1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексуалната револуција и денешницава

Дискусија во 'Секс' започната од KittyAgnes, 18 март 2021.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Го гледав провокативниот настап на Карди Би на оскариве па малку сум како потресена:D...Не само тоа, туку и на работа имавме некој смешен муабет во врска со провокативни слики и ете без некое предупредување колегата сподели слика која стварно.... мислеше дека ќе се насмееме но на повеќето ни стана мнг мнг непријатно и имаше тишина па скоро две минути...

    Да споделам нешто...па да дискутираме:makeup:

    Кога зборувам за сексуална револуција, мислам на радикалната и постојаната трансформација на нашата сексуалност и интимно однесување, од 1960 (Западот) па се до денес.... Многу фактори придонесувале кон оваа промента, од создавањето на апчето до анонимноста на интернетот...

    Сепак сме свесни дека мнг сексуални однесувања постоеле од памти век (хомосексуалноста, порнографија, секс надвор од бракот итн) Но тоа што ја прави различна денешнава (модерна) сексуална револуција е начинот на кој што се нормализирани ваквите однесувања. Не викам дека денес луѓево гледаат порнографски материјали, а порано не го правеле тоа. Зборувам дека конзумирањето на пронографија повеќе не носи чуство на срам и социјална стигма како во минатото... Замислете порано човек морал да влезе во дуќан каде се продава таков материјал, па да не го видат комшиите, или нашите татковци кога ги криеле списанијата....а денес ете имаме све тоа на клик од мобилниот... и тоа е достапно на најмладите!

    Сега за настапот на Карди Би, порано за да се види таков танц се идело во стриптиз клуб, денес ни се сервира нагласена сексуалност и во најобичните реклами на тв... а според мене најмнг патат децата, бидејќи ете ја гледам внука ми има 10 години и со нејзините селфиња апла ги имитира заводничките погледи на нејзините идоли од инстраграм/тик-ток. Стварно сакам да ја заштитам внуками... уште од сега гледам мнг проблеми...

    Пред да се фатиме за колку мнг позитивни работи донела првичната сексуална револуција, да ја држиме насоката на разговорот... Како да ги заштитиме нашите деца? Како да си помогнеме на самите себе?.. Каде има место тука скромноста и дали столбовите на моралноста се премнг искривени или само привидум биле поставени па сега ова е новото нормално?
     
    На Angie1432 и Trajche87 им се допаѓа ова.