Прво голем фан на серијалот сум! Второ првиот дел од филмот ми беше поубав, јас сум таа која сонуваше за свадба на Ѕверката и Кери и до последна секунда ми беше филмот интересен. Љубовта секогаш победува! Луѓе јас на крајот се убив од плачење од среќа, неколку пати филмот го гледав и секогаш плачев Вториот дел ми е по релаксиран, има подосадни моменти, иако изобилува со раскош, пред се е ставено пријателството во пред план, не љубовта како во првиот дел иако и тука беа на патување нели. Е тука драматично беше само среќавањето со Ејдан. Фатаморгана Јас одвај чекам да договорат и да почне трет дел да се снима
Мене многу ми се допадна вториот дел,онака баш е забавен,диманичен едноставен за гледање...Во текот на целиот филм се случува нешто и е баш онака релаксирачки...Не е чудно да седнам овие денови пак да го изгледам
Добар е, ама не ме воодушеви како првиот што го имам изгледано повеќе пати. Сериите ми беа подобри од филмовите.
Филмот не ми е ништо посебно,не го сакам,го гледав и првиот и вториот дел и не ми се допадна.Во кој филм живее Кери и јас не знам,себична,само она и зверката да биле...ме изнервира.Сериите ги следев и ги сакав, ама филмот не! Убаво е да го гледаш ако сакаш да видеш мода. Друго,барем јас,не видов!
Го имам веке 6 месеци на ЦД и никако да седнам да го гледам, но критичарите велат дека тој дел е тотоална утка.
Гледај го, интересен е. Мене овој дел ми беше поинтересен од првиот... Посебно оваа Саманта луда е скроз
И двата дела се супер а и серијата. Вториот дел ми беше малку посмешен, посебно сцената со Саманта кога и паѓаат кондоми а и детето на Шарлот што плачеше како лудо
го имам гледано филмот едно 10 пати интересен ми е мноогу има доста интересни сцени смешен ми е делот коа сите пејат и накрајот кога завршија саманта да се напраи пред фраерот продолжува сама да пее овие ја влечат абе комедија се а и делот кога и паѓаат кондомите хеххе се газев од смеење
Ги сакам и сериите и филмовите, беа супер двата дела, сега тука повторно ги даваат сериите од најпрвата и пак си ги гледам..девојките ги обожавам посебно Кери, единствена ми е...
Ама тоа и беше за да му покаже дека е на масата и да го покани таму Многу ми е интересен, и покрај тоа што го имав гледано неколку пати, дечко ми пак ме однесе на кино да го гледаме и пак се смеев како луда А немам зборови да опишам колку ми се допаѓаше облеката што ја носеа сите четири, а неколку пати споменаа Винтиџ и Луј Витон Ми беше смешно кога се женеа Стенфорд и Антонио а нивните родители ги носеа до Лајза Минели. потоа како луда се смеев кога Кери ја зезаше Саманта за зборот “да“. хехехехехе... .ептен беше смешно. А и тоа со “Д џуд ло“ после ко праша Саманта во хотелот дали фудбалерите го носеле и нивните топки... Леле, цел филм ќе го раскажам..
Серијалот ми е прегледан едно 5-6 пати. Првиот момент кој го имав видено е секс сцена со Миранда и тоа кај другарка. Многу бевме малечки. Филмовите ми се поразлични од серијалот. Некако се позрели, не ја гледам веќе таа живост, но и старички си се нели. Првиот и вториот дел ми се двата со различна убавина. Првиот ме остави без здив додека чекав конечно се да заврши добри и не можев да се помирам со фактот Кери и Ѕверката ги нема. Спојлер Многу бев приврзана. Вториот дел ме доби со цел тој ориентален шмек. Египет ми е во срце, а со него во пакет оди и се поврзано со ориенталниот свет.
^да бе одамна се пишува дека ќе има трет дел....ама со други глумици, помлади....демек ќе се раскажува за времето пред да дојдат во Њујорк ќе видиме што ќе биде
Јас знам дека помлади актерки ќе глумат во третиот дел, но ако е така нека не го прават воопшто нема ни да се потрудам да го гледам, и сигурно е така, зашто овие другите сите се испокарани и самите изјавиле дека веќе нема потреба да се прави нов дел, се што требало да се снима, се снимало и се понудило на публиката. А инаку мене вториот дел не ми беше нешто посебно како првиот, ама сепак сексот и градот е филм којшто нема да го има никогаш во ова светло пак. Исто како Титаник, свети филмови за жените. Ама сепак ке кажам, сериите се најубави