што мислите за секојдневните влошки ја ги користев и се чуствувам многу по пријатно со нив, но ми казаа дека не било убаво да се користат нон-стоп бидејќи ја впивале влагата што треба да ја содрзи тој дел.. сега штетно е или бабини нагаѓања??
секојдневни влошки... ДА или НЕ? Јас еден период ги користев секој ден и тоа тие миризливите, ама после некое време ми се појави инфекција кандида, е сега дали било од тоа или од нешто друго стварно незнам, ама престанав да ги користам секојдневно, само последните денови од менструацијата и толку
користев многу одамна,сега скроз се откажав и ми е многу поубаво.не е убаво да се носат,така ми има гинеколог кажано.
Порано до пред 3 год. многу користев секојдневни, пред да добијам и откако ќе ми помине менструацијата, секогаш ставав секојдневни, ама еднаш аптекарката ми кажа дека биле штетни да се користат и од тогаш прекинав.
Користам секој ден влошка,имам многу бело прање. Патем гинекологот мој,рече белото прање не се лечи до крај,миризбата и непријатното чуство ќе го спречуваш со влошки...
Ако се претерува, не се добри затоа што спречуваат кожата на интимите делови да дише. Ниеден гинеколог не ги препорачува, ама понекогаш едноставно мораш да ставиш. Јас користам непарфимирани влошки и тоа кога знам дека цел ден нема да бидам дома, кога имам засилен исцедок (овулација, пред менструација) и во последните денови од менструацијата. Досега сум немала проблем. Повеќе проблем имам од влошки за менструација, посебно Always, од кои добив алергија и кандидијаза што ја лекував два месеци.
Би го потврдила истово. Внимавајте какви влошки користите, најнепосакуван ефект можете да добиете од парфемираните влошки.
Јас ги користам Everyday влошките. Имам читано дека не се добри за здравјето, особено парфемираните, ама некогаш стварно имам потреба од секојдневна влошка, особено ако цел ден сум излезена.
Не користам,едвај се справувам со влошките за време на менструацијата а не пак секој ден.Со исцедоци речиси и немам проблеми,но тоа се само ден два,кога е овулацијата,и нормално ставам тенка памучна влошка. Останатите 20на и кусур дена од месецот,уживам во памучната гаќа
Не користам секојдневни влошки,освен за време на циклус,бидејки немам потреба,имам чуено и од фемина и другарки дека не биле добри да се користат,дека се штетни тие секојдневни влошки.Сепак треба да се внимава посебно за тие работи,секакви инфекции можат да се појават.
Користам миризливи ама по потреба а не секој ден, последниот ден од циклусот или кога патувам значи неколку дена само во месецот до сега не сум забележала ништо негативно од нив за среќа
Да и јас знам дека секојденвните влошки не се баш препорачливи зошто не и дозволуваат на кожата да дише слободно. Особено за миризливите влошки се однесува тоа. Јас ретко ги употребувам, во последните денови од циклусот или кога имам исцедок.
Ретко ставам(..кога имам потреба..),но никогаш парфимирани..Едвај чекам да се ослободам од влошката кога имам менструација и неможам да замислам и после тоа да носам секојдневна..Тоа е едната причина..Другата се инфекциите кои веќе ги спомнавте..
Користам,но не секој ден,бидејќи пред година дена од секојдневната употреба ми се појавија како брумки,кои среќа ми поминаа со кантарион.Од тогаш па наваму само кога навистина имам потреба,и не од миризливите.