1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секојдневен тренинг

Дискусија во 'Фитнес' започната од annichka0, 22 април 2014.

  1. annichka0

    annichka0 Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Девојки споделете ги со мене вашите искуства оклу вежбањето.Сакам да се мотивирам и одговорете ми на следниве прашања:
    1.Колку време има откако започнавте со вежбање (секојдневен тренинг)
    2.Какви беа резултатите?
    3.Уште ли вежбате?
    4.Колку време дневно оддвојувате,кои вежби ги правите,како се чувствувате?
    5.Споделете некое плус искуство

    Благодарам многу поздрав :* :*
     
  2. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Па вака :)
    1.Активно вежбам околу 1ипол месец
    2.Најголеми резултати што ги имав е 5 кила за недела дена со минимум јадење а максимум вежбање,па послем тоа пак забушавав со јадење,па велигден и сеа пак почнувам така
    3.Да уште вежбам
    4.Од оваа недела почнав два пати во денот да вежбам тоа се некои два саати во денот, ова време од еден до три пола саат вежбам видео на џулиен 6 weeks-6 pack и навечер ми е тренинг што зависи од денот.Тренирам пилатес два дена неделно,аеробик два дена неделно,еден ден точак возам,еден ден трчам и еден ден вежбам видеа дома за бутови тоа се вкупно 7 дена.Кога гледам дека ми треба одмор не одам на еден час пилатес и тој ден правам само ова видеото за стомачни.Сега ми е напорно дека поголеммиот ден од денот ако не вежбам мислам што да јадам и вежбам плус школо и други обрвски но се постигнува ако се сака.Зависи од тренингот али следниот ден повеќето дена ме боли све или пак што сум вежбала предходниот ден највеќе.
    5.Искуство хмм дефинитвно едно големо да за фолии целулт снемав и плус многу се потат маснотии,друго ако те интересира нешто прашај ме затоа што секој дел од телото си има своја цака :D
     
  3. annichka0

    annichka0 Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    mnogu blagodaram jas pocnav od ponedelnik i vezbam ne te razbrav kako toa folii celulit pisi mi povtorno i ako moze da mi kazes dali kje uspeam da go stopam saloto na stomakot,mnogu se nerviram eden nastavnik mi kaza deka ako mi bila sudeno da bidam ''popolna'' taka kje bilo i deka sekoj organizam nemoze da go postigne toa ete zatoa sega za inat od nego i za inat na drugite kje mu pokazam kolku mozam da napravam ne se sliam nabrzina no se nadevam deka do septemvri se kje bide kako sto posakuvam :*
     
  4. fitness-girl

    fitness-girl Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    1.Активно вежбам од ноември 2012 година,почнав прво со одење во теретана околу 1 година и некој месец а од јануари оваа година почнав со везбање Инсенити.
    2.Кого почнав имав околу 80 кг мислам,па почнав постепено да внимавам сто јадам(пред да почнам да везбам јадев мн нездрави работи благо и леб ) ослабев 15кг сега сум 64,ама висока сум 170 па имам усте околу 3.4 кг вишок до летото со инсанити ке го стопам и тоа :D
    3.Да вежбам уште
    4.Дневно одвојувам 1час или 1час и 30мин зависи каков тренинг имам
    5.А искуство па пијам мн вода по 3 литри на ден а летото и повеке и обавезно пред да јадам пијам по 2 чаши вода а исто така и кога ке станам наутро обавезно пијам 2 чаши вода
    Највазно од се е да имате голема мотивација секој по;еток е тежок но верувајте прво ке се помачите а потоа ке видите неверојатни резултати ке се чувстувате мн убаво и ке имате мн голема самодоверба што според мене е нешто најважнооо во животот.Имам доста искуство во оваа работа и знам како оди процесот на слабеење , никогаш не треба да се откажувате ако му треба на некој совет слободно може да ми пише ЛП. :)
     
  5. annichka0

    annichka0 Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1


    Јас имав 70 кила и бев висока околу 165 сега имам 64 кила и мислам дека треба уште 8 да симнам.Но се некако сум ограничен во време секогаш си велам до 10 мај да бидам толку и толку до јуни планирам да бидам 61.. до септември планирам 58.. Дали е тоа во ред што така се ограничувам? некако многу ме фаќа страв дека нема да бида толку дека немам време а искрено бавно ми оди јадам мусли двопек житарки сончоглед суво овошје зеленчука леб не јадам со благото намалив но не скроз (денес изедов 3 рум плочки несвесно :( ) а и понекогаш одам на трчање и одам на ракомет двапати неделно.И со сето тоа од февруари навака па се до април изгубив 6 кила многу малку за толку кратко време но не се откажувам ќе продолжам
     
  6. fitness-girl

    fitness-girl Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    Никако не се откажувај и јадењето здрава храна нека ти биде животен стил а не само 2 3 месеци и после ајде се по старо ке јадиш благо и ке пиеш газирани сокови и ке јадеш чипсови.Јас од кога почнав со вежбањето одлучив дека нема веќе да јадам jung food и еве година и пол си немам купено ни тост ниту пак имам пица порачано кога седнувам со друштво.Значи најважно од се е да гледаме каде и да сме да го одбереме тоа што е најздраво таму и тоа да го јадиме ;)
     
    На annichka0 и elisabeta им се допаѓа ова.
  7. LiliMari

    LiliMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    18
    Furness-girl da te prasam I jas vezbav insenety, pa prekinav trgnav na pilates I zumba 3 pati nedelno sakam pak po doma da vezbam ponedelnik sreda I petok se mislam koi vezbi, dali insenety ili drugi. Na pocetokot koga pocnav da vezbam imav poveke energija I sila a sega se pomalku si zemala li nesto kako topac na masnotii
     
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    1.Колку време има откако започнавте со вежбање (секојдневен тренинг)
    Започнав крајот на Февруари, цел Март редовно вежбав, а Април не толку редовно.
    2.Какви беа резултатите?
    Па неколку школски ми кажаа дека сум ослабната и другарка ми кажа дека ми ослабнал стомакот.
    3.Уште ли вежбате?
    До, утре продолжувам
    4.Колку време дневно оддвојувате,кои вежби ги правите,како се чувствувате?
    Од 20, до 40 минути дневно одвојувам, правам вежби за стомакот, нозете и се чувствувам преморена
    5.Споделете некое плус искуство
    Вежбите на Keaira Lashae се многу ефикасни, јас со неа вежбам ;)
     
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.502
    Допаѓања:
    17.496
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да пишам . :)

    1. Оклу година дена па можеби и повеќе . :^)
    2. Ослабев и многу поубаво се чувствувам сега , поздраво .
    3. Уште вежбам и никогаш нема да се откажам од тоа .
    4. Околу еден час , час ипол вежбам во фитнес сала ( ако може да се нарече сала :?: ) плус секој ден пешачам и 3 пати во неделата тренирам кошарка .
    5. Успеав многу со овој начин на тренирање и што е најбитно од се треба помалку да се јаде . Може се да се јаде ама во помала количина . И повеќе течности треба да се внесуваат во оргаганизмот особено вода . :)
     
  10. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Па така :) имав целулит на нозете позади и од кога почнав да вежбам со фолиии односно да се виткам со фолии немам целулит повеќе... :) Не сум доволно информирана во врска со генетското поплнување односно дека генетски си пополна али мисалм дека ако се трудиш дека и ќе успееш...јас би пробала без разлика што ми рекол некој наставник што ни он не е сигурен во тоа што го рекол.Али ете гледаш бар ти дал упорност и заради него и си се заинатила да успееш 8) Така треба!!! Be so good that they can't ignore you!!!
     
    На annichka0 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fitness-girl

    fitness-girl Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    не сум земала никакви хемии ниту топачи,ама зосто тешко ми оде со тепоњето на последните 4 кг планирам да земам наскоро л-карнитин
     
  12. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Јас сум сега толку висока 165 а имам 45-50килца но сеуште ослабнувам, сакам да сум даска на стомакот и затоа имам секоја недела пилатес 2 дена и исто така внимавам мнооогу на исхраната, сабајле ке си направам мусли, во школо не јадам, освен евентуално некое чоколатце на виталиа, дома кога ке стасам јадам салата со ручек и потоа вежбам кардио по дома или одам на пилатес, се на се, до Јуни сакам да ослабнам 5 до 10 килца :3 и да започнат да ми де оформуваат стомачните :$
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.997
    Допаѓања:
    154.307
    Дали кај некој друг се појавуваат главоболки во текот на напорен тренинг, истакнато во синусите?
    Ме дестимулира да продолжам.
    Нагло веројатно ми се покачува притисокот,а вообичаено имам многу низок и си го чувствувам пулсот во главата.
    Кондиционо сум добра не чувствувам замор,но ми се јавува овој проблем. Непријатна е болката дури и ми се гади од неа.
    Како да го решам ова?
     
  14. lovehappiness

    lovehappiness Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    ^ Мое мислење е дека штом е истакнато во синусите тогаш проблемот е во дишењето додека вежбаш. Можеби не правилно земаш воздух, односно правилно се зема во воздух преку нос а се испушта преку уста.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.997
    Допаѓања:
    154.307
    Хм... ама ако е така правилно, низ нос да се вдишува, а низ уста да се издишува, логично ми е дека така повеќе синуси болат и значи дека сепак правилно го правам дишењето и ми нема спас. :worried:
    Не сум се запазила како дишам... ама нареден пат ќе обрнам внимание. Ма да осеќам комплицирано ќе ми дојде да бидам цело време сконцентрирана на дишењето.
    Ти држи вода дека е нешто со дишењето.

    Ама еве... после секое вежбање ме фаќа таква мигрена, почнува од левиот синус и целата глава ме боли. Секогаш ми се случува после напорно вежбање. Интересно е што баш и на таа страна од носот имам девијација и ете уште една поврзаност со дишењето..
     
  16. lovehappiness

    lovehappiness Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Нареден пат кога ќе вежбаш обрни внимание на дишењето. Порано и јас не дишев правилно при вежбање , но откако ми кажа тренерот како треба правилно најпрво ми беше тешко но потоа се навикнав и сега веќе не обрнувам внимание на дишењето а сепак правилно дишам при вежбање.
    Финтата е во тоа да вдишуваш издишуваш брзо. Односно да земаш кратки серии на воздух, а не длабоко вдишување и издишување. Бидејќи при напорни и брзи вежби немаш време да земаш длабоко воздух, пробај првите неколку пати ќе ти биде тешко но потоа ќе се навикнеш.
    Плус, почни со таквото дишење уште на почеток, додека се загреваш и ги правиш најлесните вежби така ќе се навикнеш а на крајот на тренингот нема да бидеш задишана и едвај да си дојдеш при себе.
     
  17. BlackStar

    BlackStar Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Вежбам секојдневно повеќе од една година и се повеќе го зголемувам интензитетот и времето на вежбање. Од јануари годинава почнав да вежбам по 45 минути на ден и сега стигнав до повеќе од 90 минути. Тогаш имав 63 кила, а сега имам 58,5. Вежбам на орбитрејк, кардио вежби, ама и вежби за зацврстување. Уште вежбам и сега планирам да почнам и да трчам :D