1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексот и градот (Sex and the City)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ivance5, 23 јануари 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    Тука види:
    https://flixtor.to/watch/tv/6522274/and-just-like-that

    https://watchseries.ma/tv/watch-and-just-like-that-free-75286
     
  2. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.734
    Изгледав и трета епизода ... на стара слава ја гледам. После Саманта, Миранда ми беше омилен лик. Јака бизнис жена. Е сега донекаде реално ми е доловен нејзиниот лик во продолжениево. Затоа што како карактер таа секогаш беше тука за сите, секогаш беше јаката страна. И многу ми е убаво доловено делот што и силните луѓе во одреден момент се губат во животот и тогаш никој не е овде да им помогне. Кери ... воопшто на ум не јас стави... мажот и ништо не примеќа единствено Шарлот се загрижи на некој начин. Со факултетов повеќе ми делува ко човек што прави ситни чекори да се врати во нормала и тешко се уклапа.
     
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.711
    Пол:
    Женски
    Читав денес во детали за Chris Noth - Mr. Big - 2 жени го обвинуваат за силување, а 1 жена најново го обвинува за обид за силување од кој успешно се извлекла и избегала. Тој тврди дека било со обострана согласност а жените велат дека не било, и имаат сведоци и пораки на мобилен за доказ. Делата се случиле 2004, 2010 и 2015. Третово не е застарено, за разлика од другите две кои се постари од 10 години. Се прашуваат зошто се молчело до сега. Рекламата за Агенцијата со која имал договор го раскинала договорот заради обвинувањата. Бракот со жена му исто е доведен во прашање.

    https://www.hollywoodreporter.com/tv/tv-news/chris-noth-accused-of-sexual-assault-1235063596/
    https://people.com/tv/another-woman...exual-assault-allegations-against-chris-noth/

    Инаку во врска со рекламата - обратна е ситуацијата: Peloton (фирмата за статични точаци) оваа година имала пад на акциите (намалена им е продажбата оваа година заради олабавување на пандемските ограничувања) ама дополнително им паднале после првата епизода од серијата каде ликот умира додека вози нивни точак. Наводно од компанијата рекле дека дале дозвола да се користи брендот во серијата, ама не знаеле дека е поврзано со смртта на ликот. После емитувањето имале пад на акциите. Анализите им покажале дека луѓето поврзуваат срцев удар со возење статичен точак, а не го поврзуваат лошиот стил на живот со срцевиот удар, кога тоа е причината за него. Затоа се одлучиле под итно да снимат реклама за статични точаци со Chris Noth, и во рекордно време ја направиле со R. Reynolds кој го позајмил својот глас. И после само неколку дена емитување, ја тргнале заради обвинувањата од жените.
    Од една страна личи како јавен напад врз актерот, зошто дискутабилно е зошто баш сега се истапува јавно, ама од друга страна има жени од бизнисот и негови познаници кој децении наназад предупредувале дека актерот се наметнува и преоѓа граници, ама никој не им обрнал внимание тогаш.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Не знаев за Крис, баш по ова што си ми пишала прочитав, зошто сега за публицитет делумно.
    Во филмската индустрија таму и во ентертаинмент светот се што е пренагласено се смета делумно за нормално додека не дојде мигот да те пуштат по вода, а те пуштаат по водата тие истите што го прават истото како тебе, поточно како Крис и знаат што тој прави/ел.
    Ако нели тие знаеле за сето ова, се наметнува тоа прашање зошто баш сега, нели е логично тоа да се запрашаме, епа ете за ова.
    И веќе се прашувам себеси дали некогаш ќе се обзнани се и колку злоупотреби на жените ги подмачкуваат и вртат тркалцата на таа индустрија и на мажите во неа.
    Иако со вака јавно изложување и јавна осуда еве се надевам нешто ќе се подобри, ама мора од врвот да им почнат измените. Сепак и ова е добро мали чекорчиња, само убаво е кога се објавува и без публицистички или други интерси и задни намери уз пат чисто за осуда на тоа однесување во секое време од сите.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TaniBanani

    TaniBanani Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Кога ги гледав сериите бев доста помлада и се тоа ми изгледаше гламурозно, но сега, од оваа перспектива сфаќам колку е Кери само проблематичен карактер и далеку од современата девојка која што мислев дека е преставена...
    1. Преставени се и те како пародија, како што рече во '98 ретко кој зборуваше за хомосексуалноста и реално серија со платформа како Сексот и Градот можеше да ги престави многу подобро одколу како "puncline of a joke"...не знам дали си свесна, но не сите хомосексуалци се феминизирани, мислам ако нешто не е јасно ѕиррни ги Мет Бумер и Том Форд
    3. Фала Богу дека не си расист ако не се лапаш со црнец, во Македонија си и ако си од некое помало место и ако не си испаднала од границите од оваа земја голема е веројатноста да не си видела црнец во живо бидејки населението во македонија се 99% белци, и ако се снимаше во Македонија никој немаше да му падне на памет да ги направи овие обвинувања....ама таргетот не им е Македонија и не е снимано у Скопје, туку некаде каде што процентот на расен диверзитет е поголем а и каде историјата кон расизмот е малце по сензитивна тема...
     
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Да, меѓутоа не би имало смисла Кери да е најдобра другарка со masculine gay. Кога Стенфорд беше во геј клубот, сите беа masculine и набилдани што е скроз погодено. Плус нели на крај од серијата Стенфорд беше со еден модел, кој беше masculine. Единствен глуп стереотип околу хомосексуалноста беше кога во првиот филм ги споија него и Ентони. Другото јас мислам дека беше ептен on point.
     
    На LiliBoz и KateKane им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.653
    Пол:
    Женски
    Стенфорд е можеби еден од најдобрите ликови у серијата, апсолутно не е пародија. Со што е пародија? Како е пародија?
     
    На Konfetka, simoncelicius, raww и 2 други им се допаѓа ова.
  8. TaniBanani

    TaniBanani Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Кој добар лик? Сините маноло бланик имаат повеќе "backstory" и го споредувам со моден додаток...бидејќи на тоа е сведен...прототипот на gay best friend кој секогаш е драма, драма, и секогаш тука да и каже на Кери колку е таа прекрасна....и толку
     
  9. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    8.124
    Пол:
    Женски
    Добивам впечаток дека луѓево имаат преголеми очекувања од серииве,не знам што требаше да случи за да ги воодушеви.

    Мене ми се допаѓа и во ред си е,со Саманта ќе беше поинтересно ама пак не е крај на светот или на серијата.
    Јас ќе си ја изгледам
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Последнава епизода беше прегадна
    , Миранда се сексаше со она машко-женското:puke:… Жално како ја упропастија серијата
    :puke:
     
    На Miss666, simoncelicius и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  11. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    676
    Пол:
    Женски
    Јас гледав до 4 епизода...се на се многу ми пречи Шарлот'ѕ Stepford wife syndrom..не ми е интересно, повеќе драма има во серија од типот на Сите мои деца. Мислам дека и глумата е расипана на ликовите, само Ентони ми е доследен од порано. Не знам до каде ќе одат, ама ако серијава ја продолжија само да вметнат нови трендови не вреди да се гледа од почит спрема култот на оригиналната серија. После секоја изгледана нова епизода си пуштам по една рандом од старите, чисто да се сетам зошто ја гледав на времето.
     
    На Kate Rina 93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Првите две епизоди ми беа кринџ и досадни, имав некое очекување дека ќе биде како претходно. Дали се навикнав не знам али новите епизоди ми се океј, ништо посебно ама не и прелошо.
    Мене многу ми смета во серијава постојаното споменување родовата ориентираност, нападно веќе ми стана и изгледа неприродно како да им е исфорсирано тоа да го разговараат.
     
    На Miss666, BlackNight и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  13. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Стварно многу го расипаа ликот на Миранда, никогаш и не ми беше омилена ама па што е ова? Убаво рече Шарлот, мидлајф криза ја фати. И како одеднаш не е среќна, никаде не го видов тоа. Кери ми е лигава од почеток па до сеа, настрана тоа што се случи со Ѕверка, уште во старите сезони ми беше така детинеста. А Шарлот од почеток го дава тој Степфорд вајб така да тука не сум многу изненадена, дури и океј ми е. Ама добро, во суштина добра е сезонава ќе ја гледам до крај, модата ми се допаѓа и сакам да видам приказната како ќе се одвива со професорката на Миранда.
     
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ги гледав редовно останатите епизоди и морам да кажам дека се многу подобрени. Ме потсеќаат на старите серии, во ново време секако. Успеале да се нормализираат со сите нови трендови и нови карактеристики на ликовите без да продолжат со крипи верзија каква што видовме на почетокот.
    Штотуку ја изгледав осмата епизода и комшивката на Кери ме исфрустрира :D Јас се осетив како баба а немам 55. И сега имам желба да облечам нешто храбро, шарено, марка, да излезам надвор...и селандрите околу мене да ме зборат колку сум забегана :D
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  15. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    8.124
    Пол:
    Женски
    Имам претчуство дека Миранда непријатно ќе се изненади од Че во Кливленд.

    Оваа епизода ми беше чудна,прилично експлицитно да видиме два пениси во една епизода,такво нешто немаше во сите епизоди и сезони од Сексот и градот вкупно,а многу секс прикажуваа.Овде речиси нема секс,освен Миранда и Че,а многу голотија.:D

    Непотребен лик ми е новата другарка на Кери,агентката за недвижнини или што да е,ми се чини дека ја даваат само да пополнат време.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Добра беше последнава епизода.
    Шарлот пресмешна. :D
    Реакцијата на Миранда и Кери за оралниот секс на Шарлот малку претерана, колку чудење дадоа...
    За Стив ептен ми е жал, баш добро ја опиша нивната врска, секогаш како да не беше доволен, па доволен е, па... Миранда не трба да има очекувања од Че, убаво и кажа дека не е по традиционалните врски.
    Па и заљубени, по три недели, пффф.
     
    На crimson, Ketchup и Camille84 им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Миранда некоја криза ја фаќа. Кога проба да имаат секс со Стив, мала ситница ја тригерна и не продолжија, иако он сакаше. Се има затрескано во Че, ко тинејџерка да е.

    Иначе, јас мислам дека другаркава на Кери е баш пријатно надополнување на карактер. Треба да ја има повеќе.

    И машките полови органи што ги видовме не се реални. Да го срушам филмот. :D
     
    На LiliBoz, raww, Camille84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Сто посто сум сигурна дека Миранда во наредната епизода ќе допатува до Че и ќе ја фати со друга девојка. |(
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Вториот не беше реален? Мислам дека првиот беше простетика.
    И мене ми се допаѓа пријателката на Кери, баш ми има некој шарм, а и актерката ми се допаѓа уште од Хоумленд.
    Сигурно ќе има нешто, ќе видиме што ќе биде. И кажа Че отворено сепак, дека не може да и понуди традиционална врска, така што...

    А добро, нели бидејќи е Че небинарна тоа значи дека уствари Миранда е пансексуалка? Така ли беше изразот? А не е само геј, зашто че всушност не се декларира како жена?

    Инаку, мене Сара Рамирз вака ми се допаѓа многу, и како лик и како личност која си ја живее својата вистина, баш ми е супер некако.
     
    На raww, Nefertiti., crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Крајот...

    Искрено, мислам дека серијава не требаше да претрпи толкави промени. Кај без Саманта, па и смртта на Биг, разводот на Миранда...
    Искрено Кери не ми одговара со никој друг после Биг, колку и да се трудам да сум оупен мајндед за нејзиново дејтање, некако не ми оди.

    Пак ќе кажам, enjoyable за гледање, ама ако нема продолжение, ич не ми пречи.
    Шарлот најинтересна испадна, иако најмалку промени претрпи нејзиниот лик.

    Тоа со Саманта и коктелите скроз непотребно. Ким нема шанси да прифати да се појави во серијата и имам чувство ко режисерите тотално да немаат идеја за втора сезона ако се дешава, па и за тоа ќе имаат некое лошо објаснување на случувањата.
     
    На Hellobeautiful, Traveler91 и crimson им се допаѓа ова.