1000000000...% се согласувам. Машките сакаат тигрица во кревет. Ако машко е задоволно во кревет, тогаш врската е 50%погодена,.
Најбитен можда не, ама пресуден, ДА Па да ви кажам право, кога ќе ми речат оти сексот бил само телесно уживање ми иде да му акнам . Јас се празнам и телесно и психички, се олеснувам за сто кила, уживам, доловувам чувства, гњавам, еруптирам и на крај сум целосно исполнета Ако не ме доведе до лудило, како ќе знам дека го сакам, а, како ќе ми течат солзи радосници
Еве јас сум жив сведок дека ништо без секс.Сега сум трудна и немам желба за секс, а маж ми вика почна и на мачките по улица да ми се дига И не ни е тоа тоа , не можеме да се опуштиме во див секс, а таков си имавме почесто, сега ептен ни фали. Ајде ќе издржиме уште 5 месеци, после ке надокнадиме.
Ако нема добар секс ништо од врската. Ќе опстане некое време можеби, ама подолго нема шанси. А може и подолго ако едниот е задоволен, а тој што не е си бара утеха на друго место. Секакви врски има .
Сексот е клучен за успехот на една врска. И да постојат било какви несогласувања во врската , со добар секс се се решава!
Сигурно дека нема да замижам ако е клај го - извај го работава, или не дај боже предигра да мисли дека е фактот што еднаш ме фатил за ц**ка Значи реално, јасно, гласно и при здрав разум кажувам и одговорно тврдам дека Добриот секс е најскратен и најпрооден пат кој доведува до успешна врска! Едноставно нема дискусија на темава, во спротивното можат да веруваат само личности што од 10 годишна возраст веќе почнуваат да си везат чеиз
НЕ е битен сексот , важна е љубовта во врската , може да се сакате без секс , ама ако двајцата сакаат секс тогаш ...
Не е најбитен,тој е најмалку битен.Важни се чувствата и љубовта што е чуствуваш кон некој не е важна страста!
Врска без секс не бидува, што значи да многу е битен. Ама сепак не би рекла дека е најбитен, тука се чувстата, почитта ..
Дефинитивно е една од најбитните работи за да успее една врска. Без добар секс-ништо, пиши пропало. Партнерите мора да си одговараат во кревет, да знаат како да ги исполнат желбите и очекувањата на другиот. Без страст нема ни убава врска. Покрај сексот битни се и други работи, да не набројувам, и сите тие нешта се потребни за квалитетна врска.
Здраво! Во однос на темава би сакала да го кажам моето искуство.Во долга врска сум 8 год. последните три заедно живееме, и точно почетокот на врската, заљубувањето,незаборавен секс, постојана желба за секс и сите пропратни работи беа дел од оваа моја врска.во последно време, последните три години се случија многу работи, од студент станав вработен, секојдневни други обврски и сексот значително се намали.не се срамам да кажам дека е сведен на еднаш месечно а може и подолго...... имам целосно разбирање со дечкото, заедно живееме, ние сме едно...... но сексот изостанува и тоа како баш и на двајцата да не ни е проблем.... знае некогаш тој како машко да префрли засто немаме почесто, како од навика да го вика тоа бидејки од вакви форуми, и статии дека сексот е најбитен, кај нас прави чуство дека нешто не е во ред.... а врската уште еднаш ќе кажам ни функционира најнормално, си изразуваме секојднево колку си значиме ..... нека пише некој со слична ситуација каква што сум, да знам дека не сум сама
Така некако и јас се осеќам. Можам цел живот без секс. а има женски што ако не се смуваат со некој одма имаат промени во расположението, а не па без секс, шизнуваат.
^^ Мора да најдете начин да ви профункционира либидото како што е нормално. Затоа што, верувајте, не е воопшто нормално да немате ниту потреба, ниту желба. Мене ми делува како да сте се помириле со фактот дека сексот не ви е убав, па така би можеле цел живот да истерате. Како може да си дозволите така, не ми е јасно?! Прочепкајте по нетов, читајте, едуцирајте се. Има многу причини што предизвиукваат намалување на либидо, ама тоа не значи дека треба раце да кренете!
ЈАс најискрено мислам дека секоја врска може да опстои без секс и дека е битен фактор,но не е пресуден за да опстои врската. Пред се тука е љубовта,почитта, разбирањето помеѓу партнерите, бидејки ако не го сакате и почитувате партнерот тогаш зошто ви е секој ден секс? Сепак некогаш и бакнеж е доволно,па дури и прегратка за да се чувствувате сакано и исполнето.
Значи кај сите е различно има луѓе на кои првенствено сексот им е најбитен а на некои други не . Еве на пример јас немав појма за сексот и немав никаква желба до мојата 20 година а сега имам 21 Не ме интересирало бре но дојде тој што требаше и почнаа некои возбудувања и мислев дека ќе сака одма откако се фативме а јас невина леле мајко И муабети ова она на дечково не му е битен толку многу сексов и после 7-8 месеци врска нормално имав секс за прв пат и сега ми е онака ништо посебно . А има и некои така што прават како што рече една феминка не сакаш чао пријатно епа сега тоа е нема со сила мене некој да ме тера нАли