Не ми изгледаше нешто многу интересно на почетокот, али еве почнав и јас секој ден по минимум две епизоди да си гледам Ама ипак мислам дека Саманта има некако најза*бана улога. Такви секс сцени и драми да снимиш.. стварно лудо Покрај тоа, омилена ми е. Миранда ми е некако да не кажам најглупа.. Не знам, многу ми е целата таква изгубена. Шарлот баш изглеа така невино ама право ѓаволче е А Кери.. мислам дека она баш најдобро го има доловено ликот на една права девојка. Таква ми е, нежна, паметна, интересна.. а сепак фабулозна и со став. Ама ипак, фејворит ми е Саманта Филмовите ги неам гледано, сеа кај и да е ќе ги симнам. Овие двајца, сон
Саманта т.е. Ким е таква и во приватниот живот, се има мажено 3 пати и има напишана книга за „Женскиот Оргазам“
Јас пак за неа имам читано дека воопшто не била таква во реалниот живот, а сите и барале совети во врска со сексот, па кажуваше колку била разочарана што не знаела да им одговара итн.
И јас го имам истото прочитано... Он топик - ја обожавам и серијата и филмовите, не знам по колку пати ги имам изгледано епизодите, но никогаш нема да ми станат досадни
Серијата е врв, не сум ја загледала ко беше по телевизите, ама прее гледав на youtube, некој делови, јас се топнав од смеа, прејака серија, Samantha Jones e незнам ,најголем впечаток ми остави таја, најлуда е и најсмешна. Еве некој дел кај шо се изнасмеав. http://www.youtube.com/watch?v=kChn5t3j ... re=related
колку ја сакав само серијава у средно... http://www.youtube.com/watch?v=rSyq8WKvM1o ах...носталгии леле тој нејзин фустан во париз шо го носеше...
A, серијата за пред спиење. Ептен ја сакам. Најоткачена е секако, Саманта (I love you Richard, but I love me more), Кери ми е, што знам, просечна, тие другите две не ги памтам, ама смешни ми беа (она моето „смешни“ во саркастична смисла, значи трагикомични).
Кога ја даваа по ТВ серијава искрено не ме интересираше толку многу за да седнам и да ја гледам. Ќе фатев некоја епизода чат-пат, ама не доволно за да се ставам во редовни гледачи. Сега сакам да ги имам сите епизоди за да можам асално да ја изгледам. Ако може некоја да ми даде линк за download или пак онлајн да ја гледам. Ама ако може директен линк зашто во овие кои ги имате оставено низ темава не можев да се снајдам.
И моја омилена серија почнав да ја гледам на мтв мислам па потоа ги гледав и репризите (не знам колку беа на број ) па после тоа ја гледав на нова тв,исто ја репризираа неколку пати сега ја гледам на фокс иде,никогаш доста од серијава филмовите не ми се добри ко серијата,првиот е ок а другиот не ми се допага. се сложувам дека ликовите се нереални за нашава средина,многу се промискуитетни,посебно Саманта ама серијата е прекрасна,икреното пријателство помегу нив 4 е главниот двигател на серијата. Инаку во приватниот живот Сара Џесика Паркер има 3 деца, од кои 2 близначиња од сурогат мајка.Сопруг и е исто така познат актер ама мислам дека се разведоа,не сум сигурна. А лани гледав емисија кај Опра кога беа,Миранда кажа дека е лезбејка
Ги имам сите сезони од серијава и ги имам изгледано неколку пати. Ги гледав и филмовите што излегоа после, ама серијата ми е далеку подобра. Некако од денешен аспект малку чудни ми се во поглед на мода и технологија, посебно првите сезони..ама тоа е, сепак се снимени пред многу, многу години.. Омилен лик немам, сите ми се интересни на свој начин..
Мојата омилена серија. Ги имам сите сезони и ги имам изгледано најмалку 3 пати. Скоро и напамет ги знам Најчудно е шо воопшто не бев заинтересирана да ја гледам додека ја даваа на ТВ. ама коа ке почнеш... Инаку од филмовите првиот дел ми е ептен најубав и можам милион пати да го гледам, а вториот некако ми е...не баш како шо отчекував. Сепак ептен го сакам Сексот и градот. А омилена ми е Кери, не ја мењам никако
Многу си ја сакам серијава и ми е баш интересна иако некои епизоди по 100 пати ги гледам, и филмовите 2 ги имам изгледано ама сепак серијата е поубава.
Можеш од ова страница за преку торент http://thepiratebay.org/, а ако сакаш директен линк еве ти за првата сезона и ова за торент http://thepiratebay.org/torrent/5915660 ... y_Season_1. А за останатите сезони, ако имаш БитТорент од страницана што ти ја дадов напиши Sex and the city season 2 или 3 или 4 или 5 или 6 и ќе ти излезат.
Ја имам прегледано серијава. Секоја речиница, аутфит, дејство го знам на памет. Нема да ми здосади, едноставно не е возможно, со тоа константно пронаоѓање во одредени ситуации. Пред 1-2 месеца ја избришав по грешка, дома војна ќе избиеше за малку.
Зависник сум секој дијалог го знам на памет, го изговорам пред да го кажат , знам која следна сцена следи ,знам која фаца ке ја намонтира ликот . Даунлодирани ми се сите сезони , а и филмовите ги имам изгледано но сепак серијата е подбора .
Уфф многу добра серија, сега се израдував што ќе почне пак нова сезона не со истиве актерки туку со некои помлади. Се надевам ќе биде интересна, сепак неможе да е подобра од оргиналот, али ќе видиме