1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексот ни е катастрофа....

Дискусија во 'Секс' започната од azitromycin, 24 октомври 2010.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека со разговор се ке се среди. Без срам ке му кажиш се што мислиш, како сакаш, како ти е убаво, не гледам причина (поголема) да заврши еден брак, не е мала работа вие сте во брак треба да си го зачувате, а за тоа треба двајцата да се потрудите. И не се знаете вие една недела-две па да се срамите, опушти се. Можеби тој немал големо искуство во -сексуалниот живот- пред тебе, па затоа е таков (пасивен) во кревет, ние жените сме друго секогаш се трудиме повеке од маживе :lol: треба да експериментираме за да ни биди убаво :lol: и тоа е од мене така јас мислам САМО РАЗГОВОР СО НЕГО И КЕ СЕ СРЕДИ СЕ :*
     
  2. buce82

    buce82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Па искрена да бидам и незнам колку би помогнал разговорот.Некогас не е се до муабетењето,туку треба да се показат и емоции и на сето тоа да се додаде акција :inlove: .Многу добро ми е познато чуството,затоа и го кажувам тоа доста веке муабетење.Во врска сум скоро 5години и скоро се е супер,ама скоро се,освен едно....да сексот ни е за никаде.Напочетокот беше суперррррр и беше премногу често,дури во еден момент почнав да се грижам и дека можеби и ке се презаситиме,ама ајде некој нека ми каже дека му е доста од нешто убаво :?: ?....и така се беше супер до пред 2 години и некако како тие емоции да ги снема во сексот.Сега е се некако како да го присилувам на SEX,како да го молам и тоа молам за еден обичен SEX,а камо ли водење љубов.Вака јас го доживувам сево ова,а на него му е се ова најнормално :@ .И колку пати само сме разговарале дека ми е смачено од ова,дека сакам да биде се како порано,да водиме љубов,да биде тоа почесто....и неговиот одговор на сето ова е ЌЕ БИДЕ-ЌЕ ВИДИШ,СЕ ЌЕ БИДЕ КАКО ПОРАНО.И еве сеуште чекам,а којзнае можеби и ке дочекам :lol:
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Најлесно е да кажеш - разговарај со него-арно ама што веќе да кажеш кога се е кажано. Преземаш иницијатива, правиш се што треба и на крај ништо.
    Јас тука би одиграла малку поостро. Би му кажала се што сакам и ако тој неможе да ме задоволи тогаш ке си најдам кој ке може. Ке видиш негова реакција и ке извлечеш заклучок што понатаму. Можда навистина нема компатибилност и тогаш е многу тешко да се мачиш така цел живот.
    Секој проблем си има своја причина. Ако од двете страни нема иницијатива да се реши проблемот тогаш џабе е се.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Чудна работа. Од една страна мислиме дека на мажите им е постојано до секс, од друга излегува дека се почесто жените инсистираат на секс.
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    па мене и не ми е многу чудно, знам многу вакви ситуации.... и дури најчесто ние инсистираме, или ги наведуваме мажите они да почнат да инсистираат... жена, тоа ти е!! :)
     
  6. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Неможеш се туку така да му речеш треба да се внимава што збориш и додека разговараш со него на таа тема за да не се навреди не е баш лесно.Никое машко нема да признае дека нешто не е во ред или незнае или нема доволно искуство.Во последно време и кај мене сексот е катастрофа предигра има кога дојде главното влезе ли во мене и почне да пенетрира осекам како му омекнува ништо убаво не осекам ниту оргазам не доживувам.Разговаравме и тој се жали дека и кај мене има промени,внатре во вагината имам зголемено бело прање,циста на левиот јајник,болки после односи пецкање и сл.Бев на гиниколог ми вика дека е до психата ги ставав и вагиналните се правев како што треба ама тоа е моментално.Сум приметила кога сум со алхохол во мене ми е подобро.
     
  7. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    се сложувам дека жената на повеќе случаи ја превзема
    „работата во свои раце„, ако де добро е.....инсистира, сака задоволство.....е ако де!
    и тие што имаат добра фантазија, го прават поинтересен сексот и нивната врска, на мажот никогаш да не му биде досадно и да не трча по други!, нели се сложувате и вие........
     
  8. Candy20

    Candy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    65
    Со бившиот го имав овој проблем. Сексот ни беше катастрофа.
    Дури многу ме болеше со него иако бев доволно влажна. Имавме многу добра комуникација и се тоа бесше океј ама почнав да го одбегнувам за во кревет од причина што не ми годеше.
    Сега сум си супер и најзаљубенаа. и верувам дека сексот прави 50% од врската. Се друго останато се дели во другите 50%. Барем јас такво мислење имам 8)
     
  9. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    ПOMOOOOOШ!!! И јас сум во иста ситуација не уживам во сексот... 1 год сум активна а немам никакво уживање. Со дечкоми сме заедно 3 год мн се сакаме се е убаво но сексот катастрофа... не ме пали дечкоми нз до што е ...мн се нервирам ве молам з совет... И дали се подобри ситуацијата на таа што ја отвори темата ве молам за совет ..
     
  10. azitromycin

    azitromycin Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Најпрвин здраво на сите повторно :) Сосема случајно листајки низ форумов наидов на оваа тема која замислете ЈАС ја отворив 2010год :lol: Искрено-сум ја подзаборавила :rofl: Ги прочитав сите коментари и мислам дека е фер да пишам како го решив проблемов. Барем им должам на оние кои ке ја отворат темата барајки одговор на ист или сличен проблем.

    Сигурно ве интересира дали сум со истиот партнер? - ДА. Дали сексот ни е подобар? ДА. подобар е преслаб збор,сега сексот ни е .....перфектен :)

    Кога сега размислувам за проблемот кој го имав пред скоро 3 години....знам само дека тоа што не ја прекинав врската беше најпаметното нешто што можев да го направам. Како го решивме проблемот?.....па не беше воопшто лесно....и не траеше кратко.... Проблемот дефинитивно не беше тој.Ни неговата техника,ни големина,ни некомпатибилноста (збор кој гледма доста го употребувавте :devil: ). Проблемот бев јас и проблемот беше психички!! Незнам од кога се среди работата ама знам дека дефинитивно потсвеста кај мене си го направи своето. Првите неколку пати беа болни и си створив некоја слика дека : имам гинеколошки проблем, па дека засекогаш ке ме боли, па се обвинував за тоа што неможам да го усрекам човекот што го сакам, па се филмав дека ја никогаш нема да ја почувствувам убавината на сексот во вистинската смисла на зборот, па секој нареден обид очекував чудо кое никако да се случеше а ја се повеке се разочарував....па поминав низ сите фази кои може да си ги замислите. Благодана сум на човекот што го имам. Незнаете колку разбирање, колку нежност, внимание и посветеност добив. Колку пати ја прекинував забавата во најинтересното....па после плачев и ми беше мака.....Ниеднаш не ме остави да се почувствувам виновна. Веруваше и за двајцата дека се ке се среди. И тоа и ни ја одржа врската. Кога сега разговараме мегусебно што беше прблемот, верувајте, ја прецизен одговор немам. Со тек на времето почнав да не се оптеретувам со тоа што ке биде и како ке биде. Се препуштав на моментот. Кога се ослободив од мислата дека и да не биде ниш тој нема да се измори да ми даде уште една шанса....ете тогаш почнаа да се средува сексот. Бавно-но сигурно сега ни е прекрасно :) Дури сега знае да каже-го препозна ја потенцијалот во тебе затоа и се трудев толку :rofl: А се трудеше богами :rofl:

    Така да девојки,магичен рецепт нема. фантазирајте, експериментирајте, опуштете се .....и тоа е тоа.Барем кај мене беше ;) Ако треба некој совет или трик плус,пишете слободно ;) Ве поздравувам.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Значи многу ми мило ем драго за тебе :D Ја прочитав темaва баш денес и сакав да ти пишам да не се откажуваш од дечкоти ради проблемот . Ама си викам 2010 може сега и друг партнер има :lol:
    Па така со среќно на сите и Relax 8)
     
  12. azitromycin

    azitromycin Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Да бидам искрена кога почнав да ја читам се сетив дека сум јас :rofl: го имав заборавено и корисничкото име и лозинката :rofl: Кога ја започнав мојата *самонасочена терапија* престанав со одење по гинеколози и читање се и сешто на нет ;) Така да сега сум тука за совети ;)
     
  13. lexi

    lexi Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Хехе, па така и требало. И јас пред две години имав ист проблем. Мојот гинеколог дури и на психијатар сакаше да ме прати :D Ама сега е и подобро од супер :D
     
  14. ikica1

    ikica1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Значи ОЧАЈНА СУМ се гледам со дечкото подолг период но конечно се решивме да имаме секс, и бешеееееее катастрофааааа значи воопшто не беше пријатно даалеку од убаво ;( и многу ми е криво зашто пред да имаме секс кога се гледавме беше неверојатно добро, и кога дојде време да имаме вистински секс дечкото инсистираше но не беше веројатно сигурен во себе, немаше никаква предигра ми кажа само соблечи се и легни :| и толку , значи не е импотентен, јас навистина незнам шо беше знам дека не беше до мене, многу ми е криво зошто сега после таа вечер не ни контактираме а навистина е добар дечко и многу ми е убаво со него. Знам дека би ни било добро зошто знаеше што прави претходно кога се гледавме, а кога решивме да имаме секс беше како програмиран како да не беше тој :puke: многу лошо се осеќам , што да сторам за да се подобри ова ? ;( ;( ;(
     
  15. azitromycin

    azitromycin Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    ikica1 најверојатно сакал да се покаже во најдобро светло. Сте уклучиле повеке памет од што треба за самиот чин. Ја барем така мислам. Ако дечкото ти е ОК за се друго, ја на твое место би се потрудила малку повеке. јави му се, почнете пак да се гледате, малку повеке предигра, играње топло ладно мислам дека ке успее ;) Ако се друго мегу вас функционира како што треба - потруди се околу сексот.
     
    На ikica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lexi

    lexi Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Во право е azitromycin. Дечкото го премислил целиот акт уште пред да се случи. Исто така мислам ако се потрудиш ти, малку повеќе се би било супер. Јави му се ако мислиш дека ти значи, па секси облека ова, она, нема да боли сепак. :) Немој да се срамиш и без огромни очекувања. Некогаш машките неможат да ги достигнат сите очекувања што ги имаме ние жените. :lol:
     
    На ikica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Ако не ми е убаво и не знае да ме задоволи ќе го оставам...
     
    На Traveler91 и cyber-men им се допаѓа ова.