Jас не користам секојдневни влошки и не е препорачливо да се користат секој ден.....прашајте ги вашите гинеколози за оваа тема и ке видите што одговор ке добиете и поради кои причини не се препорачливи за секој ден.
Жени дајте кажете ми кои се добри секојдневни влошки, да не се многу скапи и така ги користам само кога имам потреба.
Овие Flirt Fantasy мене ми се ептен погодени. Дневните влошки ги имам употребувано, циклусните не. Ги има во Дм и во Гиго маркетите ги имам приметено. (Овие на сликата се циклусни,не можев да најдам слика од секојдневните,ама пакувањето им е исто)
Дискрит дневните влошки какви се?? Дали ги имате користено?? Јас еднаш имам одамна со некое списание добиено примерок влошка и многу убаво мирисаа ама не ги пробав дека во списание стоеја и не сакав да ги ставам после
Јас вакви слични користам.Оние што одат со влошките заедно .Така да немора да трошам пари плус . А и добри се во секој поглед .Едно време ги користев и Ларасофт,ама овие ми се подобри .
Многу се убави и меки. Јас ги користам скоро 1 и пол 2 години и се преубави. Досега јас сум немала никакви инфекции . Омилени ми се овие
gi koristam samo koga odam po slavi, gosti a inaku ne gi nosam sekoj den bidejki se dvizam i nekogas znae da mi se odlepi vloskata i mi smeta
Користев до пред некое време и тоа Олвејс платинум не користам веќе престанав колку што се добри толку се и лоши не се препорачуваат за секојдневна употреба...
Јас планирам да купам од Дискрит,затоа што се нежни,неосетливи и не спуруваат на топло време, туку имаат пријатен мирис да се чуствуваш свежо и чисто.Имам од нив мал каталог на 8 различни видови на дискрит како Normal,Normal plus,Waterlily plus,овие се доколку имаш менструација и се подебелки,a како за секојдневни се Air,Ocean Breeze,Summer fresh,Waterlil и Irresistible.Како што гледате има голем избор а исто и за секое од овие има посебно избор на мирис,па неможам да се одлучам за кои бидејќи сакам поубави за менструација да ги користам,затоа што другите влошки не се удобни баш за топло време,те потат и предизвикуваат непријатна миризба Епа од овие кои би ми ги препорачале(и секако со убав мирис да се) ?
Јас ги користам овие,но ги користам само по потреба а не секој ден Знам дека не е препорачливо да се користат секој ден. Инаку сакам да ги пофалам ги купив мислам 80 денари а внатре има 20 влошки(мислам толку беа ) и сум презадоволна меки,миризливи и нежни Ги препорачувам
Јас моментално сум на Cotton така мислам се викаа, ги земав бидејќи имаат мини паковања па ми одговараат и за во ташна, ефтини се, памучни и непарфимирани.
Ocean Breeze и Summer fresh мене ми се најдобри. Јас последен пат купив едни Moffi зелени се, македонски, 30 денари, 30 парчиња, евтини се а убави.
Долго време се борам со непријатниот исцедок кој често ми протекува и потоа ми се влажни гаќите или пак во најлош случај започнува да смрди.Џабе, и секој ден менувај ги и измивај се, често се случува тоа.Доволно е само да се почувсвтвувам водена долу, ужас. Е сеа, барам совет дали да почнам да користам секојдневни, пошто имам слушано дека не биле убави, се појавувале инфекции од нив итн итн.Имам 15 години иначе. И ако почнам да користам, кои би ми ги препорачале?
I jas gi koristam tie Moffi,ubavi se,pamucni.Ama sekojnevni stavam samo pred da mi dojde i na kraj od ciklusot.Inaku ne sum za redovno koristenje na sekojd.vloski-gaki si se gaki,pustete ja kozata da dise.Toa e najdobra zastita od razno razni infekcii.