Порано ги користев ама стварно секој ден... И пред 2-3 години незнам точно стално бело прање и лекарката ми вика користиш ти секојдневни влошки?? Епа од утре никако штетни се, ако треба менувај гаќи 2 пати на ден ама влошки не.. И јас сум си принципиелна девојка и одма советот го применувам.
Последниве 2 години често бев на гинеколог (и тоа на повеќе места) и најчесто тоа го слушав од гинеколозите-НИКАКО секојдневни влошки. На Клиника една лекарка ја искара трудницата кога виде дека носи секојдневни влошки! И вика „Ти баш сакаш некоја инфекција да закачиш сега додека си бремена“. Ако баш мора, тогаш ми препорачаа од оние најобичните влошки памук со мрежичка и тоа и тие да се менуваат што почесто. Јас престанав да користам (ставам понекогаш ако излегувам деновите пред да добијам, чисто превентивно) и верувале или не, ми се намалија проблемите. Престанав да користам и од специјалните интимни шампони (демек за поарно ги користев, ама не било така).
Јас користам една недела пред да ми дојде и неколку дена после тоа . Во Кам маркет има попуст на секојдневните влошки Up to date (45 влошки за 58 денари ). Не се ни многу дебели ни многу танки , ни големи ни мали ,средни -тамам
Јас неможам да се замислам вез вакви. Знам дека не е убаво, ми кажуваат и мене постојано ама коа немам влошка на мене се осеќам многу неудобно...ако сум на пример на факултет подолго од 3 саати се осеќам некако гадно без нив. Ептен ми е нехигиенски онака од белото прање
Ги користам овие и сум задоволна не ги ни чувствувам. Секојдневни користам некаде околу 5 години и досега фала богу не сум имала проблем неможам да си замислам без нив. Знам дека зборуваат дека се штетни но јас на моја кожа не сум осетила. СИ ги менувам во денот по два три пата и така да супер ми е
Порано користеф од Always и после од овие Up to date(пошто повеќе има ме мрзеше на секое нови да купувам xD) ама тоа беше пред да добијам бидејќи многу белопрање имаф едно 2 години пред прва менструација-секојдневно. А сега не толку така да, не користам
Секојдневни влошки користам само последните денови на циклусот..инаку не ..зашто едноставно не ги трпам ,и не ја разбирам потребата од нив..доколку има секрет тој треба да се лечи а не да се камуфлира со влошки...
Не користам постојано секојдневни влошки. Само во последниот ден од менструацијата, два-три дена по завршувањето или кога имам многу бело прање. Слушам дека се штетни, па затоа избегнувам да ги користам секој ден.
Ги користам многу ретко од проста причина - одвај издржувам кога морам да ги носам овие обичните, а не пак да се мрцварам и со секојдневни
Носев доста често,посебно кога сум излезена на подолго време,веќе тоа го сведов на минимум само во денови пред да ми дојде менструација.
Користев секој ден,ми беше непријатно без нив,но гинекологот ми кажа дека на нив најлесно се развиваат бактерии и може многу лесно да се добие инфекција,па престанав да ги користам. Ставам некогаш,после месечен циклус или некогаш кога ептен имам секрет.
Абе јас последните денови од менс. кога имам, ставам секојдневни влошки, оти овие другите едвај ги трпам...
не користам.. ептен ретко.. 1 годишно.. ај кај шо се нервирам ко ќе имам добиано со тие големите пак уште секој ден да носам, па макар и мали ми се чини ќе побудалам.. а и мислам дека не е мн хигиенски така ми имаат кажано колку е точно незнам...
Јас користам и тоа секој ден,и баш е хигиенски...како може да не е хигиенски кога и самите се нарекуваат хигиенски влошки???лелееееее...можеш кога сакас да се освежиш со нова и со влажни марамици посебно кога сме мн активни во текот на денот.Користам Део,и супер ми се...неможам без нив!
Се навикнав на нив и сега немозам да ги оставам ги користам оние миришливите на every day и на dessceret презадоволна сум и по поријатно с ечуствувам со нив но ми имаат кажувано дек ане било убаво нон стоп да се носат ко демек биле штетни ако се употребувале нон стоп