Најомилена серија! Ја имам изгледано безброј пати и секогаш одново и одново ми е интересна ко да ја гледам прв пат.Ги сакам сите ликови бидејки секој на свој начин ми е посебен.Кери си е Кери совршена во секој поглед мил лик кој е во потрага по љубов и после сите подеми и падови со Биг не престана да го сака и да верува во вистинска љубов.Саманта убедливо најсмешна и најинтересна со нејзините реплики,нешто што најмногу ме фасцинира кај нејзе е слободата што ја има да прави што сака без притоа да се замара кој што мисли за нејзе.Секогаш гордо исправена,скоцкана спремна за нови походи,како на деловно така и на љубовно поле.Миранда ми е интересна бидејки секогаш има некој саркастичен коментар во врска со љубовта и врските и колку и да делува на почеток како лик на кој му е битна само кариерата на крај со Стив и Брејди ми се едно совршено семејство.и за крај Шарлот ми е пример за тоа дека колку пати и да паднеш и да бидеш со погрешен човек и да мислиш дека нема никогаш да ја најдеш среката со некого,кога најмалце очекуваш ке се појав вистинскиот за тебе ,што нема да одговара на ниту еден твој критериум а сепак ке биде подобар од сите предходни. Преубава серија во која многу се пронаогам поготово у репликите на Кери за љубовта и врските.
Најомилен лик ми е Саманта затоа што е курвиче, знае дека е курвиче и не се срами да го каже тоа на цел глас. Она без проблем може да се дере на цел глас ако сака "I'm horny...“ или некоја слична работа која и доликува на неа Ама истотака е многу добра пријателка. Иако не се согласува секогаш со нивните мислења ама секогаш ги подржува и теши своите пријателки кога ќе затреба и понекогаш стварно знае да насмее човек до солзи Понеомилени ликови ми се Миранда која се однесува како фригидна и ладна кучка и се нешто и фали на неа или пак Шарлот која е курвиче ама не го признава тоа и се прави некоја очајна домаќинка од предградието демек јас сум добра, мила, лесна за сакање а уствари се е*е со кого стигне за да си го најде совршениот принц од бајките Најомразен лик ми е Кери Бредшоу Мразам се во врска со неа! Од нејзината глупава коса до нејзиното глупаво, болно и несвесно трошење 400 и нешто долари за едни посрани чевли а за нејзиниот љубовен живот воопшто и да не зборам - ДРОЉА Таа не е пример за една урбана жена од Њујорк таа за мене повеќе преставува нешто како поучна лекција од тоа какви се не жени има низ тој град и колку се само незрели и детинести кои одат од еден до друг маж како чорап да менува ццц... и после ќе и биде криво што прво Ѕверка ја избрал таа манекенката да ја ожени а кога се решил со неа да се земе и избегал од венчавката затоа што се исплаши човекот најверојатно си помисли (зарем со таква лудача да го поминам цел живот?) и на крај изгледа се реши дека сака да го помине цел живот со таа лудача што за мене е еден од неговите најпогрешни избори што ги направил досега.
Си ја гледав серијава и супер ми беше се додека на фокс лајф не ја дадоа по 10293 пат од ново и од ново и ми се здосади...
Спојлер Во последните епизоди Кери оди во Париз со русинот,ама тој не и обрнува многу внимание таму. Цело време сама лута низ Париз и е осамена. Откако ќе види неколку пријателки како се среќни и си раззговараат во кафуле како некогаш таа со Миранда,Шарлот и Саманта и се јавува на Миранда и индиректно и кажува дека не е среќна. Дека не си замислувала така да биде. Во меѓувреме Шарлот средувајќи со станот на Кери слуша негова порака(на Мр.Биг) во која и кажува дека ја сака. Девојките решаваат да го охрабрат да се бори за неа. Мр.Биг оди во Париз и ја наоѓа Кери , која претходно имала расправија со Александар(русинот) и во која овој не намерно ја удира. Потоа Мр.Биг сака да се пресмета физички со Александар ,ама Кери не му дозволува. И така си ја зема назад во Америка. Серијата завршува со приказ на четирите пријателки.
Јас моментално од пуста досада ги гледам репризите на телма ама што е најтрагично не само што не одат епизодите поред туку и сезоните им се измешани која епизода и текне таа ја даваат безразика од која сезона е
Напнав со серијава ама дека не ме бива за симнување епизоди и такви работи,дали знаете каде можам да ја најдам онлајн,со српски превод?
Мхм, мојата омилена серија. Ги имам прегледано сите епизоди минимум 2 пати и целосно се предавам на уживање додека траат. Се таманам да ги почнам и уште еднаш да ги свртам онака на раат зошто помина ете година можеби како не сум ги допрела. Инаку не знам дали сум спомнала некаде, но сум мини колекционер на серијали и филмови. Еве ја мојата колекција од Sex and the City, сите 6 сезони како едно мало богатство.
Саманта, дефинитивно-моја омилена Секогаш сурово искрена, без влакна на јазикот, со отворена сексуалност (за мене лично и превише, никад не би правела работи што она ги прави), ама таков и е ликот и Саманта нема да е Саманта ако не е таква каква што е, барем е искрена во врска со тоа што е. А и секогаш е добра пријателка, според мене таквите пријателки се ретки, а тоа што си прави во нејзин приватен живот си е нејзина работа. Кери понекогаш ја сакав, понекогаш не до толку, топло-ладно со неа Шарлот е прикажана како превише резервирана , а воопшто не е таква, како да не знае што сака, како и да е добар избор направи со Хари. Миранда е ок, знае да те насмее со цинизмот, превише оптеретена со работата, ама мислам дека супер комбинација беа сите 4 карактери. Затоа и серијата е добра, секоја од нив е различна и секогаш можеш да извлечеш некоја порака, не само во врска со сексот, туку нормално и од било која животна ситуација. Сепак е ''Sex & the city'', not just the sex Ми се свиѓа и добрата мода и преубавиот град, се на се, серија што не ми здосадува.
појче не игра на телма да не знаете дали е преместен часот кога играше или скрос го прекинаја ве молам лп ако знај некоја фала
Не ја прекинаа, туку минатата недела беше последната епизода. Али ги даваат на фокс лајф, види на програмата, баш пред малку гледав неколку епизоди.
^ Вечер имаш на фокс лајф (мислам дека секој работен ден) втора сезона, 4 епизоди од 20:55. А преку ден од 13:10, значи од 13 ги даваат 4 епизоди, реприза.
феминки пак јас да не знаете кај можамм на интернет да ги гледам цели епизоди ама да не е на англиски превод или српски а најубо би било македонски фала
Сега ги гледам...го дадоа и Џон Бон Џови,боже колку бил секси јас па овие епизоди ги немам гледано,повеќе од прва и четврта сезона знам.