат значи дека се вклучени во тоа. Одлучете. Знаат или не? Јас сум нетолерантна на лактоза. Треба срам да му е на моите колку долго ми даваа млеко ради то "шо било здраво". Чисто, пред спиење. Деца не во детско седиште, па мило ми е дека немате видено. Јас имам многу видено. И на совозачко. И најлошото, в скут кај родителот и зад волан. Можи да се речи дека од секое правило има исклучок. Ама како луѓе многу работи не знајме. И то е нормално. Зошто сакаме да сметаме дека знајме се за дете кога во прилог е поќе да се едуцираме за нивно добро? И последно нешто шо сакам да прокоментирам е дека сме сакале да ги кривиме родителите за се. Трансгенерациски пренос на траума и болка и навики исто така не е мит. Да, и мајка ми била дете кое е учено така ама сега е возрасен со свое дете. Јас сум сега возрасна и ако би имала дете е моја одговорност да работам прво на себе за добро на тоа дете. П.С. Знаење шо е најдобро и посакување најдобро се две различни работи.
Точно, повеќе е.. сега би ти дала пример дека почнав повеќе да се едуцирам (иако ми е мало детето), но би сакала да знам како да му пренесам финансиска интелигенција, како да го научам да штеди, присуствував на многу убава конференција за позитивно родителство каде имаше тема како да разговарате со вашето дете околу сексот кога ќе дојде време, како функционира еден мозок на дете, како можам и преку која игра да му развијам креативност, или еве на Габор Мате книгите, како да се спремиме за тинејџерските години, како да го поминам креативно времето со него без употреба на технологии и многу останати работи. Знаеш што е разликата? Се едуцирам. Примам информации
Знаеш како е лошо? Така што јас да имав сега бебе ќе бев скроз збунета околу водата, и ќе мислев дека педијатарот сака да ми го отруе детето. На пример. Вода, чај, растело, не растело, дај му ад, не му давај ад, труди се повеќе, молзи се. За среќа имав педијатар на кој му верував, и ретко кога згрешил. А рандом подкаст, извини, не. Некогаш немаш време да мислиш, читаш, студираш, или реагираш инстинктивно или се парализираш во неделување од контрадикторни извори и информации.
Треба да се направи истражување колку од таквите глупи одлуки се праени под притисок. И во првото мислење си пишува ,,свекрвата и рекла ". После нештата ќе бидат појасни ,пример личен : Јас знам дека на 25 + степени не треба хулахопки од доле ама сверва ми труби 4 години по ред дека треба од најтенките макар биле и и купува и и облекува ако ја оставам на пола саат дома и така.
Јас никогаш не сум го добила тој совет од лекарите. Кога имале температура за да не дехидрираат ми советувале почесто доење. Мајчиното млеко е така совршено прилагодено на потребите на бебето. Првото млеко е најголем состав вода и гаси жед. Јас на моите не сум дала капка вода се додека не почнаа со цврста храна. Здрави, прави и напредуваа одлично. Не беа ни воопшто плачливи, ниту имале грчеви. Јас слушам лекари и сите беа едногласни Не за вода. Меѓу нив и една докторка пред пензија . Водата и те како може да зезне работа и да предизвика и грчеви. Со неа се испираат корисните бактерии во црвена на бебето. Секој си знае за свое дете, но ние мајките што слушаме лекари не играме со децата.
Искуствено учење е. Која е поентата на сите мама теми за споделвање искуства само на форумов ко така? Према мене, апсолутно треба стручно лице да го има последниот збор. Ама нема штета некој да сподели шо функционирало за него. Барем јас, би слушнала и собрала искуства, ама пак на крај ќе напрам према стручно лице. Ако само се водиме према туѓи искуства и да игнорираме доктор пример - е проблем. Спојлер Имам здравствен проблем и собрав максимално предлози и искуства и период на заздравување како им оди и се на други жени. Ама на крај последен збор имаше за мене матичниот и специјалистот и јас максимално им вервам пошто во мојот случај искуственото и целосно се совпадна со стручните лица и со литературата шо ми е на дофат. Искуствата на другите луѓе уствари ми служеа за смирвање.
Деца не се воспитуваат по книга, тоа е факт. Близнаци не се исти, не па моето и твоето. Ама да се едуцираш, да истражуваш што, кога како му се случува на детето е скроз океј. Мене во Чаир ми рекоа вака. Мајка имаш млеко, дој си го ако сакаш. Вода на новороденче не. Вода со лимон, не. Цуцла со мед, не. Цврста храна, кога ќе ти каже педијатар. Манџичка да му макнеш на 2 месеци оти те гледа не. Сол после годинаа, па и повеќе, одложуј колку можеш. Ќе ти кажуваат баби и стринки, ти ќе им кажеш, докторката од Чаир вака ми кажа. И си ја слушав. Патронажна не дое. Еве ја 2 години. Жива здрава.
Ме интересира мислење од експертите на темата. Што кога мислењата од литература и стручни лица се контрадикторни? Пример, широкиот повој. Едни ортопеди препорачуваат, други тврдат дека не е потребно. Всушност повеќето ортопеди во Македонија препорачуваат, на запад не ни знаат што е тоа. Друго, во Македонија повеќето педијатри одложуваат да се даваат одредени намирници, на запад ти викаат, уште на 6 месеци се да се даде и да не се одложува ништо. Освен медот. За тоа се согласни сите. Потоа, во Македонија бебето и на горештини го облекуваат како за есен. На запад, во сред зима со кратки ракави шетаат децата. Еден сајт вели дека правилно е бебето да спие со мајката. На друго место, цели црни сценарија се прикажани. И ред други работи. Значи, може ли од овој наплив на информации да се каже дека сепак мајката знае најдобро?!