Нормално дека има разлика и дека второ одделенец не треба да знае за секс, но типично се почнува од петто. Ако детето почне да учи за секс не значи дека ќе стане љубопитно, тоа ќе стане љубопитно кога воошто не сте го вовеле во таа тема и самото ќе почнува да размислува за такви работи. Нема што да се крие од дете нешто природно, добро е да се биде информиран од рани години.
Треба, ама во средно. Во основно се сеуште многу мали, доволно им е во учебниците по биологија тоа што учат за полови органи.
Да,но Или во 9то или од 1-2 средно ,а никако од второ одделение ,ниту пак од петто. Тоа време се знае за што е ,Барби ,шетање и истражување на светот ,не на сексот.
А програма има ли, за фамозното сексуално образование? И ако не, или не сте ја виделе програмата, како го замислувате кога коментирате? Дали вака некако? Морам во спојлер, срамотно Спојлер: Е
Не знам дали беше точно програмата, ама пред неколку дена видов еден линк на фб кои теми ќе ги (би ги) опфаќало, и искрено мене ептен ми се допаднаа, имаше нешто општо и за положбата на жената, за дискриминација, за разни видови на контрацепција, и замислете сите оние што се уплашија дека цело сексуално образование ќе биде наменето за да се убедуваат децата да станат "педеришта и лезбејки", да им ја промовираат и наметнуваат хомосексуалноста... Единствено во последната тема во една потточка беше спомената. Доколку некој налета на целосната точна програма (ако не била и оваа, да не згрешам, не сум сигурна) нека ја сподели слободно, ме интересира искрено што се' ќе опфаќа.
Ќе било изборен предмет во 9 то одделение https://360stepeni.mk/seksualno-obrazovanie-ke-bide-izboren-predmet-vo-9-oddelenie-najavi-tsarovska/
Имаше многу дезинформации кои кружеа на нет затоа излезе и тоа дека луѓето се плашат од тоа дека нивните деца ќе станаѕ"педеришта и лезбејки". Секако и тоа треба да биде кажано бидеќи е неминовен дел од нашето секојдневие ,и да сакаме и да не сакаме ќе се сретнат со тоа па нека биде и дел од сексуалното образование. Дел од гласините беа дека од 2ро 3то оделение ќе се кажува и тоа, како и дека детето треба да се осеќа како што му доаѓа ,да избере само што ќе биде дали машко или женско. Ова е многу двосмислено, секое едно дете без разлика на пол, сака да биде обратното во одреден период . Секое дете машко посебно сака да си игра и со барбики.Кое дете не би? Убави бои, убави играчки.. Родителот треба да го насочи своето дете според полот во кој се родило ,значи да му укажува што е машко а што женско низ илјадници ситуации,па кога ќе наполни 18 години нека биде што сака. Секој родител е должен да му објасни на своето дете што е што. Како може 7 годишно дете да зборува за идентитет ? Па се збунува ,нормално ,сака да биде се. Значи треба да се објасни. Па побогу природа е природа затоа се раѓаме и машки и женски.
Одамна не е прашање дали треба да има сексуално образование во училиштата тука мора да има. Очајно фали. И да, од најрана возраст. Секогаш особено ја фалам наставничката до четврто шо со првата менструација не задржуваше малку после часови да ни објаснува шо се случва, како, зошто. Типс енд трикс за пубертет, како да се заштитиме, какви промени да очекуваме и отворени прашања. Немаше смеење и кикотење на зборот „секс“ или „менструација“ и впрочем никогаш не ми било срам вака да ги изговорам баш ради та причина. После се преселив и префрлив во друго училиште и прв пат во 8мо ( сегашно 9то) имавме предаватели за пубертет и заштита од сексуално преносливи болести и нормално, да не можиш да спомниш „секс“, „пенис“ или шо и да е друго, само кикотење а не е срамота. Природно е. Инаку дури во 8. Јас веќе 4 и пол години плодна бев дур дојде некој да ни кажи шо се случва. Јас имав фора 4 и пол години ако имав интерес да напрам утка. Ова можи го имам кажано, во второто училиште, во 7мо венчавме една, во 8мо дете роди. Ве молам, после ова пак да велите дека сексуално образование е за во средно и дека основците се само деца и не е потребно. Ако сакате да заштитите - Е Д У Ц И Р А Ј Т Е. Тој е најсигурен начин за да ги заштитите децата. Да сфатат шо се случва, да нема тајни. Ако знат шо се случва, можи да научат како да се заштитат. Ако знат како да се заштитат, едноставно ставете глава на перница и одморете. Отворен однос со детето и гарантира до негде дека нема да крие и да утни нешто, ама и од друга страна, гарантира дека ве слуша и најверојатно барем дел ќе сфати од тоа како да се заштити и вистински можите да сте мирни на тоа поле. Према мене само природните предмети не се доволни да се учат за ова. Велам четврто, сега петто, од прилика е кога првите добиваат менструација. Од прилика тогаш е добро да се има прв пат сексуална едукација која главно ќе биди фокусирана на тоа. Секундарни полови карактеристики. Што означуваат. Дека не е страшно и на сите ни се случва. Какви други промени можи да има. И отворени прашања. Се што ги интересира - да прашаат и да им се одговори. Оти ако не им се одговори, од возрасен човек кој е задолжен за тоа, ќе отворат порно или ќе бараат на интернет од несигурни извори и после ќе имаме случаеви за „салата“ ставена во вагина за да се лечи кандида место да се оди на гинеколог. Пак ќе речам, pros and cons. Шо е подобро во случајов? Покасно веќе и мора да се учи начини на контрацепција, заштита од несакана бременост, полово преносливи болести и дури би рекла кои се полово преносливи болести и симптоматика. Треба и да знат за апче за ден потоа за да нема случаеви каде се пијат како бонбони зошто самите знајме колку е лошо и то мора да се спомени. Следно, да знат да си го читаат телото - како доаѓа до ерекција? Како да познајш дека си во овулација? Што е ПМС? И ако знат шо е вообичаено, да можат да препознаат шо е невообичаено - зошто исцедокот ми е жолтеникаво- зелен и има мирис? Зошто имам црвени точки на пенисот? Следно, каде да се упатат за овие работи. НИШТО од ова доволно не се збора со децата дома, ни па на училиште, а очекуваме после училиште да се функционални возрасни личности. Како? Како ќе дознат? Ама, сексуалното образование не е само ова. Сексуалното образование ни укажува дека нашето тело е само наше. Со тоа ни укажува дека ние го имаме последниот збор за него и дека никој не можи да го допри без ние да му дозволиме. Така се дава поддршка на жртви кои се злосторувани, да му се земи дел од товарот и да знат дека не е до нив. Да можат да сфатат зошто некои работи му се непријатни и се нели вознемирување сексуално, ама не можат онака pinpoint да напрат зошто се осеќаат како шо се осеќаат. Следно, сексуалното вознемирување опфаќа и формирање на емотивни врски. Од нас се очекува да знаеме да бидиме добри партнери, ама кои се посакувани обрасци на однесување во партнерска врска? Нормално е додека сме млади да не знајме и со тек на време да учиме. А тоа учење е далеку поолеснато ако некој ни покажи и ни објасни зошто работа икс направи партнерот да се осеќа лошо. Со то ќе можат децата да препознаат кога некој се обидува да им врши груминг, или пак ако се заглавени во токсична врска која лошо им се одразува на менталното здравје. И ова, ова е многу важно, а спаѓа во сексуалното образование. И да, спаѓа и разбирање на сексуалноста и почитување на туѓата сексуалност. И нешто шо баш кога ја видов темава и решив да пишам, зборав на телефон и другарка ми ми спомна нешто стварно важно е, „да, треба да заштитиме децата да не затруднат и да не закачат болест, ама ако некој сака бебе, зошто не ги учиме како да се грижат за то бебе? Едноставно раѓаш и тое, прај шо знајш.“ и во мисла ме стави. Зошто е во право. Некаде кон крај на средно мора да се пикни и нешто за ова. Не онака буквално „како да бидиш родител“ туку да се учат развојни фази на децата. Кога знајш како детето го гледа светот и колку можи да сфати во даден период, знајш да се прилагодиш на неговите можности и да се спуштиш на негово ниво да те разбери. Можи во склоп на предмет „психологија“, шо знам дека го нема во сите училишта ама него да се учат теории кои најискрено, на никој не му требат, треба да се учат практични работи како ова, препознавање на стресори, ментални проблеми и општо проблми по психичкото здравје, како да се справиме и како да насочиме пријател да побара помош. АМА, то е скроз друга тема и нема да го длабам ама морав да спомнам за ова со родителството. 1 │ 2
Многу дезинформации се шират по фејсбук колку што видов на неколку пати, би требало да излезат со некоја официјална информација што ќе опфаќа предметот, кои содржини ќе ги обработува и сл.Некои си забегуваат со теориите на заговор ама некои други и ги разбирам зашто сакаат да си бидат на чисто што ќе им учат децата.
Сум за сексуално образование, ама не на 12год. Едно е да се учи за секс, друго е за менструација. Јас кога бев основно во шесто имавме предавање за менструација и се поврзано за тоа. Во осмо т.е сега 9то се учат полови органи по биологија, барем ние така учевме, сепак се деца. Сексуална едукација од 15год.
Џабе ќе го воведат предметот ако биде изборен. Само ќе фигурира како предмет, а може и со години да не се изучува во одредени училишта или општини. Јас сум ЗА да се воведе, ама во средно образование,сепак основците сеуште се "незрели" и нема да ја разберат суштината на самиот предмет,и ќе подлежи на заебанција и исмејување. Имам и некои недоумици околу материјалот што ќе се изучива. Ќе се промовираат и застапуваат ставови дека род и пол не се иста работа, кои сметам дека треба прво на повисоко ниво да се расчистат овие работи, па да им ги сервираме на децата. Збунка ќе настане кај децата, пред се кај основците. Дел од предвидените теми се околу оваа "проблематика" кои сите знаеме дека ги промовира ХЕРА-од каде што доаѓа самата министерка. Има уште за пишување, ама ќе оставам за некој нареден пост.
Јас се согласувам со @theowndemon може да се оди постепено во секоја година од образованието да се обработува соодветна тематика. Не мора предметов да биде во една година се, туку може повеќе години со по одреден број часови годишно, така мислам дека ќе биде поефективно, бидејќи секоја тема која се обработува во ссо бара одреден степен на зрелост, ако може така да се изразам. Според мене доколку се оди да се изучува само во една година, тоа треба да биде 9то или прва, максимум втора година средно, затоа што младинава многу порано влегува во врски и започнува со сексуални односи (можеби и порано се почнувало на таа возраст, но помалку се зборувало и се знаело), така што треба едукација.
Очајно е потребно сексуално образование. И да се образоваат малку овие што рипаат против тоа бидејќи ќе ги учеле децата да бидат "педери и лезбејки". Мислам дека во средно треба да се почни и да биди задолжително. Во основно е доволно да го знаат основното, по биологија да се учи отприлика кај 5-6то одделение кога најголем дел од девојчињата добиваат менструација. Колку што се сеќавам ние во 6то имавме презентација за менструација и сѐ околу тоа, ни дадоа флаери и влошки. А за полови органи и размножување тек во осмо по биологија се учеше, тоа мислам треба да е многу порано. Треба и да се скршат табуата и кога ќе се спомни секс да не се кикотат децата и да мислат дека е нешто срамно. Интимно да, срамно не. И во средно дури кога по биологија ќе се спомнеше ерекција и како доаѓа до тоа се смееја. Сексот е сосема нормална и природна работа и затоа е потребно да сме едуцирани околу него за да нема лоши и несакани последици.
Јас сум ЗА да се воведе. Но во основно образование нека биде друг предмет. Нека се запознаат децата со нормалните појави, повеќе како здравствено образование да биде,нека се зборува за развој на телото,менструација,сида,хепатит и сл. И за сите СПБ да бидат информирани и општо да си знаат која е функцијата на органите и процесите во пубертет. Во средно треба да има сексуално образование и да не биде изборен предмет туку задолжителен. Да се информираат младите како што треба за да немаме во темиве глупи прашања. И за бременост и за контрацепција и за заштита од СПБ. Бидејќи гледам нема појма никој од тоа, а се сексуално активни се порано средношколците. Пример се изнасмеав во темата за ХИВ дека не прават разлика од хив позитивен и негативен, се е за нив сида. Имаше и прашања и коментари од испаничени членови кои дознале дека дечкото/девојката имале повеќе сексуални партнери пред нив и си направиле филм дека имаат сида и готово, плачат, сакаат да се тестираат. Не се едуцирани. А треба. И јас никаде не учев за тоа,ниту некој ме седна да ми каже, бидејќи нели, табу тема е. Ама сакав да се информирам, пребарував на гугл, читав статии, се едуцирав. А денешниве млади трчаат да направат профил на фемина и да прашаат : "има ли шанси да сум бремена? Има ли шанси за ова/она?" Очајно е потребен предметот.
Незнам колку комуницирате,имате во близина деца на таа возраст,меѓутоа деца од 13 год имаат секс и тоа во последно време е се почесто.Јас кога чув се шокирав.Кога веќе гледаме дека децата стануваат сексуално активни прерано,тогаш да треба полека да се воведуваат во тој непознат свет,за кој мислат дека се знаат.И во мое време(89 год сум) имаше девојки кои беа сексуално активни од 13/14 год. Е сега би кажала за еден мој професор по историја во основно кој беше прекрасен. Најпрво ќе го предадеше материјалот,а тоа толку добро го правеше,што немаше дете кое не сакаше да учи историја.На крајот на часот ќе оставеше некои 10-15 мин за разговор со нас на сите теми.Направи да се чувствуваме како некој кој не разбира(а нели веќе почнува пубертетот па и самите ние не се разбираме).Ги опфаќавме сите теми,па и секс.И сите дискутираат.Ни беше како татко на кој сите може да се потпрат.Значи таков пристап треба да има оној кој ќе предава сексологија.Да им стане другар на децата,да влезе во нивните глави. Да ги предупреди за се,да им каже дека порничите не се вистинска слика за сексот.А знаеме дете децата од многу мали имаат пристап до порно страните,и мислат се научиле. И најпрост пример е форумов,каде гледаме дека влегуваат неподготвени во тој нов свет.Не користат кондоми,зошто негде чуле поубаво било така.Прашуваат дали може да се трудни,а да не се сврши во нив,или ми сврши на вагина,па пиев норлево. Со децата само разговор и разговор.И примери,и да им покажеме дека ги сфаќаме,да им укажеме на последиците.
Во голем дел се сложувам со погорните постови, но мислам дека "main goals" на предметот нема да бидат темите околу секс, репродукција, циклус... итн. Туку највеќе ќе се "форсираат" темите околу видови родови,сензитивноста, дискриминација и сл. Имавме и онлајн обука/курс за наставници баш околу ова, и мене лично не ми се допадна баш целиот концепт.
Баш поради тоа јас не би сакала пред 13 годишна возраст да се изучуваат тие теми. Секако и ќе се сретнат со темата тоа е секојдневие ,но не прерано.
Исто мислам и јас, и затоа претходно имав пишано дека најдобро е да се изучува во средно образование. И "ние" па и децава не сме баш "спремни" околу оваа тематика, каде треба прво на повисоко ниво да се преработи, разгледа, едуцира и сл. Вовед во обуката.. Некако се пре нагласуваат овие теми, а тие што треба вистински да бидат фокус на предметот, "запоставени" се, и се ставени во втор или трет план