Ги најдов секојдневните влошки од јасмин на Discreet шо се.. Во Туш ги има и се 66 ден. ќе си ги купам некој ден.
Јас досега не сум користела секојдневни влошки иако со години патам од вагинални инфекции и имам многу одлив,сум видела еднаш како изгледа дневна влошка и мислам дека е премногу кратка за моите потреби и дека ќе ми требаат две такви една по друга залепени и тоа што читам на форумот дека биле штетни мислам дека е апсолутно точно и затоа многу повеќе ги преферирам чистите памучни гаќи ако треба да ги менувам и по два пати на ден и се согласувам со мислењето на една претходна форумџика дека е потребно да се оди на гинеколог за да се регулира проблемот со вагиналните инфекции,а не да се камуфлира проблемот со секојдневни влошки и со тоа уште повеќе да се расипе здравјето! Значи,не би сакала сепак да ги користам поради здравствените причини и за да не се трошам непотребно,но ако треба јас би ги користела умерено и повеќе би користела чисти памучни гаќи отколку секојдневни влошки!
Јас ги користам овие редовно, зашто имам прилично изместен циклус. Ми трае од 6-8 дена, но последните денови, најчесо 6,7 и 8 имам, како да немам. Ако не ставам влошка ми е грдо, па затоа користам секојдневна. Најчесто на Виолете, многу ми се допаѓаат, добро се лепат и впиваат, додека на Дискрит само мирисот ми се допаѓа, но брзо се одлепува.
Доста често ги користам особено кога излегувам некаде неможам без секојдневна. Најчесто ги користам Дискрит, но гледам да не ги задржувам многу на себе пошо може да се јави прање(што и ми се има десено),сега кога ги користам пократко(4-5 часа) немам.. и не е хигиенски да држиш такво нешто на себе 12 сата.. сепак неможам без нив,погодни се ми даваат чувство на сигурност
Ааа, дали некој ги видел тие новите на Discreet со мирис на јасмин, во црно пакување шо се? Веднаш кажујте ако ги најдете! Јас ги имам тие користено,ги има во поголемите маркети,но не сум многу задоволна.. подебели се за разлика од другите и не и даваат на кожата да диши..особено во лето..сепак тоа е мое мислење
Не е убаво да се носат и за време на спиење,гинеколог ми има кажано..само за време на подолги излегувања или слично 4-5 часа максимум..во спротивно се штетни и само ти одмагаат.
Еднаш пробав и никогаш повеќе. Имав исцедок многу тие два три дена и нормално отидов на гинеколог и ми рече дека не е препорачливо да се носат, и дека можеби ми е од нив. Мо рече, ако ти е за да бидат чисти гаќите, можеш и по три пати на ден да мењаш гаќи ако сакаш, машината пере се. Ги фрлив и од тогаш не ги користам.
Гинеколозите не препорачуваат користење на секојдневни влошки, посебно не парфимирани, затоа што го зголемуваат ризикот од добивање на различни алергии и воспаленија, барем мене гинекологот така ме советуваше, да ги избегнувам колку што можам или воопшто да не ги употребувам. А посебно не смеат да се употребуваат во текот на бременоста. Користев и јас извесен период, но после консултацијата со мојот матичен гинеколог ги баталив, Подобро да менувам долен веш 3 пати дневно отколку да закачам инфекција, нели е секогаш подобро да се спречи отколку да се лечи?
Користам Керфри... Менував и други, ама тие ми се омилени и ми имаат прекрасен нежен мирис... Иначе ги користам само после или пред добивање, но не и секој ден. Штетни се, кожата не може да дише, а баш овие парфимираниве треба да се избегнуваат. Една другарка инфекција закачи од секојдневни. Јас за среќа досега не сум имала никаков проблем. Не сум толку осетлива.
Дискрит со мирис на јасмин. Не сум сретнала потенки од Дискрит до сеа, речиси и да не ги чувствувам на себе. А + и фино мирисаат. Секојдневно ги користам.
Јас сега почнав да користам едни турско производство Helen Harper 16 парчиња во зелена картонска кутија за 24 денари евтина цена затоа што ако не пробам никогаш нема да знам како е со секојдневни влошки и колку штетно ми делуваат,имам големи проблеми со вагинални инфекции веќе со години,знам дека претераната употреба предизвикува сушење на вагината,па затоа ќе гледам да не претерувам со секоијдневните влошки и знам дека проблемот со вагиналните инфекции само се камуфлира,а не се лекува воопшто со нив,но сега преку зима имам прилика да ги испробам и секојдневните влошки и многу сум задоволна од нив,ќе го пробам и Discreet со мирис на камилица и на јасмин затоа што се марка за квалитет и видов дека и другите многу ги фалат,а преку лето не планирам воопшто да носам секојдневни влошки и тогаш не би ми претставувало никаков проблем да менувам гаќи и по трипати на ден ако треба,сега во зима сакам да се обидам малку помалку да си ги валкам гаќите!