Дека безгрешно зачнуваат. Дека е во ред да има појави како “Јавна соба“ Дека е во ред да не разликуваат децата сексуално вознемирување од консензуална сексуална пракса.
@WildMk до кое дереџе сме ? Не разбирам. Секој сам си одговара за квалитетот на својот живот. Јас сум на одлично "дереџе". И да 70% од јавно искажаните мислења. А од сите што ги познавам лично без разлика дали се родители или не, на никој не му се допаѓа новиот концепт. Апсолутно на никој. @GirlRose реченицата се однесува дека треба да се задржат моралните вредности кои и онака малку ни се останати. Не сум против хомосексуалци сметам дека секој треба да си го живее животот како што сака. Ама да ми учат деца за родови кога на светот постојат 2 рода -машки и женски !?Сувишно е.
Можеш колку сакаш да превртуваш кажани реченици кои што точно знаеш што сакам да кажам со нив ама на таквите како вас најдобро ви оди испревртувањето на вистината. И патем јавно ги подржав сите жртви. Јавно сум човек против секаков вид на насилство. Јавно зборувам дека треба да има сексуална едукација од контекстот кој што го спомна во горенаведеново мислење. Ама децидно сум против да се учат децата на работи што се непотребни, знаеш на што мислам многу добро.
Абе бидете си против сексуалното образование, но кога децата ќе ви дојдат дома и ќе ве мавнаат со шокантната вест "Мамо трудна сум!", видете си. Ова се однесува за родителите со деца над 13 години, со кои немале отворен разговор за секс.
Може некој да го објасни новиот образовен концепт околу сексуалното образование и да каже зошто родителите излегуваат на протест за два дена околу новата електронска програма? Во кратки црти, најпластично за двете.
А што тоа е јасно овде против реформата? Па токму ХЕРА се компетентни и засегнати околу темава - во недостаток на официјален предмет сексуално образование, нивни волонтери со години држат по некое неформално предавање во училиштата. Кој друг да биде вмешан, да не треба МПЦ да се праша случајно? Да не филозофирам многу, отворете на нивниот сајт, има фино објаснето сè - и што ќе се учи, и за која возраст уствари се однесува пилот изменава. Нормално дека сум за сексуално образование, а сите коментари кои се напишаа против ова се доказ дека заедно со него очајно е потребно и медиумско образование, уште повеќе за возрасните. Страшно е каква фејк њуз и параноична нација сме.
Од цела содржина се бунат. Се плашат децата хомосексуалци да не им станат од предметов. По разни Фб групи само трескаат зелени, ќе им го "переле мозокот" на децата, а родителиве што гледаат разни глупости по интернет демек не е?
Да, знам, плус измислуваат и дека ќе се учело за родител 1 и 2 и секако на мнозинството толку му треба за да почне да скока.
Прочитав се. Ако е концептот таков баш како и што се одговорени прашањата, тогаш одлично, опфатено е се, мене како родител ми се допаѓа. Сепак ќе ја почекаме пилот програмата.
Чупе ова е 4 то прво горе ... А друго ,леле мајко значи ,да ти дојде да не го пушташ во школо е ова...
Гледав горе вика прирачник од седмо до деветто. Ама не знам само како некој го напишал ова и како некој го одобрил. Нема ли 500 евра еден гинеколог да види? Мила шарената ќе ни ги учи децата.
Ау извини ,работилница 4 била .. не го видов горното ,но и 7 но е малку. .. Катастрофа е ова .. а тие ќе си го истераат сигурно како и се друго.
Гледаме како ве лажат вас цело време со фејк њуз по социјалниве мрежи, или пак некои од вас и намерно ги шират лагите. Ова пишува дека е прирачник за животни вештини како прво и сигурно не е од сега, второ ништо нелегитимно нема во тврдењава, ниту пак премногу експлицитно како за деца од 12-14 години кои веќе се во пубертет. Да, точно е, врски и секс не се само за луѓе од различен пол, сакале или не децата ќе ви го научат тоа и без формалнава едукација, помина времето на конзервативно перење мозок на нови генерации. Сè уште чекам макар една конструктивна критика за реформата па и за Царовска општо, досега буквално сите биле од хистерични десничари и конзервативци. Убаво ви го плеснала женава, алал да ѝ е.
Памтам во средно имавме кратки предавања, во неколку наврати за сполно преносливи болести , несакана бременост, ни делеа кондоми и тоа е тоа. Подржувам вакви предавања и треба да ги има. Сосема доволно, нема потреба од тврди пениси, хомосексуалност и сл. Без разлика дали е нешто точно или не деца од 7мо одд, на 12 и 13год нема потреба да се оптеретуваат со сексуални односи, а уште помалку да им се наметнува хомосексуалноста. Колку год била природна, ги има многу што од љубопитност ке прават циркуси, знам за икс случаи. Секако низ животот ке дознаат и за хомо, би и секакви чуда, ама тоа нека биде кога ке се возрасни, а не деца. Што ни фали нам што не сме учеле за истото? Баш ништо и нема потреба да се наметнуваат и форсираат агенди на невладини организации.