Не ми се верува , безброј пати ги имам гледано епизодите,а го немам приметено. Во која сезона,која епизода се појавува?
Да знаете од кај може да ја симнам или да ја гледам оnline? Ја имаше на замунда,но сега нема ни трага од серијата,го има само филмот
Не знам која по ред епизода ама кога Кери прекинува со Ѕверката поради тоа што тој оди во Париз и оди на психолог за да си реши некои проблеми. Таму го запознава тој што го глуми Џон Бон Џови .
Ја има на замунда оди на крај од пребарувањата ги има сите сезони, јас последната ја симнав пред 1 месец.
Ја имаше до скоро,и јас си ја симнував од таму и си викам ајде сезона по сезона ќе си симнувам,ни на крај памет не помислив дека ќе ги тргнат од замунда. Ја изгледав втората сезона(по не знам кој пат,затоа и ги избришав претходно дека многу ја гледам таа серија) и одам да барам трета сезона-ништо нема! Само двата филма а од сериите нема ништо,се тргнале. Појма неам зошто така,ниту пак можам да ги најдам на друго место без да закачам вирус Во втората сезона,епизода 13-Games people play
Епа супер, баш отворив и јас да видам сега и имаш право, ги тргнале.. го на**ав сега, ми ги оставија само првите две сезони при форматирањето, треба и јас да ги симнам... ај може ќе ги има за некое време
Ја гледам на фокс лајф, Сабота и Недела, зашто незнам од колку игра од Пон до Петок незнам ни која сезона ја даваат, битно интересна ми е серијата
Специјален гостин беше, баш синоќа ја даваа епизодата. Сега од 13:10 ќе ги даваат реприза 4 епизоди, третата по ред ќе биде таа епизода. А за во сабота и недела, малку им се измешани, погледнете на програмата на фокс лајф. Во секој случај тоа се репризи.
Пак си ги симнав сите 6 сезони, цедињата ми се стари, излижани, испревртени, ми кочат и не ми се читаат убаво. Единствената серија со рекордна гледаност, над 10 пати ја имам изгледано целата, болест ли е - што ли е? (болест, болест). Инаку, Бон Џови се појавува во серијата да, токму во таа епизода што сте ја кажале, кај психијатарот. Потоа друг интересен детаљ, еден од ретките кои се појавиле двапати во серијата, Justin Theroux (свршеникот на Џенифер Анистон), меѓу првите епизоди, кога ќе ја покани Кери со Стенфорд на журка (ќе ѝ се пофали дека го избрале за најсекси личност под 30 години во Њујорк) и епизодата во која ќе ѝ глуми дечко кој ќе има проблем со предвремено свршување. Спојлер Миранда, иако носи обетки во серијата, немала дупнати увца. Сите обетки за неа биле на штипка. 5 сезона е најкратка со само 8 епизоди (поради бременоста на Сара Џесика Паркер во реалниот живот). 6тата сезона е најдолга, со вкупно 20 епизоди. Од сите жени, само Кристин Дејвис (Шарлот) нема добиено никаква награда за портретирање на ликот во серијата. Останатите три сите имаат награди.
Јас вчера ја догледав серијава,и малце си поплакав дека беше последна епизода . Од сите ликови омилена ми е Саманта,поради отвореноста,дрскоста,самоувереноста и според мене е многу цврста,силна жена. Кери ми се допадна поради тоа што е ексцентрична,и поради смислата за хумор. Миранда најмногу поради тоа што не веруваше многу во љубовта,поради тоа што не беше романтична и некако приземјена ми стоеше во врска со мажите,не се залетуваше премногу. Шарлот најмалку ми се допадна,ми беше преемногу романтична,премногу веруваше во љубовта,кој и да го запознаеше одма планираше венчавка,деца,свадби,некако и сметаше многу што е сингл,за разлика од другите ликови. И последните 2 епизоди многу ми се допаднаа,дека беа снимени во Париз,па и француската музика во позадина,мх мх милина И ќе направам мала пауза,па пак ќе почнам да си ја гледам .
Абе, јас пак да прашам Знае ли некој од каде да си ја симнам,на Замунда веќе ја нема Барав ама неуспешно,добив само вируси-ништо повеќе
Во топ 10 мои серии па би ја ставила на второ или трето место...ја обожавам и има епизоди кои и над 5 пати сум ги гледала.Девојките се супер, и секоја епизода на крај поука, која секогаш ти помага во животот. Додека долгометржниот филм исто така ми е супер, особено вториот дел, кога девојките се во Абу Даби...и кога на сред улица на Саманта од ташна и паѓаат кондоми, нејзината реакција
Филмовите ми се BS, излимунадизирани до бескрај, а серијата беше супер ми го одбележа средношколскиот живот. Ги имав сите епизоди и секоја вечер си гледав по 2. Пред некој ден сеа прочитав дека сите алишта, чевли и др. додатоци кои овие 4 ги носеле за време на снимањето на серијата, им ги подариле спонзорите да ги задржат. Значи сите! Од сите 6 сезони! Си помислив „па тоа е многу облека“, ама мора да се признае дека толку добра реклама им направија на сите тие брендови (особено на Маноло Бланик и Шанел) што додека серијава “живее“ и се гледа, немаат потреба од ниту една единствена додатна реклама.
Oваа серија беше многу добра од сите аспекти. Морам да признаам дека и првиот филм беше одличен, што не беше случај со вториот. Sex&theCity беше и остана една од најдобрите серии некогаш снимени. За модата нема ни да коментирам 4 различни карактери, 4 различни модни концепти, 4 совршенства.
Една од подобрите серии кои што сум ги гледала. Онака кога го сушнеш името ќе помисиш што серија ќе беше оваа,истото го помислив и јас,но по препорака од сестра ми почнав да ја гледам.Серијата може многу да не научи,најпрво како да се сакаме самите себе си,посе доаѓаат врските,пријателите... Кери е главен лик и на почетокот не ми се допаѓаше,но во текот на сезоните како ги гледав се повеќе ја засакав.Најинтересно е тоа што со кого и да биде пак се враќа кај Биг.Единствено не ми се допадна тоа што го изневери Ејдиан,можеше да го остави и да си биде со Биг.Во главно ја сакам нејзината улога а и двете сме опседнати со чевли. За Миранда можам да кажам дека е стегната,приберана,но со Стив научи да прави компромис. За Шарлот сакаше вистинска љубов и ја најде.Само што требаше два пати да се мажи,најопасна излезе од сите Саманта најнеомилен лик.Не знам некако ногу ама многу слободна и не знам како ја трпеа пријателките само да зборува за секс. Во главно крајот на серијата ми се допадна,многу романтично
Сега ја гледам 5-та сезона, и можам да кажам дека Кери во оваа сезона е благо речено неподнослива и страшно иритира нејзиното лигавење. Цела една епизода ја утепа со тоа што девојката на Ејдан после неа знаела се за откачувањето и ја мрзеше, и оваа ги давеше цела епизода, не сфаќајки дека Миранда си има поголем проблем од нејзиното кукање. Не се запраша ниеднаш како и е, ко да имаа сите фобија од бебето. Ја молеше Саманта да и дојде на промоција, и кога дојде со црната шапка ја бркаше да си оди, затоа што ќе и ја нарушела нејзината промоција. Друга епизода за бубуљицата - кратер се фати, ко да е едина жена на која и се појавила толкава бубуљица.
Моја омилена серија, ја обожавам. Серија која е поучна од многу аспекти: како траба да изгледа вистинското другарство, совети како да се справиме во различни ситуации, љубов, секс, мода, забава...се во едно. Комплетна серија, освен делот каде што многу е преувеличена Кери, нејзината опсесија за чевли е прекумерна, заглавена во долгови, а купува чевли секој ден и од колумнист во весник успева да плати кирија за стан во срцето на Менхетен, да излегува и да купува брендирана облека и 100 пара чевли. Ги имам сите сезони на ДВД, а ги гледам и на Fox Life во вторник во 20:00. Сега ја даваат 5тата сезона. Вооедно мене ми е и најубава 6тата сезона, а ми се допаѓа и 1 дел од филмот.