Мене скоро сите ми правеа иритација, дури ги најдов Либрессе зелени... Супер ми се, со памучно се од горе и не се парфимирани... Исто и Бони ги имам користено еден период ама немаат крилца и се не практични се поместуваат. .
Користам секојдневни влошки кога имам плодни денови. Не сакам да ги користам, ама морам. Обилен исцедок имам тогаш. Ги користам оние од КАМ. Најисплатливи ми се.
Препорачајте некои добри секојдневни влошки? Само да не се every day, имам иритација од нив. Од кам ги користев, али сега гледам не ги има на продажба.
Носи ги само кога мораш, моја другарка имаше воспаление, докторот ја советуваше најубаво само памук да се става ако веќе мора. Барај некои на кои горниот слој им е памучен, и да не се со мириси - што помиризливо, толку понездраво. Памучни гаќи и кожата да си дише.
Jessa од DM најдобри. Само од нив немам иритација, сега само такви купувам. Има неколку видови, повеќето ги имам пробано и предобри се.
Користам секојдневна само во последните денови од циклусот , вака често не користам сакам да си оставам кожата да дише.
Не сум приметила дека има секојдневни, колку има во паковање, од големите за мензис сум задоволна само такви користам.
Еве да те информирам дека ги купив за проба, убави се, тенки, не се ни осеќаат дека ги носиш, јас ги пррпорачувам.
Секој ден носам.Најчесто на CareFree зима мајка ми, некогаш од Кам едни плави.Какви и да земе носам.Навикната сум на дневна некако.Едни имаше, не памтам кои беа, абе така се чешав од нив мислиш небањата сум.Еднаш ги купивме и никад више
Ги носам само последниот ден од добиено( и тоа некогаш). Не знам, некако не ми влијаат добро. Имам приметено зголемен исцедок ако ги носам, а имам пробано различни брендови, ама everyday особено се ужас секојдневните.
Дали има некои секојдневни влошки, со крилца? Користам евридеј, ама не ми одговараат, 3 пат ги тестирам, се појавува црвенило, чешање и сува кожа, некогаш дури знае и да испука.