Само тоа, да. Ќе им кажат на децата дека може да не забременат ако дечкото го извади на време. После истиве шарени што зимаат кеш за проектчиња ќе им кажуваат дека треба да абортираат. Мали грешки се тоа, што е едно свршуење... Иначе сум за. Ама книгите со оглед на тоа дека се крајно неписмени како што се гледа, детето ќе си го едуцирам сама. Ќе оди на школо ради социјализација не за едукација, уште помалку за воспитување. И ќе и кажам дека ова у книгите е глупост финансирана од невладини за да земат пари. А глупавите нека им викаат на нивните деца дека се у книгите е точно. Види оваа спешлка, класика шарена. Не прочитала, ама она е за. И така и ќерката ќе си е воспитува. Без да чита, слепо ќе и вика, имај секс со надвор свршување, така вика Мила. Ова е класичен пример на одбрана на глупост заради кеш.
Темава има наслов и тоа е "Сексуално образование во училиштата" а не шарени и еднобојни. Почнав да читам и се откажав после неколку постови од што трујат со политика. Способни ли сте да напишете мислење на одредена тема без да вмешате политики? Испрани мозоци, греота.
Апсолутно се согласувам. Јас поддржувам ССО во училиштата како изборен предмет или како тема во задолжителен преглед. Има многу теми од здравствено - социјален аспект и сл.;
ССО нема да биде изборен предмет туку ќе биде интегриран низ предметите од 1во до 9то. Единствен изборен што ќе биде, ќе биде Сексуално образование во 9то, тоа е таа пилот програма што почнува само во 4 училишта од септември. Јас сум За сексуално образование, и тоа уште од 7мо, но за ССО сум против!
Треба да се воведе. Многу деца во средно беа неинформирани, машките особено не знаат ништо за циклусот на нас девојчињата. Смешно им беше за овулација и плодни денови кога учевме.
Ќе го продолжам муабетот овде, пошто на многу надмен начин ја направивте @IRBBB теоретичар на заговор. Исто како и страницата што ја постираше https://www.zadecata.org/post/hera-masturbacija-za-deca-od-0-do-4-god Страницата од ХЕРА нема да ја барам,небитна е, линкот е валиден и не води до ова Вештини- играње доктори? Во градинка, на возраст од 0 до 4? И, @CameliaMiller рече приватно и интимно. Како би се извело тоа, како дел од образовен процес, во градинка?
Не треба ништо да се "учат" 0-4. Ако некој нешто треба да научи, родителите се тоа, дека е нормално и дека се' е во ред со детето. За род не знам врз база на што би учеле толку мали деца, пошто немаат способност да сфатат род како концепт. Пак тука би рекла поеќе родителите треба да се образуваат, без оглед детето што не знае што е род, веќе има афинитети кон родово стереотипни особини. Не знам ни од кај е линков ни што би требало да претставува, ми фали контекст.