Користам само по потреба, поудобно ми е кога не носам ништо, ниту гаќички али шта се мора, мора се Ги користам оние на Дискрит тие ми се некако најпрактични, и како што кажав само по потреба, кога имам многу бело прање, а тое е пред и после менструација, и во некои денови кога сакам да се чуствувам свежо
ги користев порано постојано,ама некако ме нерцираат сега ама од дискрет се најубави оти лесно се лепат и танки се скоро не се чуствуваа,ама да ви напоменам да пазите да не земате некои кои се со многу миризби затоа што може да ви се направи инфекција,мене така ми се направи и затоа сега поретко ги користам
не користам секојдневни влошки поради тоа што имам приајтелка гинеколог и таа ме советуваше да не ги користам поради тоа што биле штетни
користам или кога ми е при крај менструацијата или пред да добијам коа ќе почувствувам инаку да,сум слушнала и јас дека не биле убави за претерано користење,секој ден или слично
Јас ги користам само по потреба,пред да ми дојде и откако ќе ми дојде.Не е убаво да се носат секој ден
Кој е тој гинеколог кој ти рекол дека миризбата се спречува со влошки? Бог да чува! Ако има миризба значи постои нешто што треба да се лечи, а не да се спречува со влошки. Значи како се нервирам кога ќе слушнам глупости од (во случајов) „стручни“ лица И што ако имате исцедок? Голема работа. Ќе си ги менувате гаќите почесто и готово. Вие сакате со еден пар гаќи цела недела да поминете затоа што не ви течело бело на нив? Па гаќите се перат и тоа се чисти, што ќе ви фали да си ги менувате ако треба и два пати на ден? Уште па миризливи, демек од тоа ќе ви замириса поубаво Само редовна хигиена, менување гаќи (по можност исклучиво памучни) и никакви секојдневни влошки. И како зборувате дека не можете да живеете без влошки, а читате тука дека се зезнува здравје. Да знаеш дека нешто е штетно и ти упорно да го користиш тоа со изговор дека не можеш да живееш без тоа? Ви се молам. Криво ми е и се нервирам кога гледам инат посебно ако се работи за женски болести и проблеми. Треба повеќе да си го чувате здравјето, женски сте да му се сневиди. И освен со чиста вода миење, ништо друго! И сфатете дека миризливите препарати не се корисни. Ниту влошки, ниту сапуни, ниту тоалетна. Се треба да исфрлите од употреба. Ако сега немаш проблеми некогаш ќе имаш. Не треба да ти се случи нешто за да прекинеш да ги користиш, треба пред тоа. Ај што се нервирам. Сите да сте престанале да ги користите!
носам само во крајните денови од циклусот, знам дека се штетни дека едноставно не даваат на кожата да дише ,а тоа е поволна средина за развој на бактерии ... и стварно имам приметено неколку пати после 3-4 дена употреба да ми се јави нарушување на нормалната состојба таму долу така да не ги препорачувам секојдневно да се користат, освен во некои ситуации пр. подолг пат и сл кога не е можно да си одржуваме хигиена како дома
Ги користам иако знам дека не се добри но кога сум на работа едноставно ми е похигиенски коги ги носам особено ви лето . Во зима ги избегнувам колку можам и никогаш не носам парфимирани тие се посебно лоши
Постојано ги користам, не дека сакам ама не можам да поднесам кога имам исцедок на гаќите. Прочитав дека некои девојки имаат постојано бело прање, и јас имам. Бев на лекар и ми кажаа од некоја бактерија било, да сум сменела тоа и тоа, и ќе прекинело. Постапив како што ми кажа лекарот ама белово прање не престанува... Чаре?
Не, никогаш не ставам. Нема гинеколог што рекол дека е добро да се носат. Сите се против, бидејќи не може да дише кожата нормално ако има влошка. Навистина, во периоди на овулација, кога исцедокот е зголемен, поубаво се чувствуваме ако имаме секојдневна влошка, отколку да имаме исцедок на гаќите, но јас ете таква сум, подобро ќе менам гаќи 2 пати дневно отколку да носам секојдневна влошка.
До пред некој месец носев константно, се осеќав поженски некако( будала работа ма).. Е сега, си знам дека не се добри по здравјето и избегнувам да ги користам... Секако не сум прекинала тотоално не не сум секој ден со нив...
Одвај ги издржувам и тие 5-6 дена кога имам добиено и принудена сум да носам обична влошка, а да не правам муабет за секојдневните. Не ми се удобни, т.е. не се осеќам удобно, ко да имам нешто вишок во гаќите, е така се осеќам.
Знам дека не е убаво да се носат многу често Јас ги користам само при крај на меструација, и најубави ми се Discreet