Во среношколските денови во слободно време се оптегнував на кауч и заедно со брат ми (серијава му е guilty pleasure, a богами и на мене) јадевме сладолед директно од кутија и си рушевме рекорди на епизоди гледани во една вечер. Мислам дека сите епизоди ги знам на памет. Ги обожавам значи и никако не можам да издвојам омилена од женскиве кога сите се посебни и свои, прекрасни. И секогаш си имав слика од себе, во некој туѓ град, живеејќи животот како од серијава. Добро де, уште имам.
Ја обожавам серијава, една од моите топ 3. Ги имам изгледано сите сезони по милион пати ( и уште ги гледам на Фокс Лајф) и двата филма. Ги обожавам цитатите, а и ликовите, сите толку различни а градат совршено пријателство. Кери ми е најреална и најприземјена и столбот на серијата, Саманта жена за сва времена бе, знае што сака и уво не ја боли за другите, Миранда секогаш смешна со тој нејзин сарказам, а Шарлот ми е најслатка од сите, и најинтересна. Класика, и 10-20 години да поминат пак ќе ја гледам, никогаш доста.
Има нешто што секогаш во некои депре/стрејнџ-мудс, се навраќам да ја гледам пак одново и одново. Далеку од тоа дека на овие години се пронаоѓам и сочувстувам со неа, ама па и еден добар стрес рилис ми е и бег од жутата реалност. Башка не е можно да не се насмееш на глупостите на Шарлот Спојлер
На сабајле ја даваат на Фокс Лајф,по милионити пат,и јас пак си ја гледам..Не може да ми здосади во никој случај,посебни се сите ликови на свој начин.. Саманта ми е ептен жена на место и доста мудра,има многу повеќе во нејзиниот лик од СЕКС Си ја сакам Шарлот оти си е вечен романтик,најголем верник во љубовта и најмногу се бори. Кери ми е малку исфрустрирана,како низ цела серија да не знае што сака,ама си го најде патот и она Миранда си е сталожена,на моменти озбилна како да не припаѓа со другиве,а на моменти луда и забавна. Абе си ги сакам сите подеднакво... Ова ме опишува комплетно.. Спојлер BIG Спојлер
Баш женска серија Онака ја гледаш и ужуваш во сопствената женственост. Сите ликови се доволно различни за секоја да се пронајде во некоја и доволно слични за да функционираат така одлично. Да ти е мерак да ги гледаш, да им завидуваш на искреноста и смелоста.. па дури и понекогаш да се насмееш Да бидам искрена, стилот на облекување не ми се допаѓа секогаш, да не речам дури и дека ми е грд во некои епизоди но и самото тоа кичерајско комбинирање на работите ми е симпатично кај девојките - И јас исто ------------------------------------------------------------------------------------------ Не сум ги гледала онака редоследно по сезони, ама мислам дека не сум пропуштила многу епизоди со оглед на тоа што ги даваа на многу телевизии Е сега, ми фали едно делче од сложувалката што не знам дали сум го пропуштила некаде или не е воопшто кажано, па ајде да прашам: Се знае името на Биг? И зошто го викаат Биг (дали е ради тоа што мислам дека е ) ?
Сум ги гледала и филмовите ама не сум меморирала изгледа Нема везе.. Фала Баш сакав да знам А и ептен му стои името
НАЈУБАВАТА серија просто ја обожавам иако премногу пати ја имам гледано а овој дел преку 100 пати едноставно се пронајдувам во зборовите од Кери http://www.youtube.com/watch?v=CdR-vMnQDsk
Аххх љубов најголема ми е серијава , стилот , пријателств ото , а и многу нормално сексот и градот како главни преокупации на Кери,Саманта,Шарлот и Миранда ма го обожавам секој детаљ. Омилени ми се Кери и Саманта . Инаку Кери и нејзиниот Mr.big ми се малку детинеста двојка во смисла за какви глупости се караат , но сепак се гледа дека вистински се сакаат Се на се безвременска е серијава можам да ја гледам одново и одново Некои муабетчиња и на памет им ги знам хухуу
@BabyStyle каде ги гледаш? Немам ниту една сезона онака епизода за епизода изгледано, скини врзи на Фокс па сакав да ја почнам убаво од почеток дур не дошла колоквиумска
Ги симнувам директно од торент ... еве ти ги сите сезони ... http://kickass.to/sex-and-the-city-the-complete-season-1-6-18disc-pal-dvdr-suki-t1002683.html
Дали е до мене, не знам, но секој пат кога ја прегледувам, Кери ми е се подебилна и поинфантилна... Може е до мене, не велам не. Интересно е како со пишување на колумна во некој третостепен весник чоек може да си приушти сто пара маноло бланик... Не знам. За филмот не коментирам. Умствено убиство.
Каде можам да ја гледам/симнам 6та сезона? Ги изгледав сите сезони до 6та на една страна, али неколку епизоди фалат од 6та сезона и не можам нигде да ги најдам, помош?
http://gledajseriju.com/serije/sex-and-the-city/ https://serijeonline.net/serija-sa-...y-sezona-6-sa-prevodom-hd-online-serijeonline
Го видовте ли тизерот за новото продолжение? Јас уште не можам да си поверувам дека планираат да го тераат продолжението без Саманта. Се надевам нема да биде ептен дебакл. Ич не сакам продолженија на вакви култни серии зашто немам надеж дека ќе испадне нешто што ќе му парира на оригиналот, ама ќе гледам од љубопитност.
Знаеш дека се изнервирав кога прочитав дека ја нема Саманта Сексот и градот без Саманта не оди. Али ај ко шо викаш, ми мириса на дебакл. Што се случи со Беверли Хилс? Има продолжение?