Какво беше вашето искуство со вториот партнер? Не со третиот, четвртиот (која колку имала), туку само со вториот? Кога за прв пат сменувате нов сексуален партнер! Дали бевте самоуверени и сигурни? Или исплашени од очекувањата? Дали во мислите постојано ви се враќаше `првиот`? Дали потоа чувствувавте задоволство или срам, збунетост?
Најголемата иронија во животот на повеќето жени е дека оној што навистина ти бил втор, не ти верува заради добропознатото „Жими мајка, втор си ми.“ Јас на тој чекор се одлучив по бајаги долгичката врска со првиот партнер, што од радозналост, што од екстремната привлечност што ја чувствував кон момакот. Ми беше единствениот несериозен партнер, не сакав никаква врска, сакав само да искусам некој поразличен. Срам немаше затоа што пристапив без никакви ограничувања и табуа, едноставно горев од желба да ги покажам стекнатите вештини во кревет со некој друг. И бидна, се гледавме чат - пат, а денес ми е многу добар пријател. И можам да кажам дека ми беше поубаво отколку со првиот. Никогаш не ме праша колку сум имала пред него, нити јас му кажав дека ми е втор.
Па со вториот само се гледавме некој си месец дена и беше чисто ради секс......беше многу подобар од првиот имаше боља техника а и јас си бев поопуштена,ми беше баш онака убаво и јас уживав и тој....и научив по нешто ново на тоа поле
Мене ми беше многу поубаво отколку со првиот. Со типов имав неколкумесечна врска, не ми значеше особено ама имавме одличен секс. Сеуште добро се сеќавам на тие моменти. И двајцата си бевме многу опуштени, никаков срам немаше. Инаку, не ме праша со колку сум била пред него...
а само да прашам нели кога стануваше збор за сексуални партнери мене ме напаѓавте сите а сега од кај ги најдовте 2от 3...4 итн ? и да не бидам надвор од темата со вториот партнер бев поопуштена се разбира, но не бев скрос.. бидејки тој ми гледаше доста поискусен па ми беше страв да не направам некоја глупост ...
Па лично јас, сум кажала дека сум била само со еден. Затоа и ме интересира какви се чувствата со втор. Јас сум во подолга врска и не можам да се замислам со втор. Ако би раскинала, мислам дека би ми било многу страв и срам за втор. Не знам зошто, ама ете така чувствувам во моментов...
јас немав некои преголеми чуства со вториот и беше се опуштено најобично, чист секс...нема од што срам или страв. поздрав
Јас не знам какво е чувството кога ќе бакнеш втор партнер, а не камоли да помислам како е да имам односи со втор партнер. зашто уште сум со првиот Се извинувам за офтопик, ама сакав да искоментирам
Вториот беше многу битен во мојот живот, тогаш одлучив да му се вратам на првиот Со вториот немав ич трема, најопуштено беше, ама сфатив дека само со мојот ми е најубаво и дека со него сакам да бидам
Многу убаво искуство имав со вториот партнер. Знаев дека не може да е полошо од моето прво сексуално искуство, немав воопшто трема, напротив, мислев дека знам се' што треба да се знае. И така си се подучивме двајцата, зашто и неговото портфолио не беше нешто преполно.
Јас планирав вториот да ми биде само во пролаз, чисто авантура ама... Се заљубив, се запустив , па потоа се веривме и супер ни е сега. Туку чинот како чин, одличен, знаев дека после катастрофалниот прв партнер вториот каков и да биде, ќе биде подобар. Ама Петко испадна дека е екстремно добар . Малце се туфкав, да се опуштам и уживам или не, но си реков дека најдобро ќе биде да и се препуштам на страста да ме води и бидна што бидна. Воглавно натинг спешал, до душа мене и првиот пат не ми беше кој знае колку посебен не па вториот, мене ми е битно да го бидува момакот а не да си играме само тури-вади, а романтики, свеќи и кандила-не љубам многу, многу. Ова е со чуствата, после направив глупост, али таа не беше поврзана со вториот партнер, туку со личноста, за тоа во друга тема.
искрено ми беше страв страм измепани емоции. Ама испадна подобро во секој случај отколку со првиот партнер
дечки помагајте!!! досега сум била само со еден (со бифшиот), и вчера излегувам со еден пријател кој се познаваме како другари многу време (и за време кога јас одев со бифшиот), и вчера пријателски се мувавме ама буквално 6 сати и почнавме со пипкање по малку, а на крај многу и двајцата се напаливме многу....незнам како се исконтролирав да не бидне ништо повеќе и тој исто така. мене тој дечко многу ме привлекува од уште првиот пат кого видов, ама некако ми е страв сепак сето тоа испадна како на првата средба и малку чувствувам ко вина на себе, зошто има само месец од ко раскинав со бифшиот и одма се фрлам на авантура, а да не ни помислувам тој што мисли за мене. незнам што да правам, дали да се опуштам, да ја оставам контролата и да имам со него? и уште едно прашање дали е мошно зошто си била премногу напалена да те болат нозете над колена (здрвени мускули) и да имаш болка долу 3пати поголема од колку за менстроација?
Секс со вториот партнер Девојки ми треба совет... Бев во врска прилично долг период ( 2 години ) а сега по една година статус "single" сум подготвена за повторно впуштање во тие води Се гледам со еден дечко околу еден месец , но сеуште сме во фазата "мување".Очигледно е дека премногу страст има помеѓу нас но незнам доколку сега се решам за секс дали би го подобрила или некако уништила нашиот однос. Не сум сигурна дека тој е спремен за врска , а сакам некако да дознам што тој мисли за ова. Благодарам
Секс со вториот партнер prasaj go kakva vi e situacijata. sega e momentot i dvajcata da si kazete sto sakate od vasiot odnos i posledovatelno na toa da prodolzite kako sakate. koga sekoj iskreno si kaze sto saka i sto ocekuva nikoj ne e povreden na krajot
Секс со вториот партнер мислам дека ако сакаш да имаш врска со типов нјдобро ке ти биде да ја официјализирате врската па онда секс зашо ако сега имате секс ке остане само на тоа,
Секс со вториот партнер Ко шо кажаа и другите види до кај води патот на вашето мување. Ако планира на тоа да остане само, ондак од тебе зависи дал ке се впуштиш у секс со него или не. А ако сака и детево врска ондак официјализирајте и нека течат лагано раб тогаш меѓу вас
Сум слушнала дека ако имаш многу добар секс ,левата или десната дланка почнува да ти трне. Прави како тебе што ти е убаво, на крај краева ако сексуално се привлекувате а тоа е многу битна работа зашто не оставиш работите да си течат онака како што треба? Остави на моментот да те понесе. Таквите ненајдени работи се најубави ... На крајот на краиштата, си прекинала со дечкоти, сигурно и он има некоја друга најдено, светот не престанува да се врти , додека трепнеш може се да се измени.