Сексуално образование: дома или на улица?

Discussion in 'Секс' started by nena2010, May 31, 2011.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Joined:
    Nov 5, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    3,195
    Браво за темава вистина. Јас предлагам во оваа подкатегорија Билката да направи еден банер каде што ќе пишува фемина секс школо, исто како што беше банерот за концертот на Горан Бреговиќ. Така ем новите членови нема да трчаат да отворат нова тема со наслов ХЕЕЕЕЕЛЛппппппп ИтнооООО ееее итн, ем форумот помалку ќе трупа со офтопици. Значи банерот нека се појавува само кога се влегува во категоријата секс (ако е можно ова).

    Онтопик, кај мене на школо никогаш не се одржало апсолутно никакво предавање. За ништо, ниту за сексуално преносливи болести, ниту за нивна заштита, ништо буквално. Јас лично почнав да се едуцирам уште во основно обазование, мајка ми ми објасни убаво што и како. Се сеќавам знам имав лекција по биологија за размножување а мајка ми само го чекала изгледа тој момент, па ме седна и ми објасни убаво од почеток до крај. Потоа сама седнав на интернет и исчитав се што можеше да се исчита за оваа тематика.

    За тоа зошто се младите толку неинформирани навистина не знам. Ајде порано немале интернет, морало лично да прашаат, па можеби се срамеле, но денес кога се е достапно не знам навистина зошто постои олку голема неинформираност.

    Имав една ситуација на факултет, значи девојка сексуално активна вика абе се во ред, ама како мочкаат невините девојки? Ние останативе не знаевме дали се шегува или озбилна е. Излезе на крајот дека била озбилна, девојчето не знаеше како е изградена таму долу. А вистина е и она дека кај нас кога се спомне нешто такво, веднаш почнува некое хистерично смеење, не дај Боже некоја слика да се покаже сите почнуваат да се смеат и да се задеваат како да се прво одделение. И затоа потоа кога ќе станат активни излегуваат со онакви прашања.

    Јас да сум би вовела во школо уште одма сексуална едукација. И тоа уште од помала возраст, затоа што гледам сега колку новиве генерации се се понапредни и понапредни. Ама сметам дека и родителите имаат голем удел тука, мајка ми добро вели дека и тие биле деца, и нив ништо не му било јасно, па дека тие што биле отворени со родителите им било полесно. А и родителите мора да бидат свесни дека децата им растат и дека многу нормално е да почнат да имаат односи. Некоја феминка не се сеќавам која, некаде низ темиве рече дека родителите не треба да се плашат што нивните деца стануваат активни, треба да се плашат за тоа како тие ги потковале со некое теоретично знаење. Потполно се согласувам.
     
    Bozica1980, nena2010 and Phyramide like this.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2010
    Messages:
    4,832
    Likes Received:
    10,130
    Gender:
    Female
    Сексуално образование, дома и во училиште!
    Прво, мислам дека основата за сите размислувања и сфаќања на младите е од дома. Мислам дека секој родител мора барем најосновните работи да ги објасни на своето дете, без разлика колку интерес покажува детето. Тргам од себе, што сите работи кои ме интересирале, а и оние кои не ме интересирале, мајка ми ме седнала и отворено ми ги кажувала.
    Не можеш ти како родител, на твое дете од рецимо 14 години, да му немаш спомнато ништо за секс и работи поврзани со него. За мене тое е лош родител.
    Во училиштата е неопходно сексуално образование. Ова веќе е докажано, само кој да го спроведе... Децава колку и да се прават информирани и колку и да викаме дека напредни се генерациите, толку врска немаат од најосновни работи. И во случаи кога родителите не ги информирале децата доволно(што е очигледен случај со денешницата), да можат барем во школо да научат нешто.

    Единствено предавање во школо на кое јас се сеќавам, беше конкретно за женските наменето, кога доаѓаа и ни донесоа влошки, држеа предавања за женското тело, промените бла, бла... Се изненадив кога видов како мои другарки за првпат слушаат за тоа, првпат слушнаа како се става влошка, како функционираат јајници и сл. А на машките единствена лекција, беше часот по биологија. И до ден денес некои другари мислат дека женското добива еднаш во 3 месеци. |(
     
  3. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Joined:
    Dec 17, 2009
    Messages:
    994
    Likes Received:
    502
    Ова ме потсети на една случка со пријателка, образована, социјализирана, модерна...тогаш имаше 21-22 год ама без сексуално искуство и очигледно без грам сексуално образование. Во една прилика, седиме на клупа пред зграда со уште една нејзина братучетка (и двете сме постари од нејзе 2-3 години) девојчето се опушти па собра храброст и ни го постави следново прашање.
    Како може толку големо нешто да влезе во толку мал отвор? си помислив ова некоја безвезе шала е.
    И јас и викам, ај ти кажи ми мене - Како може од истото тоа место да излезе бебешка глава и тело? И почнав да се смеам. Се засрами, поцрвене и очите и се насолзија. Тогаш сфативме дека таа е всушност сериозна. И се извинив, па почнавме сериозно да разговараме на таа тема. Не можам да ви опишам колку беше неинформирана, а ние бевме во улога на просветители. Мене ми беше срам за нејзе, најискрено. Не прашав зошто и како не ги знае работите, ама до ден денес не можам да се изначудам.
    Затоа сексуално образование и дома и во училиште ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
     
    nena2010 likes this.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    20,919
    Likes Received:
    133,282
    Gender:
    Female
    ^^^ Секоја среќа па налетала на вас и све сте и разјасниле како што треба а замисли девојката да налетала на некои кои слушале све и свашта и и ја наполнат главата со погрешни информации. Замислете кои последици би ги имало по нејзиното здравје и нејзиниот животен тек. И јас искрено не знам зашто девојки се срамат или се плашат да разговараат со мајките на таатема, или пак мајки кои избегаваат да разговараат на тема. Подобро е да се вика ауууу секс скраја да е со мама ја за тоа не зборам, срамота е, а не е срамота после на 15 години да дојдеш дома со стомак до заби или па да одиш по абортуси нелегално и чуда да ти се случуваат. Од разговор подобро нема.
     
    Sweety-Tweety likes this.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,578
    Не е толку значаен момент изворот од каде ќе се црпат податоците колку што е страшна неинформираноста и последиците кои ги влече.
    Конкретно јас со мајка ми и покрај блискоста не се чувствувам пријатно да разговарам повеќе на оваа тема всушност взаемно ни е таков впечатокот и така било отсекогаш било нешто поосновно онака начнато,меѓутоа не би рекла дека мајка ми или некој од семејството ми бил достапен за ваков вид разговори.Уште на помала возраст ми објасни околу менструалниот циклус и ме научи како треба да одам на гинеколошки прегледи и покрај тоа што тие се чувствителна да не речам „болна„ тема ама здравјето т.е.неговото зачувување треба да се секогаш позначајни од непријатноста која ја предизвикува самиот преглед. Исто за ова сакав да напоменам се чудам како има девојки кои се со години сексуално активни, а никогаш не направиле ПАП, далеку од тоа дека сум параноичен хипохондрик, ама па и оваа крајност е претерана и оправдувања од типот - ние си веруваме, не менувам партнер - немаат врска со не дај Боже какви се‘ не компликации кои се јавуваат кај репродуктивниот систем.
    Во времето кога бев тинејџерка повеќе бевме на импровизации и лична потрага по информации бидејќи не беше се‘ толку на дофат на дланка како сега, ама изгледа токму достапноста ги оддалечува младите да се поинформирани - дали недоволен интерес, дали несериозен пристап и верување како нема тоа да ми се случи баш мене или не знам точно што е во прашање, меѓутоа неинформираноста е поразителна, дури и траги-комична на моменти. На еден друг форум прочитав како некоја мисли дека ако има анален ќе и се превртела матката наопаку :rofl: .
    Сепак мое мислење е не мора да се бара вината за неинформираноста нити во домот т.е. родителите нити во образовниот процес, бидејќи секој ако сака да се информира ќе најде начин, извори итн така да единката која се решила на секс треба да ги сноси сите последици кои тој чин ги носи, па и оние кои дошле поради неинформираноста, бидејќи вината за грешките зрела личност ја бара првенствено кај себе, а само зрела личност е спремна за секс, незрела и неинформирана за жал ќе учи на потешкиот начин.
     
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,102
    Не би рекла дека денешната младина е неинформирана за сексот. Глупавите прашања што се поставуваат овде не се мерило за тоа дали младината денес во целина е неинформирана. А далеку од тоа дека ние тогаш сме биле поинформирани...од каде??? Ретко кој разговараше со родителите околу тоа, интернетот тогаш се појави но освен yahoo mail не не интересираше друго, е сега тој што се интересира ќе си читне нешто од книга, ќе разговара со некој искусен или пак ќе си праша доктор.Не мислам дека тогаш знаевме се, и нас ни се вртеа милион глупи прашања во глава...само ни беше срам да прашаме и си ќутевме :$
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    20,919
    Likes Received:
    133,282
    Gender:
    Female
    Теодора, и тоа е еден вид на секусално образование, не се зборува со мајка за пози кои треба да ги правиш во кревет туку токму тоа, што е менструација, прв гениколошки преглед, ако не е слободна мајката дца разговара за бременост, абортус тука е геникологот.
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Joined:
    Dec 20, 2009
    Messages:
    4,220
    Likes Received:
    3,854
    Gender:
    Female
    Додека децава чекаат на мајките да им кажат што и како, веќе го искусиле на улица, во некој ќош или некое нечисто ВЦ |(
    Јас веќе во неколку наврати имам кажано дека сум блиска со мајка ми, и таа кога дојде времето отворено, прво ко на шала, ама знаејќи дека ќе ја сфатам, ми зборуваше за односот маж-жена. И сметам оти не застранив, не ја утнав, напротив, бев доволно информирана, не се шокирав, не ме болеше, не се разболев, и што е најбитно не паничам секој пат дали сум трудна или не! А децава за жал, веќе на 14 не се деца, и се толку необразовани тоа чудо едно |( Ама мене искрено не ми е јасно, мајките не гледаат дека децава сега побрзо растат? Па нека се разговара мајко му по дома, а не отпосле ќотекот, на ти ко сакаш стап :@ :lol:
    И гледам , велите за се, па фала богу јас со мајка ми не правев муабет која поза е најдобра и кој вид кондоми се највкусни :rofl: ама дека бебињата не ги носи штркот и дека не е баш безболно, е тоа да.
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    2,412
    Likes Received:
    18,409
    Gender:
    Female
    Информациите се пристапни насекаде, но повеќето луѓе интернетот не го користат за да се информираат за тоа туку за други небитни работи. Мене ми фалел отворениот однос со родителите, никогаш во животот никој не ми кажа Ирена ова ова ова вака вака вака. Искрено ми фали тоа премногу. Гледање љубовни сцени заедно со родителите? Ма поим е тоа! Инаку сум прилично фобична за пренесливи болести и имам читано многу. Особено одкога бев 2-3 месеци на пракса на гинекологија, е од тогаш мислам дека премногу видов. Родителот е должен да му објасни на своето дете, туку кај нас е тоа дека тие самите не сакаат да прифатат дека нивното дете ќе порасне и ќе дојде до тој чин. А и државава не сака ништо да превземе околу тоа, бар малку да го спречи процентот за несакани бремености. За пример тука во Лунд во скоро секоја дискотека ти делат на врата кондоми или во вц-ата имаш машина за кондоми. Додека во Германија одиш на доктор и кажуваш дека си сексуално активен до 22 години мислам дека беше има даваат бесплатни анти-беби пилули. Јас со ќерка ми ќе се трудам да бидам најотоворена, ќе и ги кажам и позитивните и негативните работи, нормално дека водењето љубов е најпрекрасното нешто и нема потреба од воздржуавње, само претпазливост многу би помогнала. Никогаш на мое дете нема да му кажам не смееш или не знам, само се надевам дека нема да почне рано рано како што прошитав негде на 12-13 години ете тоа малку ме плаши, зошто не си доволно зрел за да пристапиш на чинот толку рано.
     
    Gunshine likes this.
  10. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Joined:
    Aug 2, 2011
    Messages:
    341
    Likes Received:
    67
    Со мајка ми сум многу блиска, но повеќето информации ги имам сама прочитано или разговарано со другарки поголеми :)
     
  11. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Joined:
    Jul 19, 2011
    Messages:
    232
    Likes Received:
    101
    Можеш да го воспитуваш детето дома колку сакаш, колку сака нека чита информативни списанија или што и да е од неговиот памет зависи дали ќе му влезе тоа во глава или не, денешнава младина е стопати поинформирана од минатите генерации, па сепак не остана нешто што не направија од бес и од разгаленост (поголем дел од нив), затоа и самава идеја за сексуално образование ми е глупава, децава кога немаат општи познавања од други предмети, па од ова ќе имаат... Има интернет има стручна литература, кој сака да се информира, самиот ќе го направи тоа , кој не сака може секој ден блок - часови да има, па пак ништо да не му влезе в глава, затоа не гледам причина да се преполнува веќе и онака пренатрупаниот распоред, но и онака не сум нешто посебно засегната, си има надлежни па како мислат така нека прават
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    4,475
    Likes Received:
    5,437
    моето сексуално образование се градеше пола пола. Голем дел го добивав дома но и во разговор со другарките и пријателите. Татко ми беше тој кој ме учеше дека невиноста на една девојка треба да се чува. Дека сексот не е толку страшен но треба да се внимава. Дури и ми имаше донесено дома кондоми. Но татко како татко колку и да сака да биде близок неможе кога девојката е во пубертет, но единствено што можеше да направи за мене е патријахално да ме воспита и да не дозволи да направам некоја грешка. Се останато ми е од улица и разговор со другари, а подоцна и читање на гуглалот наш. Пред се сметам дека на едно дете сексуалното воспитување треба да му се даде дома во годините кога веќе станува зрело за своите потреби и желби без срамење и табу за она што не опкружува.
     
  13. anngelique

    anngelique Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2010
    Messages:
    2,817
    Likes Received:
    7,015
    Gender:
    Female
    Најпрво сексуалното воспитување го добив с разговор дома па понатака од поискусни другарки нешто читање лево десно и така..
     
  14. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Joined:
    Aug 28, 2011
    Messages:
    206
    Likes Received:
    73
    Дома, па ретко кој родител се чувствува пријатно да разговара за такви работи со своето дете и обратно, ретко кое дете би седнало да го слуша родителот како му зборува за тоа. Тогаш барем на училиште нека им воведат сексуално образование и нека поднаучат нешто, подобро отколку од порно-филмови.. Колку се тие едукативни |( Не дека од школо нешто ќе соберат, ситуацијава со децава е катастрофа, никогаш не биле понеимформирани во тој поглед, ама порано сексот беше табу-тема,па ситуацијата била далеку подобра отколку сега, изгледа се уназадуваме, а не одиме напред ..
     
  15. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Joined:
    Aug 12, 2013
    Messages:
    351
    Likes Received:
    580
    Gender:
    Female
    Сексуалното образование го добив дома,постојано со мене се разговараше,се кажуваше отворено што и како е.Заштитата беше пред се.
    Мајками е многу конзервативна личност,но кога беше во прашање сексуалното образование мислам дека несебично се ангажираше да ми објасни како една жена треба да се заштити при секс,и кога е најдобро да се има.Го практикував тоа.Мајками е докторка и постојано ми говореше дека женскиот организам не е спремен на секс пред 18 години.Што покасно тоа подобро.
    Горда сум на себе што во нитуеден миг не ги фрлив во вода овие совети.
    Таткоми маж ко маж,целиот ангажман и го препушти на мајками и немаше контакт баш со мене во врска со тоа.За дечковци знаел да ми рече, Ваки синче јас сум тука до тебе и те штитам,но мора да научиш и сама да се штитиш од луѓето.
     
  16. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    3,519
    Gender:
    Female
    Почнав да се едуцирам на таа тема преку списанија. Тогаш не беше многу развиен интернетот, а дома секако дека немав ставено. Во неколку српски тинејџерски списанија секогаш имаше по 4-5 страни на тема секс и секогаш ги читав, онака за да се информирам, не дека планирав нешто да направам. (12-13 години имав). А после тоа почнав преку интернет, а и со другарките зборевме за тоа. Секој кажуваше што знае и така сите дознававме што е правилно, а што не :)

    А сексуалното образование меѓу домашните сеуште е табу тема, барем според мене.
     
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    Да не отворам нова тема, прашањето ќе го поставам тука.

    Една НВО во Македонија, преку петиција бара да се воведе сексуланото образование во училиштата.

    Што мислите вие?


    Јас од секогаш сум била за! Наместо неифнормираност, не сакана бременост, абортуси, последици по живот, сексуално преносливи болести и слично, младината треба да биде едуцирана во што се впушта, кои се последиците и ред ред други прашања кои не можат да се одговорат со неколку ТВ спотчиња против абортус и семејни вредности.
     
  18. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Joined:
    Sep 9, 2013
    Messages:
    2,637
    Likes Received:
    2,021
    Gender:
    Female
    Искрено, иако немам богато искуство многу ми е богато знаењето на оваа тема, бидејќи од малечка (основно школо, се разбира не помала) ме интересираше и си читав, кога бев поголема ќе се осмелев да ја прашам и мама нешто и така. Може да се каже дека јас своето сексуално образование сум си го стекнала сама бидејќи на таква тема не сум правела многу муабет со другарките, а слободно се осмелувам да кажам и дека се тотални ќутуци на оваа тема, мразам да зборам на некоја тема ако соговорникот ме гледа како теле во шарена врата. Во средно во трета година имав другарка која прв пат од мене дозна дека постоел посебен мочен, а посебен вагинален отвор, т.е. дека не е еден ист отвор. :x
    Јас сум горда и благодарна што знам се што е потребно (и повеќе) уште многу пред да започнам со својот сексуален живот и не можам да разберам еден човек, поготово женско да не се интересира на таа тема уште во раната фаза на пубертетот, а повеќето се нели "спремни" на ваков чекор уште на 13+. Прво скокни па речи оп, навистина не можам да разберам сексуално активни девојки кои за сексот знаат само како да го применат и дека од тоа се останува бремена, од кои многу не знаат во кој случај колкав ризик има, па секој месец купуваат тестови за бременост. |( Тоа го правиш за себеси и барем денес има од каде да прочиташ и да дознаеш ако ти е срам да разговараш за тоа со повозрасен.
    Премногу изнапишав, ама се револтирам стварно на оваа тема. Ако сам на себе не мислиш, кој друг ќе мисли... :tmi:
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,997
    Likes Received:
    81,945
    Gender:
    Female
    Основата ја сеткнав од книги, списанија и од Интерент. И можам да кажам дека бев поинформирана од сите во моето друштво, дури имаше некои нешта за кои ме прашуваа.