Обично не користам, ама во последниов период имам засилен секрет па морам. Миризливите предизвикуваат лоша реакција кај мене, па сега последно на брзање зедов едни од Кам, не се сеќавам точно како се викаат, ги има 50 во паковање и се 85 денари. Без мирис се Презадоволна сум, супер ми одговараат
Девојки препорачајте не ми некои тенки секојдневни влошки,што би можела да ги носам на танга? Не ми се смејте,немам досега искуство со секојденвни влошки,па можда зато е и малку глупаво прашањево
Не користам од причина што ги мразам. Ај па мораш да ги носиш кога имаш па уште и секој ден. Се знае гаќа си е гаќа. А иначе Anna-Banana јас би ти ги препорачала влошките на Always дефинитивно најдобри.
овие се прилично тенки а и мулти наменски да ги речам лесно се виткаат па можеш и на танга и на бабски гаќи да ги носиш
Вака, дневните улошки се добра работа особено во зима за заштите од настинки и разноразни инфекции на вагината. Зошто велам од настинки? Затоа што со „модернизацијата“ ние ја отстрануваме природната заштита т.е изолатор од студ, и разноразни нечистотии. Со отстранување на влакненцата патот на разно, разни бактерии и нечистотии им е слободен до нашата вагина. Ако на ова ги додадеме и кусите здолништа, танга гакичките, разните мрежести гакички кои не задржуваат ништо и е исто како да сте седнале голи во автобус, кафич, и разно разни фрекфентни места на кои по дифолт има купишта нечистотии и бактерии. Исто така и студот може негативно да влијае на вагината, а преку неа на матката, јајниците.... Со дневните улошки се обезбедува таа заштита која недостасува со отстранувањето на влакната. Е сега, секоја работа која колку и да е добра доколку не се користи на прав начин може да има штетни последици, па така и влошките. Имено, треба да се знае дека влошката неможе да биде замена за водата и покрај тоа што тие мирисаат убаво. Треба по вадењето на влошката да се измиете со млака вода без да користите хемикалии, бидеки влошките имаат веќе одредени работи на нив и нема потреба дополнително да се нарушува PH, нивото и воопшто флората на вагината. Значи, редовно миење по вадењето на улошката, улошката да се носи само кога сте надвор од дома, користењето на разно, разни гелови да се сведе на минимум, и основно средство за одржување на интимната хигиена да биде само водата. Дозволете и на вагината да мириса на вагина, а не на јаготка, или било кое овошје. 2. Некоја од вас спомн дека ористи влошки за да не менува често гаки. Тотално погрешно, без разлика дали носите влошки или не гаките треба да се менуваат секоја вечер пред спиење, бидејки бактериите кои се лепат на нив може лесно да стигнат до вагината. Уште една погрешна работа е да извадиш улока и да ги облечеш истите гакички на кои била залепена улошката. Уште нешто кое е многу важно, редовно да се пеглаат гаките и да се ставаат во посебна кеса, како не би дошло до контаминирање со прашина и разни нечистотии. Зошто велам дека е битно да се пеглаат гаките? Затоа што со перењео на ниски температури бактриите се задржуваат, а денес со машините и „современите“ детергенти обично переме на 60 степени што е недоволно за уништување на бактериите, а мешините за перење се легло на бактерии, затоа редовно и темелно треба да се пеглаа долната облека. Значи мора да сватиме дека сите тие срества што се користат знаат ите како да бидат штетни ако се претера. Погледнете колку од вас и покрај редовно користење на разно, разни препарати за интимна хигиена се повеќе се жалат на инфекции. Тоа е затоа што понекогаш во желбата од вагината да направиме лижавче се нарушува нејзиниот природен баланс и состав кој се нарекува флора. Инаку да, и јас користам дневни улошки не сум забележала негативни реакции, но ги почитувам овие правила кои ви ги кажав, користење улошки само надвор од дома, миење редовно по вадење на улошката, користење само млака вода, кога год е тоа можно.
Не користам секојденвни влошки. И првпат слушам (читам) дека биле штетни.. Не е битно, после тоа што го прочитав не ни планирам да почнам да ги носам.
Порано користев постојано и имав пробано секаков вид, ама најубави ми беа Discreet. Веќе не користам воопшто и поубаво ми е вака.
Користам, но само повремено. Најчесто кога имам зголемен исцедок пред да добијам, а највеќе заради тоа што немам некои редовни и уредни циклуси, па во секој случај ми е подобра варијанта тогаш да користам вакви, отколку да си потрошам пола од пакетчето циклусни влошки. Ми се наоѓаат и на крајот од циклусот, кога исцедокот е сведен на минимум, ама така измеѓу овие два периоди не ги користам воопшто.
Што беља прават Дискрит? Екстремно удобни ми се, а и фино миризливи, само некако чувствувам благо печење ако ги носам повеќе часа.. Некој друг имал такво чувство..? Користам Дискрит и Памела, зависи како имам потреба, ама овие вториве се некако подебели и понеудобни.
Користам секојдневни влошки само кога имам повеќе исцедок, затоа што ми се гади од помислата тоа да се лепи на гаќите Користам едни ултра тенки, ги купувам од локална продавница и се многу удобни, не пишува име на пакувањето. Бело пакетче со плаво и виолетово низ него.