1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексуално образование во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од Unfaithful18, 23 јули 2010.

  1. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    И јас сум просветно лице ,но моментално поради ситуацијава а и општо немам кој да ми гледа дете сум "само" мајка.

    Јасно ми е зошто го прават сето ова, кој е акцентот и која е целта. Апсолутно. И можам да пишувам реферати и до утре на оваа тема. Но, бидеќи не сум на форумов дојдена за тоа, премолчувам и го кажав кратко мојот став погоре. А верувам и тебе дека ти е јасно се.
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    А зошто од средно? До тогаш повеќето ја имаат „совладано„ проблематиката.
    Па, сега децава од 9 години влегуваат во пубертет, до 15 години поголемиот дел од нив веќе се сексуално активни. Целта на сексуалното образование е да ги подготви пред да станат сексуално активни, а подоцна веќе може да биде касно.
    Јас сум за сексуално образование од 5/то одделение.

    „Високи„ политики и инсуниации не ме интересираат. Зборувам за суштината на предметот, а тоа дали министерката била ваква или онаква, не навлегувам. Секогаш има замерки. Предметот како предмет е повеќе од потребен.
     
    На M.B., Bezimenka90, Glowy и 5 други им се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    6.875
    Пол:
    Машки
    Ако предавањата ги држат овие про-сорос невладини организации како Хера и сл. не треба да се воведе, бидеќи ќе им се труја мозокот со лекции поврзани со ЛГБТ, истополови бракови и други гнасотии.

    Сум ЗА, да се воведе но предавањата да ги држат наставници по биологија или стручни лица од медицински установи и психолози, покрај тоа шо во 9то по биологија се учи за телото може да се направи концепт и додаде едукација и заштита од болести/насилства и притоа да се стави нагласок дека живемее со веќе воспоставени морални вредности и дека сексуалните односи се одвиваат исклучиво само помеѓу МАШКО и ЖЕНСКО.

    Потребна е едукација, особено во пубертетските години, бидеќи знаеме дека во тие години ние се розово :D
     
    Последна измена: 20 февруари 2021
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Обукава според опишаното, нема баш врска со сексуално образование:wasntme:
     
    На Ева33, Celltica и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Па не е, и затоа сите што бевме на обука сме со прашалници... :?:

    Може ќе има уште некоја обука плус, не знам, но првиот впечаток е дека некаде нешто е залутано со предметов.

    Зошто во средно може да биде задолжителен предмет, а во основно е изборен, и може никогаш и да не се изучува предметот.
    Во основно може вовед да има и насочување кон предметот, и така некои сегменти се опфатени по билогија.

    Некако позрели се средношколциве за разлика од основциве и подобро можат да ги разграничуваат и разберат темите па и поимите, без да се срамат да ги споменат, да се смешкаат и сл.

    Целта ја знаеме на предметот, но дали и што навистина ќе биде опфатено во темите, сеуште не знаеме
     
    На злоба и NewMama им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Ама во средно веќе е касно. До тогаш 99% знаат се за сексот и можат да им држат предавања на предавачите :D И, за жал, добар дел ги имаат искусено и негативните последици од истиот. Затоа и треба да бидат порано образувани за сексот, заштита, болести итн.
    Јас сум да биде задолжителен предмет од 5/то одделение.
     
    На Biljarkata, Glowy, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  7. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Мн ме интересира дали вие што сметате дека сексуалново образование треба да биде од 2ро 3то 5то одд имате деца ?
     
    На Tamsy, deskarada и Ева33 им се допаѓа ова.
  8. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Не е, не е касно воопшто.

    Подобро задолжителен во средно, отколку изборен (и ретко или воопшто не предаван) во основно.

    Од 5 одд да се изучува воопшто не се сложувам.

    Што ќе учат децата добри 5 години (нели, ако се изучува од 5-9 одд)?
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    16.951
    Пол:
    Женски
    Имам две.
    Еве нека не е од 8 год нека е од 11-12.
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Читав дека децата во Холандија почнуваат со сексуално образование уште од четиригодишна возраст. Тие имаат најмал процент на заболени од СПБ и малолетничка бременост во светот. Денес децата порано влегуваат во пубертет.
     
    На noteforself, Bezimenka90, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    29.303
    Пол:
    Женски
    Прво да тргнеме од фактот дека на форумов се имаме изначитано прашања во темите секс од помали, па и од постари девојки од типот ми сврши на стомак дали сум трудна, имавме анален секс дали може да сум трудна итн. Факт е дека и покрај тоа што ни се достапни толку лесно информации со еден клик на интернет, ние имаме сексуално необразована младина.

    Е сега околу тоа од колку години треба да се започне со едукација, сметам дека стручните лица можат соодветно да го определат тоа. Со секоја нова генерација се понапредни и понапредни, уште од мали се на таблети/компјутери дискутираат што ти не, знаат за секс, зборат за тоа. Лично мислам од 10/11 години е соодветно да се започне со едукација, со оглед на тоа дека веќе и менструација добиваат на многу рани години, а некои не ни знаат што е тоа. Мојата братучетка доби на 9 години како и многумина од нејзината генерација.

    Обавезно треба да е како задолжителен предмет и во основно и во средно, па можеби така ќе успееме да одбегнеме толку многу несакани бремености и пренесување на сексуални заразни болести.
     
    На mode-kristina, Bezimenka90, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Elenica*Petrova

    Elenica*Petrova Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Како професор на деца од 6 до 9 одд, морам да ви кажам дека децата се интересерат за "таа" тема уште од 7-8 одд.
    Ве молам немојте да мислите дека вашите деца се други, и дека не се такви. Мораме да се сочиме со реалноста. Нели е подобро детето да знае дека не е емоционално и телесно спремно за секс на 13-16 години.
    Верувајте ми со разговор и објаснување повеќе им даваме до знаење дека треба да почекат, вистински партнер, дека не треба да имат односи затоа што се чувстуваат присилени на тоа.
    Пред еден месец девојче од девтто одд. ми се јави да ми каже дека дечкото и рекол дека ако немаат односи ќе ја остави и таа не знаеше што да прави.
    Не сакаше да зборува со родителите затоа што ќе и викале и ќе ја казнаат.
    Ние како држава мораме да имаме развиено малку повеке совест околу потребите на општеството.
    Колку и да не сакаме да прифатиме, тоа е реалноста.
    Создаваме деца кои не се информирани за ништо околу сексуалното образование и после се чудиме зошто има толку деца со сексуално преносливи болести и ХПВ инфекции.
    Свестете се, за децата ни се работи!
     
    На mode-kristina, noteforself, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Сум ЗА, биг тајм.
    И тоа уште од 6то одделение по ново, евентуално 7мо. Па и порано. Што ќе им е да учат основи на 14/15 години, кога некои веќе имаат (негативно) искуство? Апсурд.

    Зошто толку рано?
    Зошто НЕ? Времето кога сексуалноста е нешто "срамно" помина. Жално е што прсоветни работници се подржувачи на секакви стереотипи.
    Али еј, секој со своите недостатоци. (heidy) До моментот кога истите се обидува да ги пренесе на некој друг, особено цели генерации. :bug:

    Новите генерации се пинформирани, и треба да пидат повеќе информирани, од старите.
     
    На mode-kristina, Glowy, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Да
    Имаме.

    Децата на 11-12-13 почнуваат да мастурбираат.
    Тогаш стануваат свесни за својата сексуалост.

    И сметам дека пред тоа, треба да бидат информирани за тематиката, барем оквирно и соодветно за нивна возраст.

    Секоја настава може да се адаптира по возраст.
    Речникот, информациите кои ќе им бидат изнесени, начинот на кој ќе бидат информирани.
    Затоа наставниците учат педагогија и методика.

    А, да. И учебниците да бидат пишувани во консултација со детски психолози.
    Обавезно.
     
    На noteforself, Bezimenka90, Snow-Star и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Имаме. И ако предметот е сексуално образование и здравје, треба да биде најдоцна до 9 години. Многу понормално и поправилно може и треба да се објаснат промените кои ги очекуваат, пред тие промени да почнат да се случуваат, со соодветен речник и пристап.
    Ако е предметот родови дрндупки и лажна хиперкоректност, од типот трудни луѓе и луѓе со матка- прашање е дали таков предмет е потребен воопшто, оти тоа не е предмет, тоа е индоктринирање.
     
    На Snow-Star, WildMk, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    6.576
    Пол:
    Женски
    Како личност што сум била на обука за ссо одржана од Хера, можам да ти кажам дека не ги „трујат“ мозоците со тие лекции, напротив задоволна бев од начинот на кој ги спроведуваа обуките и го опфаќаат се она што е потребно една личност да знае за сексулано образование.

    Во однос на тоа кој ќе ја одржува оваа настава во училиштата, треба да има соодветен кадар од биолози, психолози и слилно.
     
    На Elenica*Petrova и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    15 прашања и одговори за сеопфатното сексуално образование

    1. Што е сеопфатно сексуално образование (ССО)?
    2. Зошто ни е потребно ССО?
    3. На што нè учи ССО?
    4. Кои се сознанијата за ССО во европските земји и во Македонија?
    5. Кога е вистинското време за ССО?
    6. Што значи ССО во новата предлог-концепција за основно образование?
    7. Од каде ХЕРА во приказната за ССО?
    8. Што се подразбира под пилотирање на ССО?
    9. Како ќе се изведува пилот-програмата за ССО?
    10. Какви материјали и илустрации ќе се користат во пилот-програмата за ССО?
    11. Дали ССО има намера да го замени воспитувањето на децата од родителите?
    12. Дали ССО ги учи децата да бидат хомосексуалци?
    13. Велат: „Се оженивме и родивме деца, а немавме ССО па, еве, ништо не ни фали.“
    14. Зошто треба младите да учат за родот?
    15. Хрватска, Србија и Бугарија немаат ССО. Зошто па ние да имаме?




    ————–
    Сите прашања заслужуваат одговор. Па, ако имате уште некое за ССО, пишете ни на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Доволно е тоа што хера е вмешана во сето ова за да ни се јасни сите одговори. А дали децата ќе бидат хомосексуалци или не, пак ќе ни бидат деца. Се е во ред само со родовиве неможам да сфатам. Зошто сакате да уништите и нешто најмалку морално што е останато како наша традиција ? Не е ова стрикно до тебе , туку општо сите постапки на министерката за образование . Никој нема да ги гласа следно па и ова кога тогаш ќе ви пропадне во вода. 70 % ако не и повеќе од родителите го делат мојот став.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Затоа сме на ова дереџе.
     
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Што ти значи реченицава?
     
    На theowndemon, злоба и WildMk им се допаѓа ова.