Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексот и градот (Sex and the City)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ivance5, 23 јануари 2010.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    Идиотите од тајм.мк пишале што ќе се случи без да стават спојлер и нормално, прочитав.
    И цел ден се спремав за тоа де.

    Снимиле баш ко што треба да снимат. Реалноста.
    Реалноста е дека не сме вечно млади и полни со адреналин одиме на космополитен, запознаваме милион "хот гајс" кои едвај чекаат да се соблечат.
    Реално е ова.
    И ако доживееме до овде да стигнеме, па уште и со партнер и неколку добри пријателки кои цел живот ги знаеме и ни се подршка... сме имале навистина квалитетен живот полн со спомени.
    Точно. Порано беше поинтересно. Но што да очекуваме од Кери на 54 год? Мадона да ја изиграва!?
    Мене ми се допадна. Јес да се утепав од плачење.
    И јес да ми е криво што пандемијата изгледа толку ни влезе во психа на глобално ниво па и драги ликови од серии ни умираат.
    Серијава ја пратам од 17 год. Немам поим колку пати ја имам изгледано до сега.
    Дека Кери ќе застане на нозе после ова, ќе застане. Само да не ја усерат на крај.
     
    На andrejko82, Cosmic Girl, Nikolina35 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Каде ја има да се гледа освен на HBO?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    60.805
    Пол:
    Женски
    Више сите знаат што ќе се случи, така што не ставам у спојлер, ако некој нема гледано нека не чита.

    Не е до тоа што го убија конкретно тој главен лик. Мене тоа воопшто не ми пречеше, дури и сфаќам кај иделе, full circle, се запознаваш, имаш живот со некој и на крај си одиш.

    Проблемот со серијата е што е направена нешто што не е. Пак ќе се навратам за отсуството на Саманта. Кери и рекла дека не ја сака више за pr, и оваа толку се навредила што отишла у Лондон. Во кој универзум Саманта е butthurt тинејџерка за тоа нешто да го направи? Па таа стоеше покрај Кери за илјада пати поголеми гомнарии, секогаш лутината и траеше кратко. Па уште љута на Шарлот и Миранда. Зошто? Ај оваа и се огрешила, Шарлот и Миранда што и се криви? Во кој универзум нема да дојде на погреб да даде поддршка на девојка што и била столб цел живот, значи невозможно е. Подобро да речеа дека е у Лондон само, или да речеа дека е некаде заради работа, нешто што да е. Ова беше толку ниско и bitter, се гледа дека се уште наапани дека Ким не им прифати, па ај сеа ќе кењаме на ликот.

    Второ, имаше обвинувања дека серијава била расистичка оти биле 4 бели другарки. Во кој универзум беше серијава расистичка не ми е јасно, кога и Саманта и Миранда имаа црни дечковци? Тоа што меѓу 4те немаше црнкиња не ги прави расисти, ама апсолутно никако. И сеа као демек да се исперат дека не се расисти, на Шарлот прават black Шарлот, Миранда која беше адвокат кој е бахемот ја прават смотана, дебилна глуперда која прави и збори глупости само за да не се наљути професорката. Бог да чува и да брани.

    Тие што требаа cameos да имаат, исто ги направиле малоумни, значи не знам што да искоментирам на тоа. Жими секретарката океј беше.

    После имаше обвинувања дека анти-лгбт била. Исто како е тоа не ми е јасно кога серијата имаше геј ликови у 98ма, како Стенфорд, па и Саманта имаше едно време девојка. И што е решение за тоа? Ај Кери ќе ја викаме cisgender white woman. Глупости.

    Сексот и градот е серија за љубов, за врски, за другарство. За живот. Еве идејата со Биг да го нема е добра, наместо фокусот да е тоа, фокусот се губи од другиве глупости. Не дека тие треба да се пијанчат и да искачаат како пред 20 години, ама можеше многу поубаво да се среди сето тоа.

    Моментот коа Миранда се жали дека згазнала на користен кондом, Шарлот на тоа враќа дека барем заштита користи син и, па Кери се убацува дека well the condom is half full беше единствена смешна реплика, нешто што резимира на она што беа сериите.

    Јас сум прва за да ги издриблам сите што се расисти или хомофоби. Ништо не мрзам поише од нив. Ама серијава ниту е едното, ниту другото и стварно не гледам потреба зошто беше толку ниско напаѓана. А одговоров е лош.
     
    На Harper, mazikeen, Matotheja и 15 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Значи сепак и ти се согласуваш со идејата дека се што е пренагласено во денешните серии е всушност бизарно, непотребно и крајно иритантно?
    Туку да си кажам мое гледиште за новиве две епизоди. Серијата и филмовите беа гледани поради Саманта. Уште кога прочитав дека одбила да глуми во новото продолжение, знаев дека серијата ќе биде начиста бљуваница. Единствен искрен лик со јасна дефиниција што сака, хумор на врвно ниво и женственост во права смисла на зборот. Шарлот ,,конзервативката", добро, во нејзиниот сопствен свет, целосно се има уништено со пластични операции. Што е толку потребно да буташ ботокс, ако полни усни не одговараат на сечив лик. Инаку карактерот го има задржано горе доле. Миранда во новиве епизоди е скроз уништена. Жена претходно прикажана со бистрина, успешност, цврст став, сега буквално како дебилче е, како сенилна, не знае за просторот и времето. Единствено Кери остана иста, како крајно најантипатичен лик од самиот старт. Се се врти околу неа, себична, само она има потреби и само на неа и треба поддршка за се нешто. Уште и вика на Шарлот, по смртта на Биг, не го прави ова како да се се врти околу тебе. Ало жено, до збор не доаѓа никој од твоите цимолења током првичните серии, филмови и сега. И на крај и Биг го утепаа, додека вежба на справа, подобро со снајпер да го стрелаше русинот бивши на Кери, јер руска мафија, со поголемо достоинство ќе умреше.
    Драма со 0.00001% хумор.
     
    На TheDreamGirl, Cosmic Girl, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    60.805
    Пол:
    Женски
    Не. Апсолутно се потребни такви серии и ги гледам сите. Има прекрасни серии што ги опипуваат тие теми и тоа го прават на многу добар начин. Сексот и градот прво нема за што да се искупува затоа што можеби е една од првите серии што опишува сексуалност од женска гледна точка и апсолутно не е хомофобична, ниту пак расистичка. И нема зошто да се правда за нешто што не е.

    Истово и на friends им се случува, истите напади кои се максимално неосновани.
     
    На crimson, Bridget, BlackAndWhiteSwan и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Јас мислев Саманта ќе биде починатата нели ракот и се вратил, леле со каков мизрен изговор ја 'отстраниле' во Лондон, ама да да бидеме искрени сите на времето ги чекавме сцените со Саманта, Ким може слободно да се преименува во Сам:lol: :d: :P сцената со јазичето леле:D
    Друго го умреа него на справа да ја рекламираат после справата, типична евтина реклама, по мислењава што ги прочитав не ни планирам да ја гледам ја разводниле и уништиле ради маркетиншки цели и потреба да се вклопат со новото нормално. Ама по ова што читам најжал ми е за Миранда, како бе ја направиле:fubar: ау жената беше гром во поранешните епизоди:muscle:
     
    На Nefertiti., Cosmic Girl, BlackAndWhiteSwan и 2 други им се допаѓа ова.
  7. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    3.339
    Пол:
    Женски
    И јас по се што прочитав, во кој правец идат ликовите, приказните is a no-go from me. Видов и некои сцени на YouTube но не ми привлече внимание или ми предизвика желба да го гледам revival -ov. А и без Саманта серијава ми е ко тело без душа. Омилена ми беше. The heart of the show.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.133
    Пол:
    Женски
    Третава епизода не беше толку лоша, можеби.
    Претерано ми беше малку ова со Наташа, да и остави толку пари, некако што знам.
    Не ми се допаѓа и што сега се трио и рамнотежата не е иста. Шарлот е како отфрлена, Миранда и Кери се бестис, ама Шарлот не е во кругот.
    Кери си е се уште никаква пријателка, колку смешно само ги отфрли грижите на Шарлот за пиењето на Миранда...
    Прочитавте за сексуалните обвинувања за актерот кој го игра Биг?
     
    На KateKane, Kate Rina 93, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Само што ја изгледав третата.

    Пак ќе кажам, enjoyable ми е за гледање, ама ептен некако ко да нема одреден правец серијава.
    Тоа со Наташа се сложувам дека беше ту мач. Тој дел ептен ми беше ко да немале идеја што да стават во серијата, па ај на иста слава ќе пробаме. Исто така очекував дека во третава епизода ќе има повеќе со Миранда и факултетот. Исто мислев дека она ќе сфати дека ту мач збори, па ќе беше малку почил на забавата на која отиде.
    По трејлерот мислев дека серијава повеќе ќе се посвети на животот надвор од нивното пријателство, ама вака навистина се чувствува отсуството на Саманта.
    Не, што било?
     
    На Matotheja, KateKane, Kate Rina 93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.133
    Пол:
    Женски
    Две жени излегле со изјава дека ги силувал. И двете со скоро исти приказни, иако не се познаваат...
    Рекламата од пелотон што ј имше направено ја повлекле веднаш.
    За Миранда исто изгледа немаат идеја што да прават. Во прва сезона мислам беше се бакна со женско и не и беше ок, што сега пак тераат нешто такво, иако е нонбајнари ликот, зошто само сакаат да и ја уништат врската со стив, некако баш е разочарувачки.
     
    На KateKane, Kate Rina 93, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.375
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Не знам дали гледам Сексот и градот или фор ју пејџ од ТикТок.
    Многу мејнстрим теми за кои, ДА, треба да се збори ама не мора баш во оваа серија.
    Скроз е уништена.
     
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Не сум изненаден...
    Ама мислам дека од старт беше јасно дека во серијава главна тематика нема да е сексот и врските. Затоа и го сменија името во And Just Like That...

    Јас мислам дека навистина добар approach има серијава, само не е обработен ко што треба.
    На пример тоа што ќерката на Шарлот е нон бајнри супер се поклопи со стенд ап шоуто на Че. Доколку Миранда збори повеќе за проблемите со синот, исто така мислам дека можат добри теми да се обработат. Исто така може да се збори повеќе за тоа што ја натерало Миранда да запише уште еден факултет. На тоа само две секунди одвоија.
    Знам дека кога се планираше трет дел на филмот во 2018, писателите имаа идеја да се опфати и MeToo движењето, засега од тоа нема ништо.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TaniBanani

    TaniBanani Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас искрено се сложувам со тоа дека има зошто ја класифицираат серијата како хомофобична, и можеби малце расистичка.....
    1. Хомосексуалците се 100% преставени како пародија и полни со стереотипи...
    2. Се сеќавате Саманта кога беше во врска со жена, и коага викаше дека можеби е би....тоа беше преставено како фаза...мислам не знам многу, ама знам дека сексуална ориентација не е фаза..
    3. Расистичка оти во 10 години единствено подолг контакт имаа со асистентката на Кери што не беше бела, значи правиме муабет за Њујорк каде само 1/3 од популацијата е бела и сакаат да кажат дека 4 сексуално активни девојки само имаат 2ца црни интимни партнери...и не најдоа некој да им биде пријател што не е бел...

    и ова до некаде е надминато со новата серија, Кери и Шарлот ми имаат ок девелопмент, Биг...никогаш не сум била фан....а Миранда е тотално уништена како карактер.... бизнис жената која имаше успешна кариера и беше технолошки каде каде поедуцирана од сите во тоа време, која сама си купи куќа ...не да рента ко грото американци ја купи...е само една тажна исфрустрирана женичка...жално
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Расистичка и хомофобна била, мај ес. Таа политичка коректност ги кошта гледаност, која е опадната до максимум, лоши коментари, разочарани фанови. Серијата моментално опфаќа се, само она за што всушност беше наменета. Изгубена поента, изгубени ликови, изгубен хумор. Е сега за да се доближат кон другата популација, решаваат да внесат non binary лик како Че и ќерката на Шарлот, плус уште два црни ликови, што буквално само сметаат на шоуто и не ни знам што сакаат да постигнат со истите. Од одлична серија, спадна на ниво на медиокритет. Јас колку што знам, треба реалноста да се прикаже, и моментот кога Саманта изјави дека е би, тоа се тие коментари што следат во реален живот, ако ги негираш тие постоечки коментари, значи формираш една заблуда кај публиката дека нема хомофобија, нема расизам, нема буквално ништо.
    Во секој случај, она што постигнаа со првичната серија и филмовите, нема воопшто да го постигнат со новово продолжение.
    Можеби Саманта да прифатеше, ќе имаше и материјал за гледање. Очигледно паметна е жената што не прифати да биде дел од оваа бљуваница од продолжеток.
     
    На simoncelicius, Matotheja, TheDreamGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  15. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Не ги читам коментарите за серијата што сте ги пишале, ама онлај на други места само на лоши коментари наидов. И баш се чудам зошто толку негатива, до 3та епизода сум и серијата ми држи внимание. Можеби има некои млаки делови или сцени, ама не би рекла дека е лошо продолжението на серијата. Тие што викаат дека ликовите лошо глумеле или не знам како ги упропастиле очигледно имаат заборавено оригиналната серија на моменти колку површна и патетична беше. За времето во кое излезе беше groundbreaking и fresh, контроверзна и затоа стана хит, прв пат слушнав за многу работи поврзани со сексот од таа серија. Сепак бев 8мо оделение кога почнав да ја гледам на мтв, но да не заборавиме Кери одсекогаш била лик од приказните, зашто Кери не е реална личност, Кери е фантазија. И не заборавајте ова е серија не документарец, идејата е да забавува и да провоцира со табу теми поврзани со сексот и животот на возрасните, зачинета со феноменална мода out of this world се тоа вклопено во прекрасните локации во Њујорк.
     
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    60.805
    Пол:
    Женски
    Веројатно си помлада девојка, па подоцна ги имаш гледано сериите. Нема врска, не се согласувам.

    1. Никој не е претставен како пародија. Јас се сеќавам дека бев во основно кога се емитуваше серијата, па во околина зборот геј не смееше да се спомне, а камоли да го има на серија, во филм, било каде. Памтам дека кога ја гледав дека беше прва или една од првите серии во која приметив геј лик. Не сфаќате дека тогаш беа поинакви времиња, не беше либерално колку сега, со самото тоа што имаше лик се кршеа стереотипи. Темелите и можноста за сега да има вакви серии ги постави сексот и градот. Да немаше вакви серии во 98ма, немаше ни сега да има олку многу.

    2. Саманта не беше во експериментална фаза, туку и се допадна девојка и се смува со неа. Без притоа да се замара како тоа и се одразува на дефиницијата на нејзината сексуалност.

    3. Луѓе ако нема црнци во серијата не е расизам тоа. И истото како со точка 1, тие први почнаа да букираат црни глумци. Јас ако не се лапам со црнец не сум расист, расизам е сосема друго, девалвирање и омаловажување на човек ради боја на кожа. Од вакви глупости расизмот како проблем се размлакнува и си губи на значење, пошто за секакви глупости се лупа етикета расизам кога не е.
     
    На Matotheja, M.B., MarijaMi90 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    И третата епизода ја изгледав, чиа семе беше спомнато неколкупати, woooooow, па и matcha на излог, сега сериозно се во 2021, без сомнеж |(
    Инаку со оваа епизода ми се чини се поблиску до она што беа порано сериите, на Кери уште не и јасно што осеќа Биг, Миранда уште не знае што со Стив, новата Шарлот се труди да ја долови старата Шарлот...а онаа Че ко лидер на култ им е, безобразна, вулгарна, ама оти е нонбајнери, лезбејка и ватевер треба да сме као усрамени ако не ни се свиѓа? Кери треба да се прилагодува на нејзиниот простачки стил во поткастот? Жена која веројатно досега би требало да си го има зацврстено своето место во Њујорк пошто остана да живее и работи таму, не заминала на 15 годишен одмор на пуст остров па сега се вратила и наеднаш е се променето.
    Толку пластично се претставени новите "трендови" и движења и проблематики, просто вреѓаат интелигенција.
     
    На simoncelicius, Matotheja, TheDreamGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.133
    Пол:
    Женски
    Терф прав си значи, цис жена со тапија, зошто ги мразиш толку, што ти направиле?
    :D
    Кога Кери пишуваше за секс и врски Че во шкафот била уште.
    Ама, ако не и се допаѓа на Кери подкастот, или како го водат тие (употребив нова заменка, колку сум кул :D )
    слободно може да си напушти работа, како и секоја друга.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Не може да напушти пошто продуцентите веќе одлучиле дека тоа ќе и е работа :D
    Може ќе изненадат, може првите епизоди вака намерно се ко изгубени во времето и просторот за да подоцна видиме како перфектно ќе се вклопат па и придонесат нешто ново и свое во денешницава.
    Пошто не би можела да трпам женски, пардон нонбајнери пандан на Ентони Робинс да ме просветлува за сексот на прилично агресивен и нападен начин додека трите се понашаат ко од село дојдени во голем град за првпат.
     
    На simoncelicius, TheDreamGirl, Kate Rina 93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Можи линк да ми пуштите од новава сезона? Се напнав денеска сите се некакп false шо ги најдувам на youtube. Безвеза и снимка и префрла цело втеме од една на друга сцена.