Серијата ми е многу поинтересна од филмовите. И кај нас веќе има многу девојки, жени, кои се над 30 години и кои не можат да си најдат ни дечко, ни партнер... Со таа разлика што во New York (или и на друго место на Запад и во УСА) можеш сам да излезеш во бар и таму да се запознаеш со некој и да си направиш муабет. Овде кај нас ќе те гледаат како паднат од Марс. Има групи на жени и групи на мажи кои повеќе од 10 години по кафичите седат на соседни маси и се меркаат, но недај Боже да се запознаат. Инаку Кери си ја сакам, ама Саманта ми е закон Највеќе ме изнасмеа една нејзина реплика (малку безобразна), кога ја прегледуваше гинекологот и кога ја праша: -Do you swallow? -Only when surprized!!!
Сексот и градот е класика. Ќе ја убијам братучетка ми, ми ги зела CD-ињата, сега посакав да ги гледам а ги немам Проблемите со кои се соочуваа жените во серијата сигурно ни се случиле барем некој и на нас. Баш поради тоа е и толку популарна серијата. Иако се малку претерани ликовите, сепак сигурно постојат такви карактери. Миранда ми е некако најреална. А омилена ми е Саманта. Без навреда до обожавателките на Кери, ама јас не можам да ја смислам неа. Не знам зошто. Ама барем убаво се облекува. А штиклитееееееее, ахххххххх.. Филмовите не мораа да се снимаат, ама ајде, ја разбирам потребата за комерцијала.
Сигурно постојат такви личности некаде, а можеби и кај нас. Омилена иначе ми е Саманта, жената си кулира, абе уво не ја боли.Успешна, секси, сам свој газда, живот . . .
Ги имам изгледано сите сезони, и пак си ја почнав од почеток. Случки и ликови во кои може да се пронајде секој, супер е серијата.
Многу ми се допаѓа серијата. И јас ја следев на алфа ама мислам дека заврши. Женскиве се закон. Не ги боли уво за ништо, си се забавуваат, си го живеат животот. Сега ќе си го симнам и од интернет.
Најјачи! Ненормална четворка. Филмот е врв, а посебно 2 дел.. Тие фустани, штикли, самиот стил, начин на живеење... Уживанција.
Си ги спуштив сезоните и сега сум стигната до 6 та Една од најјаките серии. Е вака треба да се живее, оу јеа! Секс, забава, пиење... Барам кандидатка за живеење сличен живот како во серијата. Ми треба некоја како мене. Саманта рулз.
Серијата - топ! секое женско мора да ја погледне искрени разговори, секој би се пронашол некаде. Стилот на облекување го обожавам, а Саманта ми е омилена. Треба многу храброт да живееш таков живот, не го може тоа секој Филмот, прв дел - одлично. Неможев да се помирам дека ќе заврши без свадба на Кели и Биг, вака супер. Може да е лигав хепи енд, ама ако Филмот, втор дел - просечно. Имаше интересно-смешни сцени, посебно Саманта. Ми се свиѓа шо онака акцент беше ставено на другарството ама ми изгледаше многу ефтино, без недостаток на идеи. Плус стари се веќе девојкиве за вакви работи Целиот филм ми изгледаше ко долгометрашна реклама за Абу Даби Се надевам нема да има никакво продолжение и ќе заврши вака совршено. Доволно е
Да надополнам.... Сите "Саманта закон, браво, супер им е..." А ако некоја што ја знаете имала над 5 сексуални партнери е курва според вас. Ме иритира коа читам такви постови или лично слушам такви размислувања. Па претерува, па пиела, па срамота било. И вие не сте ми со сите понекогаш.
^ Па види сега, зборуваме за ЛИКОВИ од серија, чисто измислени, направени за забава. И нас ни е интересна Саманта на екран, ама не би го опревдувала тоа во живо, многу јасно. Исто ко што Декстер го обожавам ко лик и го оправдувам (убиец инаку ако не ја пратиш серијата) ама во вистински живот сигурно не би обожавала некој убиец, макар и според некои да е оправдано. Гледаш разлика? Значи ги сакаме ликовите кои се забавни, а не дека го сакаме тоа во реалноста
Многу ја сакам серијава. Си ја имам снимено на цд-а и сега си ја гледам по втор пат. Се сум заборавила, и убаво е да се потсетам на вакви циркузи, се газам од смеење секоја ноќ Многу се интересни сите 4 девојки. А најинтересни ми се Кери и Мр. Биг. Нивната љубов ме потсетува на мене и дечко ми бидејќи ни беа потребни многу години и многу меѓусебни одмаздувања и измачувања додека да бидеме заедно
што мислите за идејата Blake Lively да ја глуми Кери во младите години? ...ми недостигаат девојкиве и сите вистинити факти кои ги кажуваа за животот и врските
Сара Џесика Паркер ја оживеа Кери Бредшо и така и треба да си остане во спомените, за векови и вечни времиња, амин! Оваа идеја ми е одвратна, што заради самата идеја, Кери во млади години (who the fuck cares), таквите филмови секогаш доживуваат фијаско, еве типичен пример Глуп и поглуп со Џим Кери ( part II = катастрофа), што заради одбранава глумица. Какви млади години, каква Блејк, долгометражна краветина... Па прво во висина си немаат врска и се некомпатибилни, Кери во секој филм и епизода нагласува дека е tini tiny, и тоа е една од причините поради која обожува чевли, а овој стапов кога ќе се бапне во Лобутин, ќе го помешаш со бандера. Огромно НЕ, за оваа бесмислена и непотребна идеја.
Книгата беше толку глупава и досадна што баш ме чуди зошто би снимале филм А ако снимаат дефинитивно ќе биде box office flop Филмот би бил нешто како mean girls ама 100 пати полош,судејќи според книгата
Замена на Сара Џесика Паркер??? Ма цела убавина ќе ја изгуби филмот и како што си коментирав на статијата обајвена на Фемина : Секоја замена на оригиналот е само една бледа копија Точно дека овие глумици не се тоа што беа и нормално дека Сара Џесика Паркер не е во состојба сега да изиграва тинејџ, ама нека си вадат пари со Блејк на друг филм а не да експериментираат овде