Вчера го гледав вториот дел, мене не ми се допадна, се разочарав, можеби затоа што сум голем фан на серијалот...баш сега ги емитуваат репризите на фокс лајф и пак ги гледам. Мм дури и ми приговара-колку пати си ги гледала и пак ги гледаш... Алооо и 1000 пати ќе ги гледам, класика за мене, не смее да се пропушти Е сега за вториов дел...ме разочара ликот на Саманта-опседната со хормони, со таблетки, цело време едно те исто...цело време само вруќини ја дрмаат (ОК, 50 и кусир год. жена е, ама тоа е Саманта ), жена -секс симбол, жена која зрачи со сексипил, која шармира, флертува, жена која е слободна во сексот, а не климактерична баба. Посебно ме живцираше сцената кога на Саманта и се разлетаа кондомите на пазарот и се дереше како лудача, утка, промашај. Кери-конечно го доби тоа што го сака, но пак е изгубена, пак се двоуми, пак е незадоволна...бла, бла, бла..што и требаше да се сретне на вечера со Ејдан, па уште отиде и полугола, со ориентална шминка...и да, мораа да се бакнат, а за награда доби дијамант од м-р. Биг ...да, важи Ликовите на Шарлот и Миранда се истите, без изненадувања...Шарлот се крие позади насмевката, не признава дека нешто не чини, не признава дека е уморна, си прави како и секогаш маска, а Миранда е приземна, сака да биде успшна и на работа и дома, и добар адвокат и добра мајка, што е сосема во ред. Најреален, и нешто што мене ми се допадна, е разговорот помеѓу нив кога признаваат дека се трудат да се совршени, но дека сепак се само луѓе. Музиката, ориентот, плажата во Абу Даби, модата...тоа е во ред, прекрасни фотографии, тука режисерот има огромно , ја доловил сликата на Ориентот и делува примамливо. Но, подобро ќе гледам репортажа за Средниот Исток отколку пак филмов. Првиот дел го имам гледано неколку пати и ми е интересен, а овој дел од мене добива НЕ.
Нема човек што повеќе ги сака од мене овие четириве, ама вториот филм, рака на срце - ужас. Сите се одлични глумици, не знам зашто толку лошо одглумеа во овој. Ко да не се ни трудеа. Пластично. Саманта ја сакам многу али ни насмевката не ѝ е веќе истата од корекции, скрос друго лице има во вториов дел. На сите им` се познаваат годините, факт, ама оваа не можев да се помирам колку е испеглана, не личи на себе. Мене ми е, да речам, со оваа фаца останата во сеќавање од серијата. А во двојката, друг човек!
Тотален промашај. Првиот дел ми беше преубав, се изнаплакав кога Биг и кажа на Кери дека нема да се појави, а таа облечена во невестилник...па и последната сцена на крај... Вториот дел како да ги фрли во вода сите нивни особености кои ги гледавме постојано низ сите епизоди и извади на површина четири очајни и неуротични жени...Шарлот после толку патење за љубов, дом, деца, семејство ја гледаме како несреќно кука дека било претешко да си мајка, и тоа со дадилки, слугинки и плус невработена! (Како ли ни е на нас?) Миранда си остана тука негде стандард како и што си беше... Кери? Очекував да ја видам во некое позрело издание, стабилна, смирена, среќна, па нели е со Биг? Бакнежот со Ејдан и онаа сцена како му се препи*чава на Биг како седел дома, не одел на забави, а тој искулирано и вели да се заедно неколку дена во неделата а другите денови да се одделени...Што значи тоа? Досадна си стара? Зар ваква љубов очекував јас низ сите серијали? И демек на крај седнува со него и гледа филмови, прави компромис де...до кога? До утре сабајле додека повторно не ја мавнат мисли, прашања и преиспитувања... Според мене на крај сите требаше да останат сами, така ми се чини ќе беа најсреќни...
Според мене не требаше воопшто да се снима филм. Ни п1 дел ни втор дел. Супер се си заврши, зашто мораше да упропастуваат со филмовите?? И да, освен Сара Џесика Паркер, ги видел некој од вас другиве во некој филм после серијалов?? Мислам, ја уништија магијата на серијата.
Го гледав вториот дел затоа што изгледа немав што попаметно да гледам,а првиот не сум го гледала. И не велам дека е лош филмот но не е ни добар а пак далеку од одличен.Некако ми беше површен,дебилен,без поента. Серијата ја пратам поради тоа што ми е интересна но никако не можам да се поврзам со главните ликови.Некако и во серијата се многу нереално претставени,се сомневам дека таков тип на жени има и во Њу Јорк а не пак овде. Но за филмот ми беше зборот.Кери незадоволна а поради што и самата не знае .На дамите им досади од животот па ќе одат во Абу-Даби но и таму нешто не им е по ќеф и кога да видиш завршил филмот.Нема ништо вредно за гледање,добро можеби неколку хумористични реплики и тоа е.
Мене па и првиот и вториот дел ми се супер. Ги имам изгледано по неколку пати и пак можам да ги гледам! Воопшто не ми се глупави филмовите или досадни напротив, ептен ми се интересни.
Исто и на мене ми се допаѓаат и првиот и вториот дел на филмов. Посебно вториот, пресмешен ми е на мене и незнам зошто актерките ја освоија наградатата за најлош филмски ансамбал, не требаше.
обожавателка сум на "сексот и градот" омилени ми се...дури сакав и книгата да си ја земам од библиотека да ја читам
Вториов дел повеќе беше за да се прикаже раскошот, отколку што имаше некаква уметничка вредност. Според мене... не им требаше. Не сум фасцинирана воопшто. Мислам.... ги обожавам ликовите, духот на серијалот, ми се допадна и првиот филм... ама вториов цк Тоа со Ејдан како се сретнаа.... го претераа искрено. ПРЕфилмски некако. А-а. За костимографијата просто немам коментар
луѓе дај те линк каде да го спуштам филмот појма немам немам никогаш спуштано тоа секогаш беше работа на дечкоми па не се ни заинтересирав...
ооооооооох најубав филм се пронајдувам во Кери 100% јас инаку, не сум плачка, ама на крајот на 1виот дел се расплачиииив ама плачев како да ме тепа некој, како да сум ја разбрала најлошата вест на светот , поточно се расплачив кога на крајот, кери влезе во апартманот и лепотаноооов*** ги држеше нејзините штиклиииии, ама леелеее какви солзииииии полеав хахахахаххаха, страшни работи Друга работа, во првиот дел бев страшно изненадена од Саманта Таа да се воздржи? Да готви за некого? Пријатно се шокирааав! ... Вториот дел го гледав исто така, сега брзо, бешее мнооогу добар, ама не се воодушевив како на првиот дел.. Најаинтересн ми беше делот каде што бегаа од хотелот и кога тие женските му се расоблекоа во бренидирана облека.. И слатко сум се изнасмеала во делот каде што пееа караоке и кога саманта ја одведе полиција заради односот со оној сексииион
Го гледав на тв кога искочи, тогаш уште ги имаше тие програмите од близу за нови филмови. Нема некоја содржина ептен интересна, ама облеката, сцените, чевлите, всушност целиот град - милина. Најинтересна ми е сцената кога на Саманта ќе и испаднат кондомите од ташна.
http://www.filmovizija.com/movie/sex-an ... 5d08d.html http://www.filmovizija.com/movie/sex-an ... 0c164.html само јас ги немам гладано и ке ги гледам вечерва