Јас дома не носам,но кога излагам поготово кога носам фармерки,панталони обавезно си ставам секојдневна влошка.Незнам попријатно ми е така,така сум навикната. Знам дека не е препорачливо секојдневно користење,па затоа по дома не носам.Инаку најчесто вакви користам
Порано ги користев од Дискрет парфимираните, но од кога останав трудна ме фати малку страв поради можни инфекции па еден период перстанав да користам и сеа си ги најдов овие супер се немаат никакви хемикалии, мириси памучни се и еееккстра танки и сум задовлона.
Не носам секојдневни влошки, се чувствувам многу непријатно. Едноставно не можам. Мразам кога треба да носам за време на месечниот циклус.
Носам секојдневни влошки само по потреба . Aма по потреба си купувам подолги за да можат повеќе да држат .
Најдобри според мене! Убаво мирисаат,не создаваат никакви иритиации за разлика од други какво на пример EveryDay секојдневните влошки.
Користам дневни влошки нон стоп, некако се чувствувам како по хигиенски со нив. Последни што ги купив се овие, и сум презадоволна.
Нон - стоп користам секојдневни влошки. Знам дека гинеколозите се против нив и не ги препорачуваат за честа употреба, ама не можам навикната сум и готово. Кога не носам не ми е убаво. Со влошка по цел ден се чувствувам свежо. Понекогаш за викенд кога сум дома гледам да одморам од нив, ама за надвор пак ставам. Ги користам Up to Date влошките со години и презадоволна сум од нив. Ептен кога не можам да ги најдам купувам други само.
и јас си користам по потреба некој месец нон-стоп ставам некој воопшто се зависи од моменталната здраствена состојба и расположение на ,,другарката,,
Поубаво ми е 3-4 пати да се измијам темелно одкако да ги носам секој ден , не ги сакам за време на циклус па не уште преку ден да ги носам , ги употребувам само при крај на циклус за да ги избегнам поголемите обичните ,како милувам да ги речам јас ПЕЛЕНИТЕ
Јас првпат слушам дека има жени што не носат влошки за време на менструалниот циклус, па како се справувате со постојаното течење на крв тогаш? Ако се мисли на секојдневни влошки за време на циклус зборувам јас, а не секој ден и кога имаш и кога немаш добиено. Јас сите жени што ги знам носат влошки, едноставно за мене нема друг начин освен тампони што не користам. Ама да не носиш воопшто не сфаќам, како и да е. Јас сум користела разни, кога викам разни мислам на секакви буквално, е сега ги немам пробано на секоја фирма, ама на повеќето сигурно... последни што ги користев беа Секогаш имам резервна влошка во кутивче во ташна, го имам првото од оваа колекција, прекрасно е
Користам само по потреба, и тоа едни убави од Кам, со мирис на камилица. Гинекологот ми кажа дека нема потреба постојано да носам, зошто не и дозволуваат на пријателката долу да дише слободно Кога ми завршува месечниот циклус, обично ставам, зошто не сакам да се тофтам со пелени, а ми е непријатно користење тампон, па секојдневната влошка доаѓа како добра алтернатива.
^ Па претпоставив ама дека читав постови претходно од типот на никогаш не носам и почнав да си замислувам дека воопшто не носат влошки, а јас колку што знам мора да се носат јас мислев општа е темава и читам и се чудам си викам ама КАКО ли како Да си кажам јас дека на одмор носам на долните купаќи ако имам добиено или ми е при крај, ич не се познаваат
Не носам секојдневни влошки, ептен ме нервираат и не се чувствувам убаво со нив. А згора на тоа гинеколозите воопшто не ги препорачуваат
Ги користам Every Day розевите, со камилица. Не ги употребувам секојдневно, туку само по потреба. Порано ги употребував Дискрет парфимираните (ми се чини зелени беа). Многу убаво ми мирисаа, ама секаде читав дека таквите парфимирани се штетни и треба да се избегнуваат, па ги баталив.
Ги користам како замена за обичните влошки во последните денови од циклусот, како и за излегување ама ретко, бидејќи реално немам потреба нон стоп да носам, обично се случува за време на овулација
јас ги користам нон стоп ама во последно време почнувам да имам проблеми и дури сега сватив од што ми е ..закажав на гинеколог ама бидејки овде мн се чека ја најдов групава и ги читав вашите постови а дали некој би можел во лп да ми пише каков тип на проблеми имал..
Користам само по потреба и тоа ретко. Последните денови од циклусот или кога имам мн бело прање. Спојлер Моментално имам тие од десно