1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексот и градот (Sex and the City)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ivance5, 23 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Ми стои дека ќе биде забавна сезоната. Не ми ни недостига Саманта веќе.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Повеќе се работи за носталгија мислам. Не дека и вака нешто фали, според концептот таман се вклопи отсуството. Оваа сезона и мене ми се чини дека ќе биде подобра од претходната, па останува да видиме.
     
    На Bozica1980, mal.ecka и RainBow им се допаѓа ова.
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.481
    Пол:
    Женски
    Условот да се појави и бил да не е на сет со трите други :/ Омилена ми е. И костимографката се враќа, за минатата сезона не дошла. Мислам читав ги облекувала за снимањето на Емили во Париз.
     
    На Kate Rina 93 и Mishela им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Што знам, мене ми нема некој голем прогрес од првата. Ептен е safe, што прави да има помалку драма и е подосадно за гледање. Исто така, премногу references во хуморот, што генерално не секој ќе ги разбере. Исто така некои кринџ моменти. Исто и епизодите се предолги.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    многу без врска заврши кога не покажаа како поминале на балот. можеа да убацат некоја дешавка таму a не вака.. се облекоа и ајчао.
    од друга страна Миранда претставена у најлошо светло.
    трето, ништо смешно не видов.
    мидл ејџ лајф
     
    На Kate Rina 93 и Ketchup им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Да, 45 минути епизода се чини некако долгичко. Мене ми е океј за лабавење онака, има некои добри моменти околу grieving и еве третата епизода баш ми остави грутка.
    Додека Кери ја читаше аудиокнигата, поглавјето кога го гледа Џон струполен.
    Моментот меѓу Миранда и Брејди исто ми беше ептен емотивен. Си има некои мали моменти што ја прават допадлива. Ама онака што знам, не можам да издвојам нешто што посебно ми се допаѓа.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Со оглед на тоа дека останаа уште една, или две епизоди, сакам да кажам нешто за целава сезона.
    Најпрво мислам дека на тие што ги пишуваат епизодите, целта им е само да ги задоволат потребите на фановите. Ко, не знам дали сте приметиле, ама нема некоја препрека во сценариото, ко секоја дешавка поминува пре smooth.
    Не знам дали се сеќавате, во првиот серијал, имаше цела епизода за тоа што Кери го повреди Ејдан. Кога она се сретна со негова бивша девојка и таа суптилно кажа дека Кери го уништила и Кери не можеше да спие после тоа. Сега буквално бившата жена доаѓа најнормално да ја замоли да не го повреди пак, Кери two flying fucks не дава за тоа.
    Ко да, сега се и повозрасни и сѐ, ама ко воопшто да не удриш second thought дека можеби пак би го повредила и дека Биг не бил целиот проблем?
    И кога сме кај нив двајца, стварно не ми е јасно како во трета епизода, Кери уште го нема преболено Биг, во осма кажува дека бил грешка. Скроз рандом.

    Кога станува збор за другите ликови. Сакам Сима да има повеќе удел во серијата. Муабетот што го имаа со Кери пред фризерскиот салон, еден од најдобрите моменти во целата сезона.

    Другарката на Шарлот и маж ѝ се скроз непотребни сезонава. Што друго направија освен што цело време се спремаат за некаде и оваа касни бидејќи е overworked?

    Ми се допадна кога Миранда отиде кај авторката на дејт и станот ѝ беше mess. Ко тоа е тоа што ми фали во серијата, повеќе непријатни ситуации бидејќи првиот серијал беше сѐ околу тоа.
     
    На crimson, renata77, Kate Rina 93 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека уште една епизода остана.Чекам да се јави Саманта.:)
    Не знам само дали ќе има трета сезона.
    Ај во спојлер нека биде
    Горе долу,се согласувам со мислењето на @Ketchup ,другарката на Шарлот не се ни сеќавам како се вика,од што е тотално непотребна.И Че некако можело да се изостави,беше ОК во првите неколку епизоди,ама откако раскинаа со Миранда,ми е некако вишок.

    Во однос на Ејдан,мислам дека ептен оди со забрзано темпо,во една епизода се сретна со бившата жена,се запозна со синовите,живеат заедно,ќе купува нов стан....уште свадба да направат.Тоа некако не ми се допаѓа.Кога рече дека Биг бил big mystake,ме изнервира поштено.Си реков,баш жено не знаеш што сакаш.
    А и Ејдан одма ѝ се фрли во прегратка,демек ај го нема Биг па ќе си живеат среќно и весело,како одвај да чекал да му се јави за да се смират.

    Шарлот како лик си остана доследна, и интересни ми се ситуациите со децата.Убаво што се врати на работа.

    Ми се чини најглупите работи ѝ се резервирани на Миранда,од секс сцените со Че и гола каде што беше(безвеза),па нема каде да живее,па на работа почнува од нула...Ја девалвираа како лик во двете сезони.Ми фали старата Миранда,ама изгледа полека си доаѓа на место со последниве епизоди.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Како и претходната сезона така и оваа најмногу ме нервира што ја претворија во класична серија во 2023 година.
    Фокус на LGBT. Оштро и намерно. Баш ми е криво за Стив, животот му се распадна оти на Миранда и текна да се преобрати на 50 години. Прогнозирам повторен обрт на крајот.
    Шарлот број 1 секогаш. Посветена мајка и сопруга, секогаш дотерана. Малку претерала со операциите
    Карактерот на Кери не ми се допаѓал никогаш. Сметам дека е личност со многу лесен карактер
    Прашање дали Биг бил грешка после прво сеќавање на Ејден? Продавање на станот кој ја обележа целата серија? И тоа стандард, после прво внимание од маж. Глупости
     
    На Victorian, FreeToGo и renata77 им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Ми фали ситком моментот. Ако сакале повеќе диверзитет во серијата, можеле многу повеќе да направат со пролазни ликови. Вака дури некако во спротивен правец одат, ко не знаат што да прават со ликови кои треба да претставуваат различности.

    За Саманта мислам дека ќе е разочарување, Ким кажа дека само гласот ќе ѝ го чуеме. И Синтиа кажа дека луѓето премногу очекуваат, а скроз мал момент ќе е. Само не ми е јасно, зошто Ким побарала стилистот од првиот серијал пак да се врати за новава сезона, кога онаа воопшто физички нема да се појави?
     
    На renata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FreeToGo

    FreeToGo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    869
    Пол:
    Машки
    Некаде прочитав дека ќе се појави кратко, ќе биде телефонски разговор ама ќе ја прикажат како збори на телефон :)
     
    На Ketchup, ladydy13 и renata77 им се допаѓа ова.
  12. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Го продаде Кери станот на комшивката?
     
  13. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Mислам дека ѝ го изнајмува.

    Ми падна жал за Стенфорд,поточно за глумецот.Од рак почина пред некоја година.

    Сепак,ќе има уште една епизода.:)
     
    На ladydy13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека нема да разочараат. Денеска ја гледав последнава епизода, и ми се сврти кога го видов Sam Smith циркузантор во втората минута. Зошто побогу да се дава толкав акцент на LGBT... цела атмосфера на приказната за Сексот и градот ја зафркнаа
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Делот со Сем Смит беше ко 30 секунди од 40 минутна епизода.
     
    На renata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    не снимаат веќе?
     
  17. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Ќе има и трета сезона. Ја одобрија пред последната епизода. Мислам највеќе поради хајпот за Саманта. После првата сеозна, требаше некој месец за да одобрат втора.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.742
    Пол:
    Женски
    Ја прегледувам серијава сега откако ја ставија на Нетфликс. Боже, каква легендарна серија е ова, буквално телевизиска магија е оргиналот.

    Какви животни и феминистички прашања чепкаа сите 4 девојки, буквално сите hot topics беа опфатени и тоа направени толку реалистично, толку оргинално, забавно, хумористично.

    Прашања како абортус, нееднаквост во плата, социјалниот притисок за мажење и врска, изневерување, смрт, жонглирање на работа и мајчинство, пријателство, сексуалност, буквално немаше прашање кое го немаа опфатено.

    Нема полегендарна серија која се занимавала со ваква тематика, уште милион нека направат, оваа ништо не може да ја замени. Штета што само се запусти со филмовите и со продолжението.

    Вчера баш ја гледав сцената кај што Кери и Биг раскинуваат пред тој да иде за Париз, моментот кога Кери седи на столицата, пуши цигара и сама си признава дека готово е, е една од најдобрите снимени сцени во филмскиот свет, и нема конкуренција.

    Ќе ја бинџнам пак за кратко, ќе се привратам пак да си допишам нешто :D
     
    На Konfetka, FriendOfDorothy, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    И јас ја изгледав откако е на нетфликс по нез кој пат.
    Колку само учи прво себе да се сакаш па после другите...
     
    На KateKane и Ketchup им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.742
    Пол:
    Женски
    Баш. Секоја приказна, секој дечко е претставен на таков начин за да согледаш како да не се изгубиш покрај партнерот и како да си се зачуваш прво самиот себе.

    Сега ја гледав епизодата Миранда кај што треба да го носи Стив на забава од фирма. Он нели нема пари да купи костум, па она се нуди да му помогне. Овој ко прав шупак не пушта жена да плаќа за него, ќе ја откачи токму пред забавата и ќе ја остави сама да оди таму, само затоа што испод част му е да земе од жена пари.

    Тоа ми се свиѓа кај серијава, што не се само изневерувачи, емоционално недостапни мажи ставени за опсервација, туку и оние што навидум се најс гајс, а и те како знаат да заебат работа.

    Сега ја чекам епизодата кога Биг ќе и каже дека ќе се жени со Наташа, да си поплачам тамам малце.
     
    На crimson, LiliBoz и Lotus Girl им се допаѓа ова.