Кога нема да те фаќа закон, а? Јас моиве сегашни не ги ни знам, а оние со кои пораснав ги гледам ко браќа, ама секако нема некои убер секси
Прва помисла кога ќе ја видам темата е Miss Independent со нејзиот згоден комшија Јас нема што да пишувам, немам такви комшии за жал Све женети и стари ергеништа
Од мојте комшии ни С од Секси!!! Гадни се ко лопови.Имам еден залепен со станот до мојот и го имам фатено како ме ѕирка кога се облекувам (и одтогаш константно ми е ролетната до доле спуштена).Толку од нивниот сексипил.
^ Мистери, јас ќе им кажам уште малце И јас да се пофалам, комшиите ми се кој од кој. Убави, згодни, паметни фаци. Не дека нема фрикови, имам и депресивни, пијаници, по некој мањак (како мене) пошо јас редовно ги ѕиркам.
Па што знам, не баш, јас сум најзгодна на радиус од еден километар Се шалам нели. До мене има еден дедо, бајаги старичок, може има околу 80 години. Наглув малку. Секое утро го среќавам, и секогаш кога ќе ме забележи дека излегувам ми вели - ви ги бакнувам рацете госпоѓице и се поклонува. Е многу ми е сладок. Не дека спаѓа во категорија на секси мажи ама однесувањето му е повеќе од секси. Кај ги снема овие навики? Ах
Каков комшија имам јас, си плакнам очи кога ќе го видам. Универзално бомбонче. Висок, строен, плаво око. Абе милина, да ви пратам слика ќе се согласите ама да не ме познае некој
Аххххххххх ај и јас да се изјаснам на оваа тема.И јас имам еден убав,висок,црн,млад комшија до мене одма ама има еден ПРОБЛЕМ ШТО Е ЖЕНЕТ ама нема врска викам јас очи се за гледање ( ДРУГОТО Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО ИМАМ ЈАС ПАМЕТ А И ДЕЧКО ) И така јас се придружувам во клубот на феминки со убаво комшии ...
секси комшиии леле вакво нешто си посакував порано ама нема или се зафатени или стари ергени и еден куп стари дедовци е така да нема ни с од секси
Немам. Сите се фамилијарни луѓе, и тоа од старт ми ги прави не-секси. Има чинам две-три малолетни момчиња кои се премногу идиотски настроени и некултурни, не можам да ги наречам ниту симпатични, камоли секси (а и педофилски делува да кажеш дека некој седумнаесетгодишник е хот... NOT!).
Е кај де? Мене сега некој младиЌ да ми рече - ти ги бакнувам нозете, нема да му се изнасмеам веднаш, туку ке му го натртам стапалото миризливо да видам колку е човек од збор. Е сетне ке се насмеам, онака ради декор. Немам секси комшии. Половина ми се роднини, половина мали деца. Си сум јас настроена кон младо мефце, ама ова ни мефце не е. Е родителите од овие деца се нешто друго. Нешто што вечно ке мразам. Е тие баш, ми го сечеа обрачот од кошот на млади години и не ги сакам. Ги нејќум! Несекси народ бре! Само мојата куќа зрачи со сексапил колку за цело маало. Јас и баба ми - најсекси комшики. Е не.
Јас имам само еден единствен комшија во маало, оти другите се постари така, ама и вој што го имам не е секси... Ама за во подолното маало ке се најде некој
Имам еден ама за жал има 40 години и две деца Ама човекот е стварно убав, харизматичен, секси... и што уште не! А особено кога коси трева Зашто немав плус 20тина години
Хм. Секси комшиии? Иако има многу млади околу мене, така од далеку не ми изгледаат секси воопшо. Ма и не сум толку манијачела по нив. Ама знам моите комшии имаат секси комшија (оној што ми е мене цимер во кревет). Кога и да продефилираме по улицата, вратови се кршат. Или пак можеби комшиките ми се би ?
Уф навремето ги имаше и тоа толку бомбастични фаци, телца беа абе не ти се прибира дома за спиење. Што?!? Цртаниот филм ми почнал, омилениот мој филм за пред спање, ма пор фавор не ме замарајте со такви детски будалаштини. Мораше до последно да се остане пред зграда да се избуљаат сите фаци дур не ми се прилепат нивни слики во мозоков и тоа доволно цврсто да се запечатат па да ги сањам сите до еден ал најт лонг мхм, мхм... е тоа беа времиња. Сега, од секси комшиите останаа само родителите, а во нив ништо секси. Овие се испоженија, пак единствена варијанта да имам секси комшии би било жените да ги набркаат од дома, да се разведат и вратат дома... Ама ќе треба некако и часовникот да се врати за да им се врати секоја сексуљава клетка у телото нивно, пошто им се има изгубено за време на ручеците и вечерите во новите им куќи. Љубов убаво им делува изгледа, ги чуваат, мазат и пазат, не ко јас ах, живот. Зашто течеш, за каде брзаш?!?