^Да бе, и јас сега тоа читав. Ќе имало продолжение, од истите продуценти на ГГ. http://zazabava.com/kje-ima-prodolzhenie-na-serijata Ај оваа Серена од ГГ ако ја донесат, океј... ама Мајли Сајрус да ја грди серијава? Нормални ли се тие бе?
^ Е да бе! Од секс-дневник лимонада ќе направат. Ако им се сакаат пари, нека си измислат ново нешто. Сексот и градот нека остане убав спомен, зашто вака ми се чини само ќе го расипат.
Мене па баш ме интересира како ќе изгледа првата епизода .Не ја сметам Сексот и градот за култна серија или нешто такво.Ја изгледав кога ја даваа на Фокс Лајф и ми беше интересна но по вторпат не би ја гледала.Едноставно не се пронаоѓам во ликовите. Блејк Лајвли секако дека нема никакви сличности со тоа како Кери Бредшо би требала да изгледа но сепак сакам да видам каква ќе биде во таа улога.
Јас пак ни Блејк ни Мајли не ги сакам во продолжението. Или нека биде со истите, или пак воопшто нека не се возобновува серијата со вакви ликови. Подобро е да се остави онака како што завршило, него ли сега наследничка на Кери да и биде Блејк! Ќе биде мутаво створење пак, као: „Не знам што се дешава!“, и поише би и прилегала улогата на Саманта него ли на Кери, и онака радодајка глуми во GG. Антипатикус! Сара Џесика Паркер е една и единствена Кери, и никој не може да ја замени нејзината улога. Ниту пак ниедна од девојките во серијата/филмот. Антологиски се бре улогите, и како они ги глумеа цели 6 сезони, тоа се бре години! Оваа Блејк го нема ни пола од искуството на Сара што се однесува до улоги, филмографија, карактер. Ааааааааааах.
Ако навистина се случи ова јас најискрено ви кажувам ќе седнам и ќе си плачам. Блејк ? МАЈЛИИИИ ??????? Мајли ? Ми личи на полуписмен дембел. Одвратна.
Значи немора од се да се да се направе срање. Нека ни ја остават на крај краева серијава како таква.како убав спомен
Јас која толку ја љуби оваа серија ,сум ја и ќе ја ....да ги гледам овие тиин ликови како се лигават и се обидуваат да ја донесат таа маѓија што си ја имаше филмот булшет
Кога ја даваа серијата на телевизија ја гледав кога како ја затечам. Никогаш редовно. Си ветив и ги симнав сезоните и сега почнав да ги гледам. Значи преубава серија. Жени на куп. Тајни на куп. Разговори во кои можеш да се пронајдеш. Саманта ми е интересна и со тоа што не ја интересира ништо. Си оди со кого сака. Имаше во прва сезона еден тип се заљуби во неа и ќе ја остава жената ради неа а таа No, no, no, no! И за секунда време го откачува . Еднаш читав на интернет дека некоја девојка од Англија многу ја сакала серијата а идол и била Саманта. И си ветила да биде како неа, и истото да го направи. Незнам за колку време пишуваше, но била со над 1ооо и повеќе мажи. Пишуваше дека веста била шокантна за медиумите и неколку мажи изјавиле дека неможеле да веруваат во тоа.
А Саманта уствари у приватиниот живот уопште не била тоа. Девојката можела малку да се информира секакви постоат
Се стопив на овој момент кога ги дадоа Саманта и Ричард. И покрај тоа што таа не беше створена само за еден маж, Ричард ја привлече кон себе. А и кога ја пуштија Шаде во позадина..врв на моментот. http://www.youtube.com/watch?v=SsvNUr9YOq4
Девојки а на фокс,која сезона ја даваат? Иначе од ликовите најмногу се пронаоѓам во Кери и дел во Саманта...Саманта ми е најомилена,колку е само откачена и ич не се замара со љубовта,тоа највеќе ми се допаѓа.
А ќе ги даваат ли сите,да знам дали да почнам да ја следам,и одколку саатот се новите епизоди,неможам да ги разберам со програмана ?
Па кога почнале би требало сите да ги даваат. Инаку јас во петокот фатив, некаде околу 10 вечер почнуваат и даваат неколку епизоди.
Aбре сега гледам на телма од пон-пет во 22 и 15 има Cексот и градот, само не знам која сезона сега видов на реклама
Јас незнам како може да ви е антипатична Кери a да ја обожавате серијата. За мене Кери е столбот на самиот sex and the city. Keри е култен лик за мене, one and only. Ја сакам Саманта интересна ми е, и смешна на моменти, но Кери го има она романтичното во неа, не претерано како Шерлот, но ми е некоја интересна мешавина. Ги сакам нејзините мислења, нејзините цитати, начинот на кој размислува начинот на кој ги доживува работите. Го сакам начинот накој зборува за љубовта, врските, сексот. И сметам дека оние кои мислат дека сексот и градот е само секс и ништо повеќе, не ја разбрале суштината не целата серија. Ja гледам повторно после години, баш деновите, и се потсетив на привот пат кога је гледав. И мислам дека ја доживувам поинаку. Спојлер
Најомилена серија ми е. Порано, како помала, секогаш со ја гледавме со мајка ми Сега почнав пак од почеток, прва сезона ја гледам пак
Женски вчера кај 2 саатот ја фанав серијава на телма,можете ли да ми кажете од колку саатот и кои денови ја даваат...и која сезона се?