Една од помилените серии. Кога немам што да гледам, во лаптоп ја чувам и имам симнато оваа и уште неколку, пуштам рандом по 3-4 епизоди, мозок на пасење и заспивам.Инаку Миранда ми е фејв од сите 4, најблиска карактерно. Ама не патетичната и збунета Миранда во And Just Like That...
Дефинитивно омилена серија! Јас ќе си дадам мислење за Carrie, не знам зошто до толку сите ја мразат и велат дека не е добар пријател, јас можам милион ситуации да набројам кога е била стварно фер и коректна, знам дека сите се зафаќаат за нејзината афера и тоа мора да признаам е катастрофа но, пак ја обожавам, не знам некако серијата без неа нема да ми има смисла. Исто Samantha ја добива титулата за најдобар пријател, стварно се покажа како многу пожртвувана. Не знам јас највеќе си се пронаоѓам во Charllotte и во Carrie, во некои ситуации помалку во некои повеќе, нормално, зависи.