Серијата е многу добра. На крај се сведе на една работа: колку и да жените изгледаат кучки вакви или онакви, секогаш трагаат само по вистинската љубов. Приказната на Кери и Ѕверката (а истото важи и за другите ама оваа ми беше најубавата) докажа уште еднаш дека само ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ ОПСТОЈУВА НА СИТЕ ВЕТРИШТА И ИСКУШЕНИЈА. СЕ се може ако се САКА каде и да си со кого и да си и што и да правиш само верувај во себе и оној до тебе.
3 пати ја имам гледано серијата, значи најубава ми е, обожавам да се давам во неа... Приказната ми е интересна, секоја една од нив беше интересна на свој начин, и си имаше своја посебна приказна и настани кои секогаш биле забавни, понекогаш и тажни, а понекогаш дури и премногу жешки ( нормално мислам на Саманта Џонс, која најубаво од сите ми глумеше и најзабавна ми беше, иако малку претерале во нејзиниот живот, но пак, прекрасна беше) И двата дела од филмовите ги изгледав, првиот многу повеќе ми се свиѓаше, но сепак, сериите за ништо на светот не би ги заменила, мене ете, многу ми се свиѓаат.
Серијава ја обожавам иако никогаш не успеав да ја гледам од почеток.Сега ја гледам на Atlas tv,ја фаќам на кабелска и пак почнав да ја гледам од средина негде.Како и да е дејствието од прилика го знам.Многу е добро самото тоа што Њујорк е голем град во кој сите си ја бркаат својата работа,никој не ти се замара дали си курва или поштена. Од филмов можат многу девојки да извлечат поука за некоја љубовна мака што си ја имаат Спојлер Сакав Кери со Ејдан да си остане
Интересна е серијата,типична женска. Не сум ја гледала порано иако доста имам слушано за неа.Сега за прв пат ја гледам на Фокс Лајф и ми се допаѓа. Омилен лик - Па никој посебно...или добро можеби Кери и некако убаво ми глуми Сара Џесика Паркер,толку лежерно и природно што помислувам дека гледам риајлити шоу. Неомилен лик - Дефинитивно Миранда и Саманта.Саманта ми е толку грозна во фацата а и мразам такви авантуристки и да не го кажувам сега зборот жени. Мислам дека уствари Кери и ја прави серијата тоа што е.Некако нејзините случки,проблеми,испади,цитатите кои ги поврзува со случките се интересниот дел но облеката што ја носи не ми се допаѓа.
Јас еднаш фатив дел од епизода каде таа плава девојка го остава дечкото пред психијатар бидејки му бил мал пенисот и така со брзината на светлината го сменив каналот а потоа го избришав истиот . That devil stuff should not be seen
КЕРИ БРЕДШО ми е омилена. Писателката во неа посебно. Ми се допаѓа што пробува со разговор да ги реши проблемите и успева. А за љубовта со Ѕверката..... без коментар ме оставаат. А пак Саманта е приказна за себе,ја боли неа долната за се. едноставно не се замара. на фокс ја гледам моментално,пошто кога беше хит серијава јас малечка бев, па сега ја гледам премиерно Случките од серијата и слободата на народот,кај нас дури сега почнуваат да се доживуваат... Немаме ние таква слобода како Њуопчани. Меѓу нас е толку ГОТОВО, што треба да измислиме нов збор за готово.
Па ти си ја видел баш Саманта Секако дека не е само секс, како шо е случајот кај Саманта. Не си дочекал другите да ги запознаиш. Серијата е мн добра.
Само едно ме интересира,нели можат поубави машки да најдат за серијата.Некако сите ми се кој од кој,а тој Ѕверката ама баш ич не ми се свиѓа. А Саманта ми е тешка к*рва,разбирам дека е само лик но не можам да ја разберам,така со секој само поради секс . Омилени ми се Кери и Шарлот.
Премногу ја сакам серијава. Ги имам сите епизоди на ЦД и ги имам изгледано, а пак кога ќе фатам на фокс лајф ми е интересна и пак гледам. Мислам дека кај нас жените не можат баш да се пронајдат во ликовиве, барем јас не се пронаоѓам, ние не функционираме така. Излези со дечко една вечер и одма во кревет. И сите се такви не само Саманта, само што другите зборат дека бараат љубов. Како Шарлот на пример, легнуваше со секој во првите сезони па после ја прашува Саманта како можела така... Нешто што многу ми се допаѓа е нивното пријателство, одлично функционираат и секогаш имаат време сите да се соберат. Можеби сум една од ретките ама не го сакав Биг за Кери. Милион пати ја повреди, уште од почетокот не се однесуваше добро со неа, па во филмот и ја остави пред свадба. Само страдаше заради него...Јас би бегала 1000000 км подалеку од таква особа.
Последната епизода ја даваат на фокс лајф. Си пуштив некоја солзичка. Секој пат да ја гледам и пак ми е интересна.
Ми се допадна последната епизода, и се така убаво заврши, што им требале филмовите после... Инаку мене не ми се допаѓаше улогата на Кери. На почеток ми беше интересна, мила, ама ептен почна после да се лигави. Чевлите па чевлите, леле... А најлигаво беше кога русинот и читаше поезија, и кога таа почна да чита во списанието за тој фустанот, и кога рече дека за неа тоа било вистинска поезија Покрај тоа, општо улогата и беше наивна и простичка, а и глумицава на моменти како премногу да се трудеше. Другиве три ми беа многу поинтересни. И што ќе беше маж асолен да не можеш да видиш Само овој Д Биг беше згоден, и за Смит на Саманта нема потреба да коментирам Сите други кој од кој
Серијава ми е омилена,ни сама незнам колку пати ги имам изгледано сите сезони и филмовите 1,2.Филм кој нема шанси да не те насмее во баш секоја епизода,интересна содржина,преубави чевли и гардероба предобар е!Саманта ми е крај,ја обожавам луда е скроз без влакна на јазик..е сега тоа што си е малку преслободна....ај донт лајк ит,али сепак глумицата си глуми феноменално. Кери ми е ок,Миранда така така ама омилена ми е Шарлот.Мила ми е,секогаш организирана,културна некогаш и претерува али ок е.Ѕверката како ми е одбран за филмов топ,како си глуми човекот алал да му е,му стои улогата ептен. Дефинитивно мај фејворит ми е серијава