Јас сум среќна се додека има филмови во кои актеркиве се заедно. Нема да биде ништо исто, очекувањата ни се Ама ќе бидат тие заедно повторно, најважното. И многу ќе фали Саманта .... И ќе го чекам со нетрпение
Официјално потврдено: Доаѓаат 10 нови епизоди од „Сексот и градот“ : https://taa.mk/kultura/film-i-tv/oficijalno-potvrdeno-doagjaat-10-novi-epizodi-od-seksot-i-gradot
Без Саманта и сега прочитав шпекулација дека и Mr. Big нема да се појави, наводно неговиот лик е мртов според сценариото.... Може е само лоша шега ова
Ги изгледав, двете. Морав, од почит кон едно време. Што да кажам? Небитни, нехаризматични нови особи, неповрзани ситуации кои не водат никаде, сиромашен текст во сценарио, често на ниво -убила ме туѓа срамота. Ко да не знаеле со што да пополнат време па земале разноразни теми актуелни во поновово време и ги нафрлиле онака без врска. Очај.
Yep, I agree. Хорор, сквернавење на нешто што е култно за голем број на жени, тотално уништување на ликот на Миранда, силна, без влакна на јазик, и саркастично - смешна. Кери била стално симпатично annoying, сега е само крајно иритантна. Шарлот епизодиве изгубена во простор и време, ко у 2Д да постои, не у 3Д. И што беше за објаснувањето зашо Саманта ја нема, најкултниот лик. Жена што не се љутеше за ништо, жена што рака у оган ставаше за другарките, секогаш и беа на прво место, а мужите на второ, жена што им прогледуваше низ прсти за секакви гомна, да ја "решат" на онаков прост и глуп начин. Како љута тинејџерка да е, а не Саманта, 60+ годишна жена. Продолжениево не постои. И 2та филма не постојат. Постои само серија, прибежиште на едно убаво време, сеќавање на нешто што стварно е исконско за секоја жена. У-Ж-А-С.
Јас уште не можам да разберам што им требаше продолжениево? Со која цел, поента нешто? Пошто логика секако нема, не знам што остана недоречено па да има потреба да се смислува нешто ново. Ги изгледав и јас двете епизоди и цело време зјапав во чудниот филер во устата на Шарлот. За другото нема потреба да се збори - очај.
До крајот на првата епизода, мене и не ми беше така лошо. Имаше голем потенцијал и материјал кој може да се обработи подлабоко во наредните 10 епизоди, ама од втората претпоставувам дека само така ставиле неколку моменти колку да сфатиме дека се woke. Се надевав дека продолжениево ќе биде послично на серијата, отколку на двата филма, ама за жал не е така.
Јас сум слаб карактер па ја догледав и втората. Спојлер Ко да не беше доволно Саманта што ја нема, мораа да го убијат и Биг. На 6 сезони и толку епизоди, па дури и 2 филма, не им текна на вакви трагични сценарија, се беше забавно и да го гледаш со релакс. Сега ми е апла некако тмурно. Биг колку и Кери ја правеше серијата, буквално да не беше тој, Кери немаше да постои. Другиве жени можеше да ги замислиш сами ама чим ја видиш Кери ти текнува на Биг. Ужас до бескрај. А да не зборам и за Вили Гарсон што почина само пред некој месец. Серијата ќе остане и без тој карактер. Ми е жал што го почнав продолжениево, ми се уништи целата слика за серијата. Мене највеќе што ми привлече внимание е исфорсираниот акцент на Стив. Едвај го слушам кога збори, живцира.
Спојлер Јас ко што знам и Биг ко Саманта не сакал да биде во продолжението, ама затоа што е во океј односи со екипата, веројатно се нафатил на една епизода. Ама пак, можеа да го пратат во Лос Анџелес, или што знам. Мене ми е криво за Миранда, ептен бабичка ја направиле.
Разочарувачки. Па и двата филма беа колку толку подобри од овие 2 епизоди. Спојлер Посебно разочарана од смртта на Биг.. поглупаво не можеше да смислат